Мајка и ние сме неуки на оваа тема. Мене педијатарот ми напиша список по ред што да давам, морков, ориз, јаболка, тиквица, круша, значи наизменично зеленчук, овошје. Ориз пробавме не го сака, зедов готов на Хип, но не го сака за жива глава. Јас давам 3 4 лажички, обично после прва дремка, околу 12, 1 (бебе ми спие до 9, 9 30) па така му доаѓа. Вода и моето не сака му нудам кога како, се мршти плука се надевам ќе ја засака. Откако ќе проба вкус после половина час давам млеко. Не знам и јас како да зголемувам доза, како да воведам цел оброк кога сега само пробуваме, дали откако ќе испроба се па веднаш цел оброк, да не му дојде многу. Инаку јаболка зедов готова на хип, и ја давав 3 дена така пишува да се употреби до 3 дена.
Јас денес и дадов со палента и грчки јогурт, бога ми се изнајаде. Пробај. Едит: планирам проја да направам, да ставам, па ќе видиме.
Утре прави 6 месеци, за проја и јајце ни е рано а и млечни продукти немам воведено но ќе пробам со палента само. Фала!
1.Како давате нов вкус? Мешате со веќе нешто воведено или посебно? Пример утре сакам да и дадам сладок компир, може ли да го измешам со тиквица? 2. После колку време од пробување вкусови воведовте оброк? Заинтересирана е за јадење, денес изеде 90гр каша од јаболко, кога јадиме ние и она отвара уста
Ако е бејби спанаќ го сецкам поситно, го обарувам додека врие вода, цедам и додека се вари палентата го ставам дирекно. А со замрзмат ако немам свеж, го одмрзнувам исто во вода додека зиврие, го цедам и дирекно пак во палентата. Го мешам дирекно со јогуртот и сака да јаде, некако без јогурт, не ми иде спанаќот. Едит: го воведов покасно на 7 иако од 6 ми го препорачаа, бидејки тогаш и воведов и јогурт негде на 6+++
Ако има некоја мајка на која малото не смее да јаде млечни производи, ако сака да ми пише приватна порака. Сакам да се консултирам нешто околу тоа.
Да можеш да мешаш нов вкус со веќе испробан. Инаку вие сте скоро до оброк, отприлика оброк за на 6 мес возраст е мала кашичка од 120гр. Се разбира некое дете ќе јаде повеќе, некое помалку. Моето на 3та недела пробување вкусови почна да јаде 100/120гр и веќе сметав дека е оброк. После со тек на време наголеми на 150/180 и сега од ко почнаа жештиниве има денови едвај 100гр јаде а не е ни гладна. Инаку ќе прај 9 мес уште малку.
Кога и како воведовте белка? Сакам да му воведам преку палачинки. Може така, или мора постепено и со помала количина да се почне?
Фала ти мила. 2 недели веќе пробува вкусови и си викам да не и дојде многу, да не ја боли мешето после ама вчера беше супер.
Мајки ако може помош. Денес бебе прави 6 месеци. Се водам по листата што кружи низ темава и за овој период е баш долга ама со специфични намирници. Праз и кромид како и во што? Боранија зелена или жолта? Може да се даде посебно или мора да се комбинира и со што? И каков јогурт и павлака дадовте прв пат на 6 месеци?
Мојата е 7+ и кромид и праз не сум и дала, некаконми се тешки и за нас а камо ли за бебе. Грчки јогурт и дадов прво и павлака здравје радово. Ситр намирници тој период ги давав со нешто веќе пробано, но сепак да одговара по вкус. Пример грашак со компир, грчки со палента, па по некој ден павлака со палента. Карфиолот одамна и го дадов со ориз,компир.
Izvini sto se nadovrzuvan pavlaka obicna ko nie sto jademe nema nekoja posebna mislam pomalku poveke maslenost i za jogurg isto treba da se vnimava koja maslenost ili? Deka grcki jogurt nemam nikogas probano i iskreno neznam ni maslenost ni na vkus ni nisto jas obicno koristam bucen kozjak ili bitolski ili megle
Прашање, денес 3 ден од прва проба на вкусови, јаболче уште денес. Од малото тегличе остана од прилика пола, а многу му се допаѓа на секоја лажичка се радува и прави ммммм дали смеам да му дадам да ја изеде или многу е 60гр за проба пак да дадам 3-4 лажички?
Здраво Тор. Сакам да те прашам што се имаш дадено, бидејќи гледам моето и твоето на иста дата се родени Малку заглавив со што и како да дадам наредно (сите листи што ги имам различно пишуваат).