едно прашање за тие со поголемки бебиња. бебето е 10 и пол месеци и има три оброци: доручек е овошје со житарки, ручек месо/мешунка со зеленчук и вечера најчесто некоја комбинација со нешто млечно. сакам да воведам ужинка, некое овошје измеѓу, па прашањето ми е дали треба доручекот да го заменам со нешто друго што повеќе ќе држи ситост и да давам овошје за ужинка? како правите и по кој распоред? бебето е на ад
I jas mislam mnogu e toa. @Kikikikiri0405 Mislam i tvoevo e kolku mojov, a jas davam po 50-60 grama, sega pocnuvam da nagolemuvam, ama max do 120gr dnevno.
Бебе ми одбива каша со кромид т.е само што и дадов како вкус да пробува нели.Вчера и денес батат тиквичка морков и кромид четвртина,ама плаче не сака да ја погледне ..Што да правам а веќе имаме доручок си јаде по 120г пд др каши.Како да давам кромид ?
Мн си и дала.Сигурно и лути кашата од кромидот.Крај краева ако не сака , не давај.Не е неопходен.Се користи повеќе како зачин, да даде малце вкус.
Дали некоја практикува бебе да јаде само? Таа BLW метода како и да се вика. И давам каши но некако повеќе сака да јаде сама, се граба по лажичката, кпга јадеме ние се тегне по лебот, по тоа што ние јадеме. Насабајле и давам каша ама не јаде нето wow количински па и го делам. 7 месеци ќе полни наредна недела, не знам како да јаш поттикнам да јаде поголема количина, како да и давам да јаде сама?
Јас те сфатив јаде вкупно 120гр ама делиш на 3 пати така? Мојата дава знаци кога и е доста..отвара уста за уште, а кога и е доста вади надвор јазик и стиска уста. Следи го и бебето, сигурно ти дава знак кога е доста. Ова со грамажава ок е за колку толку да се добие осет, јас не мерам прецизно, мерка ми е тегличка од купечките кашички. И јаде некогаш пола, некогаш на 2 пати делам. Е од навика знае да ми побара млекце после оброк, ама она сама си се трга пак. И до сеа фала богу ниеднаш не повратила.
Да, и мен ми беше чудно го прашав педијатарот таа ми рече неколку пати на ден ко почнавме со вкусови, јас давав по 3 пати, почнав со 10тина грама и по малку зголемував и за месец стигнавме до 120, пред недела и нешто ко бев пак на контрола рече колку бара толку нека јаде @DaisyDream да вие сте на 1 ние на 2ри @Cherry blossom89 не на едно јадење обично наутро е околу 80 на ручек 100 и ми бара уште нака отвара уста навечер 110 120 и тогаш и е мислам таман после саат јаде и мелко и толку се успиваме
Ама веќе недела така јаде не ми направила никаков пробелм само ко и дадов ориз ке пробам да и намалам да видам впрочем денеска и вчера јаде мн помалку каша а повеќе млеко а математиката е таа околу 800-900гр јадење на 24часа, до сега има веќе 500мл млеко испиено и 120гр каша, а пример петокот имаше 360гр. Каша и 400мл млеко во 24часа
Аа многу е тоа, рачунај ептен на почеток даваме по 2 3 лажици, и ти тука некаде со мене почна со вкусови, многу е тоа за краток период плус и малечки се стварно. Дека спомна да делам на 2 пати, ја затоа те сфатив дека таа доза ја делиш на 2 3 пати. Мојава јаде до кај 60 70гр дневно плус редовно цицање на 2 часа а за брзо е 7 месеци. Намали со јадењето, се прејадува.
Сега читав и во др група вајда само мојов педијатар така советува, ке гледам некаде 120-150макс на ден да и давам поделено на 3 пати ка до сега само незнам дали воа би можела како оброк да го рачунам и млеко како да и давам на колку време дека ама ич немаме ред со млеко дека ако ја оставам на некој да ја почува одма и нудат без разалика пто им кажувам дрка јадела пред пола саат саат да не била гладна
Оброкот е замена за млеко. Значи периодот кога даваш млеко го заменуваш со храна и даваш онолку колку што бебе треба да пие млеко одприлика до 150гр. Нема потреба да делиш на 3 пати. Ти даваш храна па млеко поале саат време стомакот бучкуруш е. Значи сабајле доручек станува и дај палента со слива Палента со јаболко Просо со јаболко Ориз со праска Палента со кајсија Не мора да се повеќе овошја за доручек. Јас на хип ја давам сеуште најситна е а после тоа ќе давам на др еткер ја има во жио некои 70 денари е.
Баш чудно педијатар вака да советува, ама се е можно. Цица твоето или со АД сте? Мојата е само на цицање..често бара на 2 часа ама знае и да се случи да се заигра па на 3 и нешто повеќе, а навечер и повеќе саати не бара. Пред некоја ноќ 7 часа не цицаше. Правила нема, секое бебенце за себе си е, мојава знае после оброк уште некоја мин да бара цице иако и нудам водичка ама не пие, дали 2 3 голтки. Можеби бара зошто и е навика плус како течност и доаѓа. Ама сама се трга, за 10мин некогаш ни толку, си се трга и знам доста и е. Не мораш после секој оброк да даваш млеко, ако убаво си јадела нема зошто. А за другите, нема што да даваат они, мајката си ти, ако кажеш дека е јадено бебето, за доброто на бебето не треба да нудат млеко. Не му прават добро ако се прејадува, баш напротив, тешко му е на желудничето и ќе повраќа. Сега па и топло, лесно треба да се чувствува а не прејадено.
Ние сне на мајчино млеко на измолзено навечер на 2.5-3 часа јаде така да ке гледам и денски да се водам така некако, и кај мене вода неколку голтки баш педијатарор ми рече ко ке почнаат да се воведуваат оброци млекото ке и биде ко вода затоа мн не ја форсирам за вода.
Да од таа. Стави една лажица, не полна со врв да кипа и околу 60 до 70мл вода топла и наеднаш истури ја и брзо мешај. Ако има повеќе вода ќе биде по ретка и нема да се прават грутки во случај да ти се направат кога ќе ја измешаш додади уште малку вода до саканата густина. Зошто како што е објаснето на кутијата испаѓа многу густо и не се ни раствара како што треба.
А не е прво млеко кога ќе стане па наредното јадење овошје со палента? Јас прво млеко и давам, па после во 10-11 саат и давам овошје со житарки. Грешам? Или индивидуално е?
Индивидуално е. Јас сепак се водам според градинка за да не и поместувам. Таму во 8 им даваат доручек во 10 ужинка(сок или чај) во 11 и 30 им даваат ручек во 14 им даваат ужинка(храна). Кај мене распоредот е сабајле доручек во 11 млеко во 14 ручек во 17 млеко и 20 последно млеко до сабајле. Ова ми се покажа најефективно до сега и така терам. Кога ќе почне во градинка нема сабајле млеко тогаш јадат они каши и да не и дојде промена наеднаш. А и млеко на 6м треба доста помалце да пијат.
A ako bara jadenje posle 20 h. Mojata vo 1 navecer i e posleden obrok mleko pocnuvame vo 7 I na 3 saati jademe najizmenicno, mleko ovosje, mleko, zelecuk I uste najmalku 2mlekado vecerta