Смее и диња, не знам како треба ние од утре стартаме со основните ама имаме дозвола од педијатарот за лубедиња после основните
Не сум дала уште, ја изедовме Следно купување ке му дадам. Од рампа таму продаваат нема утка. Не ми се ризикува од друго место. Иначче да, во тие цуцлите планирам. Така и бананче му давам, се слади ужива. Инаку и јас сакав да прашам просо какво да земам, не сум користела дома никогаш, знам се кисне дека од вечер, а како што врска немам. Ова на Холле го гледав, ама ме буни дека има млеко. Какво млеко си викам, да не е кравјо. Па кој знае нека не просветли
Ова не сум го пробала. Јас со ова воведов просо. Три житарици има, ама ориз и пченка најчесто први се воведени. https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-kasha-so-3-zhita-oriz-pchenka-proso-6-meseci-250-g
Немојте да се ориентирате по бројките на кашите.4 не значи дека може од 4 месеци да се воведе риба,домат и др што пишува на кашите.Туку дека структурата на кашата е доволно мазна за бебе на таа возраст.
Zdravo Dali tie sto se vodite po blw, voveduvate edna namirnica 3 dena? Nekako se osekjam kako da kasnam so voveduvanje na novi namirnici, pa mi treba pomos, Bebeto e 9 meseci, se trudi samostojno da jade, pa mi treba pomos za nekoe meni. Na sto przite koga pravite vafli i pleskavici? I dali jajce celo voveduvate, ili samo zolcka? Pls za sovet
Просо земете си во цело зрно, има во ДМ. Лесно се вари, ќе ставите повеќе водичка од напишаното, ќе варите подолго и доволно е меко за да не мора да блендирате. Спанаќ дадов откако воведов млечни, зашто секогаш се комбинира со кисело млеко / јогурт / павлака. Исто, треба да го вариш (не на пареа) и да ја фрлиш водата, не да ја употребиш за кашата. Ова е поради оксалати.
Дали е добро 2 дена еден вкус па 2друг и 3дена пауза? Или како е подобро? 5м сме Пс така планирав пошто во четвртокот последно е какан во сабота почнавме Саб недела еден вкус Пон вторник друг ама не какаше и денес не се покака па со чепче едвај душиче и затоа мислев да напраиме пауза се доиме инаку Стаив чепче пошто на меше кога ќе го легнев плачеше а не му било проблем на меше до сега
Јас дојдов Денес стартаме со кашички, план ми е јаболче па имам 3 прашања 1. Кој вид јаболка да го земам жолти зелени црвени или нема врска? 2. Дали да понудам водичка од старт или тоа после цел оброк кога ќе почнеме а не 2 3 лажички 3. Дали е можеби попаметно био кашички од ДМ наместо овошје зеленчук? нели не знам кои од каде се прскани непрскани, имав едни 3 јаболки заборавени дома месец ипол не скапаа,не мрднаа ко восочни па малце црвот ми влезе Бонус прашање, педијатаров ми рече да давам во 16ч каша како ужинка ама па ако појави алергија на било што зар на ноќно треба да одиме во болница,или не се оди за исфрлање од храна ? во колку саат дававте вие од старт за проба? сега сфаќам дека сум неука на темава ептен и иде паника
Јас давав од старт вода со лажичка поише ми ја плука од што пие, а јас давав неколку пати на ден по 3 пати,така ми кажа педијатар ама нови намирници само насабајле после прва дремка кај 9 пошто рано наутро не јаде ништо. Инаку јас си правам дома, освен ако треба некаде да одам или немам ништо дома.
