Можеш и така ама да е домашно пиле. Ако немаш домашно тогаш купечки кашички со пилешко. Чисто пилешко само на холе има на другите фирми не 115ден е. Пробај вкусови од се па после ќе зголемуваш на количина и секако ќе ги мешаш.
А за прв пат да проба да ја измешам со нешто кашичката или чисто пилешко да му дадам неколку лажички ?
И педијатарот тоа ми кажа ама немам никој што би имал домашно пиле ќе мора кашичка. А холе само во ДМ ги има? И за овесниве снегулки, кога да ги воведам и дали само сабајле се даваат? Гледам убави рецепти па да знам кога да почнам..
,Уште ова .. вчера и денес за прв пат воведов млечни ( кисело млеко ) Дали утре да дадам пилешко или да направам пауза ? Или некој зеленчук да воведам место месо
Тоа што ќе остане од инстант кашите фрлам или давам на кучето. Ако оставиш да стои ќе видиш, менува текстура.
Здраво треба да почнеме со вкусови и педијатар ни рече или овошје или зеленчук. Е сеа ме интересира со што е најдобро да почнам прво? Го варам и после што? Ми кажа само со водичка да го разредувам да не е мн густо. Секој ден давам исто или секој ден различно? По колку лажички? Во денот по колку пати? Педијатар ми рече само почни со овошје или зеленчук го вариш и пасираш(можам да го правам во нутри булет?) И ако е густо додаваш зовиена водичка и прво да цица па после саат/саат ипол кашичка и да не е нешто со пченка рече. Фала ви многу
Здраво, 7 месеци сме и сакам да воведам жолчка 1/4 за почеток па ме интересира какви јајца користите, дали од маркет или има некои посебни Исто така какво кисело млеко давате.
Јас имам домашни. Ако можеш да набавиш такви, подобро би било. Ама ако немаш, дај од маркет. Подобро да јаде јајца од маркет отколку да не јаде никакви. Повеќето почнуваат со зеленчук, да се навикне прво на блуткави вкусови зашто не се додава сол/шеќер. Јас почнав со брокула за второто, со тиквица за првото. Гледај што најчесто јадете дома и фокусирај се на тие намирници. Има табели по темава ако ти вршат работа, разбарај ги. Можеш во нутри булет ако имаш поголема количина. Можеш и со рачен блендер, да пасираш со вилушка... можеш и купени каши. Јас овошните ги давав купени на почеток, зашто не сакав јаболка, круши и слично од маркет. За секој ден исто или различно, прави ко што сметаш дека е правилно. Некои мајки даваат три дена по ред од новата намирница. Други по еден ден. Јас давам по еден ден обичните намирници, алергените по два-три дена. Гледај само да е една нова намирница во денот, да не се повеќе за ако има реакција да знаеш од што е. Кога ќе имаш повеќе од една намирница можеш и да мешаш, не мора да е чисто. Ако сакаш да го осети вкусот чист, дај прво од новиот вкус па после можеш и мешано. Почни и ќе ти биде полесно. Колкаво е бебето? Чисто ме интересира на која возраст педијатарот ви рекол да почнете.
Eпа тогаш блендирај мазно, со повеќе водичка. Кон 6 месеци почни да му пасираш, да се навикнува да џвака. На почеток по некоја лажичка колку да се навикнува, после колку што сака. Немам искуство со бебе што сака да јаде многу, тоа колку сака кај нас се 5-6 лажички. Инаку мојот веќе цел месец одбива лажичка, сака со рачиња да јаде. Полни 9 месеци има, количински јаде малку... не дека не сум навикната, се снаоѓаме некако. Ама со водата мака е луѓе, од ништо не пие. Секакви шишиња, лажичка, отворена чаша. Сака само да се шлака. Што друго да пробам? Ајде цица, ама прежешко е за да не пие ич вода.
После 6м се воведува овес,спелта итн. Холе ги има само во Зегин 115ден е кашичката и е само пилешко. На хип и дм ти се мешани со други работи. На сабајле можеш овесот, а навечер гриз,бисквити да даваш кога би имале вечера. Јас не давам глутен зошто е интолерантна кај нас не се одрази со осип на кожа туку пискаше и плачеше 3 до 4 саати после јадењето со глутен. Извини не сум видела дека си ме прашала.