1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мислев од храна, па се преиспитував ама брзо сфатив дека се од топлово, од потење.
    Ете и гледам тоа и другите пишале.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Те читам цело време, онака сакам да ти пишам, пошто добиваш совети дали треба, дали не треба да се почни од 4 мес, рано, касно и сл. Од педијатар ми е кажано, зошто се советува да се почни од 4 до 6 месеци нели, значи едно бебе треба да ја дуплира родилната до 6, ама има и бебиња што ја дуплираат порано, наводно тоа значи дека бебето достигнало "некој максимум" значи е време да се почни со дохрана. Секако нема од таа дохрана пак да качува по 800-1000гр месечно, не ни треба, треба најмалку до 1год возраст да ја триплира неговата родилна килажа.
    Значи чим е бебе задоволно, среќно, и да не речам не плаче, оти бебе ко бебе ќе си плаче така си искажува дискомфорт од други икс причини.
    А сеа да ти одговорам на тоа што праша, барем мое мислење, првата недела ако јадело 40тина гр, во втората недела еве изело пола тегле, продолжи оваа недела со пола тегле +/- 60гр, па од третата недела ако сака бебе оди и накај 100тина гр. А ориз и пченка можиш да понудиш, за полесно можиш од хипп инстант што се, пак ќе дадам пример, кога воведував кај првото дете ориз чист сакаше и три дена да давав ќе го јадеше, ова сега нема шанси чист, плука, па го смешав со веќе воведено овошје и си кркаше.
    А па сега со зеленчук што не и е по кеф, обавезно додавам батат и све е маф. Значи можеш да мешаш веќе воведен со нов вкус. На првото дете и брокула сварена, блендирана да дадев ќе ја јадеше, ова второто не баш, па пак додавам на пример компир и батат и на тој начин ја воведив брокулата.
    Ако имаш други недоумици, прашувај ме :), доста издолжив јас :lol:
     
    На lackygirl, DaisyDream и Kikikikiri0405 им се допаѓа ова.
  3. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    701
    Пол:
    Женски
    Те читам цело време, онака сакам да ти пишам, пошто добиваш совети дали треба, дали не треба да се почни од 4 мес, рано, касно и сл. Од педијатар ми е кажано, зошто се советува да се почни од 4 до 6 месеци нели, значи едно бебе треба да ја дуплира родилната до 6, ама има и бебиња што ја дуплираат порано, наводно тоа значи дека бебето достигнало "некој максимум" значи е време да се почни со дохрана. Секако нема од таа дохрана пак да качува по 800-1000гр месечно, не ни треба, треба најмалку до 1год возраст да ја триплира неговата родилна килажа.
    Значи чим е бебе задоволно, среќно, и да не речам не плаче, оти бебе ко бебе ќе си плаче така си искажува дискомфорт од други икс причини.
    А сеа да ти одговорам на тоа што праша, барем мое мислење, првата недела ако јадело 40тина гр, во втората недела еве изело пола тегле, продолжи оваа недела со пола тегле +/- 60гр, па од третата недела ако сака бебе оди и накај 100тина гр. А ориз и пченка можиш да понудиш, за полесно можиш од хипп инстант што се, пак ќе дадам пример, кога воведував кај првото дете ориз чист сакаше и три дена да давав ќе го јадеше, ова сега нема шанси чист, плука, па го смешав со веќе воведено овошје и си кркаше.
    А па сега со зеленчук што не и е по кеф, обавезно додавам батат и све е маф. Значи можеш да мешаш веќе воведен со нов вкус. На првото дете и брокула сварена, блендирана да дадев ќе ја јадеше, ова второто не баш, па пак додавам на пример компир и батат и на тој начин ја воведив брокулата.
    Ако имаш други недоумици, прашувај ме :), доста издолжив јас :lol:
     
  4. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Жолчка како се воведуваше. Бебе е 7+. За еден месец ќе тргнам на работа па морам да воведам, ќе немам кога. Мислам цел месец се воведуваше.
     
  5. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на исцрпен одговор и на насоки :hug:
    Бебе е весело после цицање, си полни пелени. Само што не качува килажа задњи 3 месеци.
    Се роди скоро 3.800 кг.
    На 2 месеца 6 кг.
    Од тогаш до сега (5 месеци има 6.800) само 800 грама качени за 3 месеци е мислам малку. Значи на 6 нема шанса да дуплира (треба 800гр да качи месецов што е неизводливо).
    Ги удавив сите по темиве со мојов проблем сложен :D
    И само затоа почнуваме.
    Ке давам така пополека. Ќе видиме дали ќе биде јадач или ќе се бркаме со лажицата :?::whew::)
     
    На Kikikikiri0405 и MartinaMM им се допаѓа ова.
  6. Mari_em

    Mari_em Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Те молам пробај повеќе протеинска храна ти да внесуваш и провери за недела дена како ќе биде. Мислам дека веднаш ќе приметиш разлика. Тој совет педијатарот ми го даде уште на самиот почеток и се покажа дека била во право барем во нашиов случај. Околу насоките со воведување храна кај бебчето сепак би те советувала да го слушаш вашиот педијатар. Тој најдобро покрај тебе го знае бебчето. Ако бебе прифати храна и нас ни беше речено дека за 2 недели од почеток со пробување на вкусови би стигнале до 120гр. што на оваа возраст се смета за цел оброк.
     
    На IRBBB, Kikikikiri0405 и DaisyDream им се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    8.359
    Пол:
    Женски
    Sto davate za vecera, 8m?
     
