Кај мене почна после недела да си јаде по 70-90гр. Штом сака давај. Кога нема да сака е маката. Сами знаат кога е доста, мојов кога ке се најаде затвара уста и после никој и ништо не може да му ја отвори
Nema za sto izvini, tuka sme da si pomogneme. Inaku jas i dadov prv pat grcki poso mi e poneutralen od standarden jogurt, ne e kisel, gust e skoro ko kiselo mleko. Poradi toa i dadov prvo takov poso ne sakav da ja skiselam, pa da ima odbivnost. Grckiot jogurt go ima so nekolku nivoa na maslenost isto kako i site drugi jogurti. Jas i dadov od onoj na imlek i iskreno ne ni znam kolku e maslenosta. No negde procitav deka ima mnogu malku nutritivni vrednosti, pa sledno ke i kupam od drug proizvoditel. A pavlaka da, onakva kakva so nie doma jademe, vo caski. Nema da se orientiram prema nekoj poseben proizvoditel kaj pavlakata, mojava nekako mnogu poubavo ja prifati, valjda deka e pogusta kako materija. Dopolnitelno, jas licno imam problem so slatko mleko i jogurt, a bez problem jadam pavlaka, grcki i drugi mlecni proizvodi, pa se vodev malku i po toa sto sekako nemora da znaci.
Здраво Јас давам по оваа листа и има пробано сѐ од 4 до 6 месеци а од намирниците во графата 6-8 има пробано слива, кајсија и грчки јогурт, денес дадов со палента. Оризот го давам со зеленчук (тиквичка, морков, брокула) а просото со овошје (јаболка, круша, праска, слива) Добив совет да не брзам со праз, кромид, целер и пашканат па тоа ќе почека.
Дааааа ѝ се допадна и многу ќе ми олесни да немам чувство дека давам тоа па тоа, сакам да го мешам со овошје. Колку пати неделно смее млечно?
Јас имам сега проблем со бебо, не сака да цица за жива глава ако не е пред дремка. Пишував и прашував за совети во други теми. Од цицкарка се префрли на храна. Јас се водам еден ден сладок, еден солен доручек. Претежно солениот е со павлака, грчки. Ако некоја од мајките има др предлог нека пише.
Да, почнавме со месо и сега постепено и др млечни ќе и воведувам. Несолена урда и младо сирење. Малку и на психа ме удри со нецицањево но тоа е.
Pcenka so sto kombinirate, nemase palenta pa zemav takvo i davav nautro so zelencuk nesto amanezz dali bi odelo i so nesto mlecno
Пилешко како давате ? Изблендирав ама останаа парченца и не го сакаше. Исто и телешко може ли да се свари поголемо парче, да се смрзне и да се вади по потреба?
Јас првите 2-3 пати го бленирав месото со рачен блендер. Потоа продолжив да го кинам на конци, ама моите од старт јадеа пасирано и не беше проблем. Инаку можеш да свариш исецкано парче телешко и да го замрзнеш. Можеш и цело поголемо да го свариш па пред мрзнење да го исецкаш ама првиот начин побрзо ќе се свари месото.
И се допадна и немаше реакција, за некој ден сакам да пробам со овошје бидејќи мислам дека така уште повеќе ќе го сака
Мајкички, бебе е веке 6м. Според списоков , смеам ли да давам спанаќ, месо и грчки јогурт итн.? Некако се си мислев месо подоцна се воведува, исто и за млечни, овес... И дали тоа значи и ручек дека ќе треба да воведам ако давам месо? Или да терам вака уште овој 6ти месец само со доручек, да дадам овес грчки јогурт, па од 7ми со мевца да почнам и ручече, и по колку грама месо, колку зеленчук? Thanks
Мене педијатарот ми кажа млечните и месо од 7 месеци , јас започнав неколку дена пред да направи 7 месеци тогаш воведов и ручек. Другото све по табелата според истата се водам и јас
Кој каши имаат поголем избор да не лутам по маркети за на одмор ми се а немам услови за готвење таму бидејќи сме во хотел
Девојки ПОМОШ, очајна сум. Пред 10тина денс почнавме со вкусови, на негови 5,5 месеци. Буквално не сака ништо да проба, сѐ плука не успевам ни едно две лажиче да дадам. Со триста маки толку. Проба, морков, компир, јаболко, тиква….за сѐ е истата реакција. Пробав и гладен кога е и како ужинка, не бре брате јазикот надвор го стега и не можам ни лажече да внесам, а да не го повредам. Ако сум упорна почнува да плаче па престанувам да не му напраам отпор уште толку. Што да правам, имате ли некој совет што и како да пробам? Не сум паметна веќе, ваљда една работа треба да му е вкусна… Ве молам помагајте, секој совет е добродојден. П.С. На формула е, снемав млеко на 4 месец