Гледам од 8 месец можи вафли да се дава според бебе готвач, ама некако шубе ми е. Дали имате давано и дали само бебе да јади или вие им давате?
Јас не практикувам блв, хранењето знае да потрае и до пола час зошто некогаш намерно не ја отвара широко устата и по малку ја полнам лажичката. Во периодот на вадење заби се' беше лом зошто додека јадеше ги ставаше рацете во уста, па потоа се фаќа самиот, па трла очи фаќа коса... сега е 10ипол мес и ретко ги става рацете во уста се случува и воопшто да не извалкам ништо само да го измијам лице и во ред е.
Можеш да пробаш, вафлите се меки и лесно се снаоѓаат со текстурата. Прави ги помалечки, ама доволно големи да држи во рачиња. Јас на 8 месеци веќе му давав палачинки, потпечено лепче, меко овошје, варени брокули... многу намирници на парчиња. Не сме стриктно блв, не знае кај тера бебево мое, ама важно од лажичка бега па мора да се снаоѓаме.
И моево не е некој ентузијаст за јадење. Си велам да пробам можда така појќе ќе јадит само шо многу ми е страв со парчиња.
Наполни една година пред неколку дена. Од млечните најмногу грчки јогурт сака и скоро секој ден јаде. Дали морам да дадам кравјо млеко? И кое го давате или ете ставате во рецепти?
Aj прво расчитај се за да знаеш да препознаеш што е давење а што не. Пример може да се закашла, да прави ко да се гади и да ја враќа храната - тогаш не преземаш ништо и не е страшно. Изгуглај убаво за да знаеш како да реагираш во разни ситуации, па ќе почнеш. Не е страшно, кога-тогаш мора и парчиња да јаде, само ти треба да бидеш спремна. И покасно да почнеш со парчиња, пак мора да бидеш информирана за да знаеш да реагираш.
Како правите вафли/палачинки,со или без јајце,нели белка се препорачува после 1 година,или оние плескавички со тиквичка
Јас белка некаде на 8месеци дадов. A иначе му имам правено пред тоа ќофтенца со компир,морков, брокула, карфиол варени па изгмечени, малку маслиново оформуваш ќофтенца и печеш 15-20минути на хартија за печење.
Здраво по кој редослед воведувате жолчка? И со што да и ја дадам првпат? Палента не сака, не сака ни да намириса.
Мајки ние сме 7 месеци и на ад. Колку оброци имаат бебушките на таа возраст? Имаме доручек ,ручек ,вечера ,ама и доста ад млеко пие На кутија пишува 3х210 ама ние знаеме и повеќе да испиеме Дали треба да му воведам и ужина?
Јас давав прво два дена по 1/8 после по 1/4 па пола еден ден пауза и после тоа цела. Пробај со банана или авокадо.
Кога дадовте спанаќ и дали од замрзнатите или свеж? Според една табела видов на 6 месеци ама да не е рано тоа за една недела ќе сме 6 месеци. Да го комбинирам со морков, ориз. Исто и пашканат кога дадовте?
Здраво на сите за кратко треба да почнеме до вкусови, со полни 5 месеци и од педијатар имам препорака да почнам по следниов редослед да давам: тиквица, брокула, карфиол, морков, компир, батат.. нешто вака. Сакам да прашам кога би смеела да вклучам и овошје, овес можеби исто, и со што од овошје и сокчиња се почнува?
Јас пашканат дадов. Гледам на Хипп има 4+ , значи смее (си викам тие што стојат зад Hipp, сигурно нешто знаат ). Дадов со компир, карфиол, и тиквица, манџа бучкуруш, ама ја сакаше За спанаќ не знам, нека каже некој. Кога сакаш. Они викаат прво зеленчук, демек ако проба овошје благо, нема да сака солено. Ама врска нема. Бар кај мене. Претежно овошни каши јадеше, па сега еве зеленчукови маф ги прави. Иначе смееш следново: Морков Сладок компир Тиквица Тиква Јаболко Крушка Кајсија Праска Слива Банана Авокадо Брокула Карфиол Пашканат Компир Манго Лубеница Од житарки без глутенски (ова понатака, сега прво само овошје зеленчук): Просо Палента Ориз. Ете ова ми е од форумов собрано знаење