За да не биде се исто,јас би ти препорачала,да ги правиш кашичките поедноставни. На пример овошната нека видат три овошја,или две и ориз или просо утре со друго овошје и нема да е се исто.
Комбинации (чисто може како идеја на некој а може и некој мене идеја ќе ми даде) Морков и јаболка Морков и пашканат Морков пашканат и ориз Морков пашканат и брокула Морков брокула и ориз Морков и тиква Морков тиквица и кромид Морков брокула и кромид Пашканат брокула ориз и кромид Тиква и јаболко Јаболка и круша Јаболка морков и ориз Слива Слива со палента Палента Банана Банана со јаболко Авокадо Авокадо и банана Праска Кајсија Овошните- не секогаш со кокосово масло Зеленчуковите со маслиново масло. Тоа е отприлика.Може нешто и пропуштив ... Следно планирам постепено Бујон од телешко додадено на зеленчуковите па полека и телешко (домашно гледано теле) како и блитва и спанаќ како и цвекло. Некои од вас со искуство со домашно петле? Кокошки никој не дава .... Ние сме 7 + месеца. Нешто идеја башка?
Majki skoro pocnav da i davam jabolko i krusa,pa me interesira sto drugo mozam da i dadam inaku uste 2 3 dena vleguvame vo 5 mesec ?
Rano si pocnala ali mozes veke i sliva, morkov, tikva, kompir i tikvica. Ne mi teknuva sto dr za pocetok ali davaj po 2 vkusa nedelno max i taka ke teras so ovie eden mesec pa posle toa od 6ti mozes i paskanat, brokula, batat...
Мами денес сакам да дадам жолчка, па да прашам дали може да ја искомбинирам со цвекло, амарант, брокула, компир или ќе му биде многу?
Мајки опрајте ме педијатарот м ирече да воведам трет оброк, млечна каша, онаква од кутија за навечер пред последното млеко. Читам по кашиве на 100 грама оброк 20 грама јаглехидрати. Му треба на бебе толу шеќер? Што давате навечер? За 5 дена полни 7 месеци и до сега има 2 оброка, наутро овошје, за ручек зеленчук.
Мајки има ли некоја од вас да дава јачменова трева? На колку месеци после година воведовте белка, сусам, малини ?
Па да, многу шеќер е. За да воведеш млечен оброк треба и да ви се воведени млечни производи. За да не бидат само готови зашеќерени каши, опција за вечера е палента со урда или кисело млеко, житарици или лепче потопени во јогурт и слично. Јас за вечера давав и погуст гриз сварен во вода па додадено ад млеко, рендано јаболче и цејлонски цимет. Малку покасно, од 9 месеци почнав бисквити и млеко (со банана), или некоја од инстант кашите, но балансираш....ако една вечер си дала слатка каша, утредента "солена". Искрено, мислам малечки сте сеуште за трет оброк, но сепак вие најдобро си знаете како напредувате. @Mi-Ma на 150мл вода стави една супена лажица просо, и откако ќе зоврие уште десет минути нека се вари. Вишокот вода на крај процеди го. Јас комбинирам и за доручек со овошје, и за ручек со зеленчук исто како ориз.
А компир ? Незнам за кромид? Се дава ? Сите комбинации може и со компир. компир морков компир морков брокула компир тиквичка ... и тако даље Бујон давам од 6 месеци (лажам му фалеа 5, 6 дена до 6месеци) ама ми препорача педијатарот. За кајсија и праска ми кажаа подоцна да ги дадам, сега можеле да предизвикаат алергија, ама пошто секој кажува различно (два педијатри не кажуваат исто) ќе размисам уште колку да чекам.
Ето видиш сум го пропуштила компирот...мада и не толку често го давам а е одличен за во зеленчуковите каши. А за се друго...а бе хаос у глава ни направија и педијатрите а богами и интернетов
Абе секој знае најдобро и неговото е правилното. Покрај педијатрите си ја имам и мајка ми да коментира и свеќи и се нешто требало да се даде а не е дадено или нешто не требало а се дало. Едната вика мн воведуваш другата малце. Педијатаров трета прича.... И на крај мама става точка и си тера по свое (не претерано нели) А компиров е топ мислам дека можеш и со црвениот да пробаш. Да не е се истиот. А ја ќе пробам од кај тебе пашканат. Како не ми текнало А за житарки како кога се воведуваат некој да не знае ? Педијатаров спомна после 8ми ама некако не ми е за после 8ми. Мада јас имам дадено гриз и малку ставам во овошните кашички плазма. Некоја идеја за рецепт со житарки да не скроам бесконечно по темава ?
Само ориз,просо и киноа се даваат од полни шест. Се останато содржи глутен и е после 8 ми.(јачмен,рж,овес,пченица)Убаво ти кажал лекарот. За плазма сте мали содржи мед но твој избор е тоа.
Ќе прекинам со плазмата. И ќе си ги набавам овие три намирници. А за гриз што мислиш ? Ми викаат дека е супер за доручек со млекце ? Фала на советот
Ако немало реакција од плазмата, немора да прекинуваш, само поретко, содржи шеќер а поубаво за почеток да јаде само природни шеќери. Гризот е супер но е од пченица така што е со глутен, почекај и за него. Почни си со ориз, палента, просо...како што ти спомна и Џој.
Ќе си набавам, да менувам нешто во доручекот да не е само овошје (јаболко, круша, мн малку банана - поради проблеми со запек). Останатите овошја ни се забранети. Биле алергени, треба да почекам. Али затоа со зеленчукот растуривме. Се си сакаме и си јадеме. За чудо најмногу сака морков.