Не сум нешто многу искусна но ќе споделам како јас правам, можеби ќе помогне 1. Јас пробав со двете чисто да почувствува покисело и поблаго, ги прифати. 2. Водичка ме советуваа да и дадам лажичка-две после кашичката колку и да изела, да и се исплакне усната празнина што се вели и така правев првите денови, потоа ставив во шише и бебе покажа многу интерес. Уште немаме оброк оброк а јас и давам колку сака. Кога е многу топло и нудам и во текот на денот, кога ика или додека шетаме. Многу се радувам што сака вода. Понудив и сокче ама не сака воопшто. 3. Јас почнав со кашички на хип, така ми препорачаа (овде еден shoutout што во аптека трпеливо ме чекаат да ја исчитам цела декларација ) а еве месец дена подоцна и подготвувам и дома. Да, прскано е ама и неизбежно дека за два-три месеци ќе немам контрола над тоа што јаде, колку и како во градинка а не па какво... Мијам добро, лупам повеќе од што треба, варам долго и досега мислам дека добро се снаоѓаме. Бонус: Јаде 2 часа по прво цицање наутро со отстапки. Се надевам дека помогнав
Добредојде 1. Па мислам дека жолтите и црвените се поблаги а зелените покисели ( мое мислење). 2. Јас и давам вода со лажичка од старт, 10 минути после пробување на вкус. 3. Јас почнав со готова кашичка од морков, тиквица и сварив дома, ги прифати и домашните каши и купените. Тешко дека во денешно ќе најдиме нешто непрскано освен нели сами ако го одгледаме, за неа земам био ( колку се био не знам) и до сега немала реакција. И давам обично после прва дремка, неколку лажички за почеток, да проба уште некој вкус и планирам да и воведам оброк. Покажува интерес за јадење, отвора уста ама уште ми е страв да и давам колку што сака
@Thor @Nataliii фала мајки, пробавме за старт јаболче 2 3 лажички мислам изеде, демек извадив јас 5 полни ама ми се виде на крај многу, земав готова био од дм за денес, на неа пишува 2 дена во фрижидер а денес ни 4тина не искористивме за проба, за од утре земав јаболчиња за варење ама ќе терам и утре од оваа да касне. Водичка му се згади повеќе од кашава. Е сега прашање, дали прво пробуваме само овошје да го поминеме па потоа зеленчук ? За морковот прашувам конкретно
Да обавезно пред да дадам ќе изгуглам да се информирам. Таман од вчера сме на одмор па дури сме на одмор малце ќе истражувам кога ќе се вратиме ќе пробам да му дадам.
Мајка, јас прв пат и дадов црвено јаболче, зелените се кисели, може нема да прифати ко за почеток. За водичката, пробај после оброк, дали со лажичка, дали шише или не капечка чашка. Јас пробав прво со шишенце, ама не пиеше, повеќе плукаше. Дури сега нешто почна повеќе да пие, мада чудна и е водата. Ќе и земам и некапечка чашка па и така ќе пробам. Биди само упорна секој ден по малку, и ќе почне да си пие. За овошје/зеленчук ние земаме од Тинекс, реално и Веро има квалитетно овошје и зеленчук, бар ние што сме земале, или евентуално од маалска пиљара земаме. А за кашички холе и хип до сеа супер ги прифати. Терај си и со кашички, и такви нека си пробува. Јас 90% до сега и готвам домашно, ама знам и кашичка да и дадам за проба. Е сеа, твоево рано станува, вие можете ред да фатите, јас нема шанси, мојата не станува рано, и ние теравме после 12ч да проба вкусови, вие можете и порано, нека цица па наместо следно цицање дај му вкусче да проба. Инаку, кога ќе испразниш една тегличка, зачувај си ја, и кога готвиш домашно нека ти служи како мерка, ставај си во неа од зготвеното, а со готовите, издвој си колку мислиш да јаде дента во посебнава тегличка што ја зборам, а другата стави си ја во фриж.и може и утредента да си касне. Јас обично менувам еден ден овошје еден зеленчук, ама знам и да затерам 2 3 дена зеленчук или обратно. Ама мојава веќе има оброк, така да друго е. А ти, дека сега почнувате со вкусови, барем по 2 дена пробувај по еден вкус, да видиш да не има реакција, па после тоа друго нека проба.
На 7 месеци, колку гр.дневно треба да јаде бебето? Колку мах? Мојава сè што ќе види ние јадеме, отвара уста, па да знам колку да и давам, а да не ја прејадам.