  8. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    Фала ти, навистина слабо јадам, доручек тост и јогурт, ручек што има, не вечерам. Ќе продолжиме и со вкусови, полека да воведеме доручек, си сака засега, за морков се тресе, ми ја граба лажицата :D
     
    На Mari_em му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    76.203
    Пол:
    Женски
    Да, ќерка ми на времето од белка се исипа, црвени ситни точки нареден ден избија.
    Од доктор добив совет месец дена да се почека па пак да се проба за да се види дали е алергија или нетолеранција. Да напоменам дека и дадов на 12 месеци, порано не е препорачливо. И плус се дава во мала количина, не цело јајце. Жолчка на 8 месеци постепено се воведува.
    Ја читам темава и некако гледам дека многу се брза со воведување храна, на 4 месеци се почнува, на 6 веќе воведување на работи што се даваат покасно. Доколку напредува бебето, нема потреба од брзање.
     
  10. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.567
    Допаѓања:
    16.861
    Пол:
    Женски
    Мајки давате ли млеко и ако да какво? Бебе е на доење јас не гледам потреба сега млеко да пие ама мајка ми запнала да пробал барем таман бил, се сум му давала само млеко не. И кога би му дала би дала козјо домашно имаме од кого да купиме ама јас тоа мислев после година, сеа ме замисли некако да му дадам :?:
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.427
    Допаѓања:
    22.254
    Пол:
    Женски
    Ако не носиш в градинка нема потреба ко си цица. Јас му дадов кравјо тетрапак битолско, гриз му варам со млеко, 2 3 пати неделата така. За да пие не му имам дадено не ни планирам ама во каши да. Исто и со овес му дадов. Варена каша со овес и јајце.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.272
    Допаѓања:
    33.441
    Пол:
    Женски
    За воведување на дохрана пред 6ти месец не сум ни јас, освен ако има медицински издржана причина. Но СЗО препорачува најчестите алергени (млеко, јајца, риба, морски плодови, јатки, пченица, сенф, сусам, соја) да се воведат меѓу 6ти и 8ми месец.
    Белка пред 12 месеци не е препорачливо да се даде само кај нас. Зошто, никој досега не ми одговорил научно поткрепено.

    Млечните протеини се големи и можат да направат оштетувања на гломерулите при филтрација на крвта во бубрезите. Идеално е кравјо млеко да не се дава до 2 години, оптимално до 1. За козјото не знам.
     
    На 1001Ana1001, LivingGlam, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    76.203
    Пол:
    Женски
    Ако СЗО препорачува, не значи дека е правилно :)
    За белката стојам на тоа дека треба да се даде на 12 зашто е зезнат алерген (страшен осип ни даде) и нема потреба на 6 месеци шок на организам на бебе да му се прави. Зашто има толку многу работи што може претходно да ги проба и јаде. Исто и медот е после 12 месеци, СЗО и за тоа ли кажува на 6 месеци да се воведе?
    Ама сепак, секој за своето најдобро си знае :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.640
    Пол:
    Женски
    А што е правилно? Според кои критериуми одредувате што е "поправилно"?

    Препораките не се од памет дадени, туку се базираат на бројни истражувања направени низ годините. Јасно е наведено зашто се препорачува алергени да се воведат што порано, а не да чека после една година за да се дадат.
    Тоа што ние како нација не сме отворени за промени и не прифаќаме ништо поинаку од тоа што не научиле пред 30 години е друга приказна.

    За медот инаку, после 12 месеци минимум се воведува и според СЗО.
     
    Последна измена: 31 мај 2024
    На Tiny Love, TammiB5, 1001Ana1001 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    А другите млечни производи - павлака, кашкавал, кисело млеко?
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    76.203
    Пол:
    Женски
    Па имаш еден тон табели на кои стои кога што да се дава. Педијатри и на времето и сега се со истиот став.
    Две деца израснав со таков ред, третото исто го растам, нема да му форсирам и давам нешто што и самата сметам дека не е во ред да се даде.
    ( Не е поврзано со темава, ама тоа фамозно СЗО и за вакцините за ковид препорачуваше да се примаат по три дози па сега гледаме какви страшни последици има од тие препораки)
    Не убедувам никого, си давам чисто мислење и став во врска со исхрана кај бебе од четири месеци и пред време давање алергени.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    8.359
    Пол:
    Женски
    Od 7 m
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    За кашкавал не сум баш сигурна дека е од 7 м.
     
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.567
    Допаѓања:
    16.861
    Пол:
    Женски

    Јас дадов грчки јогурт на 8, па павлака и сирење сега скоро. Немам дадено кашкавал уште.
     
    На Giiirl23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.640
    Пол:
    Женски
    Кој е потпишан на табелите што се вртат тука?
    Никој така, затоа што ништо официјално не е. Еве тргни го на страна СЗО, од кого се одобрени тие табели дека се "правилни" за воведување на храна кај бебе?

    За педијатарите, чест на исклучоци, ама треба многу да си го надградат знаењето почнувајќи од хранење од првиот ден на бебето, па се до методи на лекување.
    Педијатрите низ Европа, да не одам подалеку еве Словенија ќе ја земам за пример, не се согласуваат со нашите педијатри на темава за воведување на цврста храна кај бебе. Таму сите добиваат ист план на дохрана. Тука на кој како ќе му текне препорачува. А имаме и такви педијатри што советуваат дохрана на 4 месечни бебиња строго со купечки кашички (на одредена фирма) затоа што мајката немало да ја погоди конзистенцијата на кашата :^).

    Не убедувам ни јас, само дискутирам. Секако дека на крај секој ќе си тера како што мисли. Јас лично за моето дете одлучив да следам нови препораки што се поткрепени со годишни истражувања, што ги побиваат тие од пред 30тина години.
     
    Последна измена: 31 мај 2024
    На Tiny Love, 1001Ana1001, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.