Ги тргнавме со тоа што не јадеше од сабајле а се будеше навечер само што моево бебе во ниеден не плачело за млеко освен ако навистина е гладна. Има некои бебиња што плачат па малце е вознемирувачко за родител, а сепак не се гладни па треба тие неколку дена да се пребродат . Иначе во 08:00 доручек 11:00 млеко 14:00 ручек 17:00 ужинка 20:00 млеко (последен оброк) Има на инстаграм една wellrestedweeones почнав да се водам по нејзе уште од почеток со бебево има убави совети до сега не сме имале мака со ништо
Не мораш да го форсираш за парчиња ако планираш да го носиш во градинка зошто таму им носат блендирано или пасирано. Доста деца што имале почнале блв метода во градинка ништо не јаделе бидејќи се научни на парчиња, а не на каши. Има време кога да јаде парчиња.
Не е точно ова. Ќе научи детето каде се јадат парчиња, каде пасирано, попаметни се од што мислиме. Малата на @Pacient srna колку шо се сеќавам од 9м одеше во градинка, па јадеше комбинирано-дома blw, во градинка традиционална дохрана. И баш беше јадачка.
Јас зборам конкретно за децата што одеа со син ми во градинка кога почна. Негователките имаа проблем зошто добиваа нагони за повраќање од кашите и им требаше доста време за да се навикнат. Тоа е едно дете во 30 деца што се навикнало, а имаат доста родители проблем со тоа. Од една страна се збори дека е модерно и дека желудникот на детето не е развиен на 4м, а од друга страна на 6м се даваат парчиња. Има време кога да јаде парчиња и ако има заби во ред да се даде, ако нема заби нема зошто да се форсира бебе да јаде парчиња.
Од 6м Јас на 6+++ воведов грашак,домат(само без љушпата. Бисквити ти се 6+ можеш да дадеш или во каша да ставиш. Пилешко земам на холе тегличка за 2 дена, пола ја ставам денес пола утре.
Мислам дека не си добро запознаена со методот, blw не е давање на парчиња, а за џвакање не се потребни заби.
Мене ми беше препорачано купечки као дома нема да погодам густина и сл работи купив 1 за да видам каква е и си правам дома ко што викаат и др членки на прва дремка додека раскррвувам по дома ставам да се вари било што сум испланирала и само блендирам после. Купувам и јас кога немам ништо дома или немам време или некој ми донел ама мн ретко. Инаку јас еднаш не и ја испасирав убаво бананата и имаше нака нагон како за повраќање и од тогаш гледам се да и блендирам нема уште 6 и затоа мислам има време за парченца, планирав од кај 7 таман за в градинка ама незз дека и таму им даваат блрндирано. За држењето в раце сум најммогу против и сите мислам не си го сакам бебето а ништо не можи да научи плус на раат нема ништо по дома да аработиш така ама ајде Него земав на хип житна каша немаше палента и си јадеше со јаболко него пише на неа дека се приготвува секој пат свежа а мене сега ми остана бар 50тина грама напраив сп 100мл вода дали да ја фрлам или можам после да си ја искористам претпоставувам и со палентата и со др суви каши исто е. И на собна темература колку време чувате каши
Земав на холе кашичка пилешко , сега прв пат треба да воведам . Дали мешате со нешто неколку лажички како го воведувате ?
Мојата од не полни 7 месеци јаде пасирано.(крупно пасирано).Никогаш не сакала мазни каши.Од 8 веќе јадеше парчиња(месо,риба,леб,цели малини,цело зрно ориз,грашок).Заби немаше.
A dali moze pilesko na hipp, ama gledam ima domat kromid grasak vo niv a nisto od toa mu nemam dadeno do sega 6+ e , i kakva biskvita mozam da dadam , isto i koga mozam kakao i griz
Потврдувам и јас за ова. Мојот блендирано никогаш не јадел, кратко јадеше пасирано па премина на парчиња. Во градинка оди од 10 месеци, откако помина адаптација не можат да го донајадат, ручек јаде по две порции. Да дополнам, дома од околу 8 месеци јаде скроз сам, одбиваше да го храниме, а во градинка до скоро го хранеа негователките без да буни. Сега го оставаат и таму сам да јаде, дека усоврши употреба на лажица и вилушка.
Цреши од која возраст дадовте? Инаку денес педијатарот не советуваше да почнеме со вкусови и да јаде стрикно купечки каши. Сигурно не е поради тоа дали ќе ја погодам густината, 2ро дете ми е, барем тоа знам да го погодам меѓу другото. Советите за храна му се контрадикторни. Еднаш ми рече да наполни 4 полни месеци и почни. Следниот пат на полни 4 ми рече почекај 5 полни да направи. На последната контрола ми рече за една недела почни со купечки. И денес откако поминаа 2ипол недели од последната контрола и му реков дека почнавме, ме гледаше на криво затоа што детето немало 6месеци.
Имаш на хип бисквити од 6м и на лино исто. Можеш и на хип да дадеш али ако сакаш да дадеш месо како за почеток на холе ти е подобро зошто др намирници ги немаш воведено. Се прашувам само телешко месо како би го јадело доколку се дадени парчиња. Или било какво друго месо. За да се свари убаво во желудник храната треба убаво да се иситни и да се разџвака храната и тоа со заби, а не пак без заби. Тоа што модернизираат на бебиња да се дава храна за џвакање е друга тема. Има доста работи што не можат да се џвакаат со непца. Пак ќе кажам има време кога да јадат сами и кога да јадат парчиња. Да би можеле сите да јадат со непца немало да постојат вилици,заби и импланти.
Јас ќе ти одговорам. Мелено месо јаде мојот или ситно исецкано мевцето. Јас конкретно морав да преминам на парчиња и затоа што максимално одбиваше кашеста храна. Плачеше, ја туркаше храната, бегаше. Не преминав на парчиња од мода, туку од потреба. Плескавички од било што јадеше со сласт, палачинки/мафини обожаваше, омлет со што и да е исто. Го седнував на хранилка, му оставав сам да си зема и уживаше во храната. Напредуваше одлично и никаков проблем немал ни со желудник, ни со столица.
Ако е соодветно спремено и сервирано, може да се џвака и те како. Ние храната ја џвакаме со катниците, таман работа ако чекам да му никнат катници за да му дадам месо да џвака. (постариот син има 3 полни години, уште не му се излезени сите 5ки. Инаку месо јади од 6 месеци.) Пак ќе кажам blw не е само давање парчиња, blw е метод по кој дохраната ја "диктира" самото бебе. Blw апсолутно може да биде и само со каши, иако тоа не е поентата на овој метод.
За брзо сакам да и дадам на малава пилешко, ме збунивте сега, каши има такви? Кои, какви да барам? Јас па помислив пилешко да и сварам и нешто да и блендам со друг вкус, или грешам ако вака би направила?
Мајки ние почнавме со вкусови, 5++, почнавме со морков, бебе го сака, домашна каша, е сега јас дадов по 2 3 лажички вчера и денес, дали утре да ја зголемам дозата, или прво да ги испробаме сите вкусови па потоа да зголемувам, педијатарот ми спомна да дадам 2 3 лажички па после некој саат може и 10