На твист шејк во еурофарм аптеките имаш да си полниш ти. Пример блендираш и ставаш во нив се перат и во машина за садови. А тие од дм се за еднократна употреба.
Ако е з аовие јас ставам банана пример 2 парчиња колку што собира или едно и она си стиска со заби. Праска нектарина дадов по мека беше ја излупив и ја ставив на парчиња ама не ситни.
Женски со втор оброк кога почнавте? Бебе е точно 6 месеци. Со вкусови почнавме 4+++. Веќе две недели има доручек. Денес на контрола матичен ни кажа да воведеме ручек. Две недели зеленчук+житарка, а после 2 недели да воведеме и месо, маслинов, путер.. Ми се виде рано, да не го претупанам малото меше негово? (На доење сме ама од 3месец до сега 6ти месец, само 2.100 има качено, не ја ни дуплиравме родилната тежина, пола кг помалце од тоа има, 7.100кг е, а требаше 7.600 за да се дуплира). Загрижена сум до даска.
Јас почнав со 4 месеци на 4++ имаше доручек на 5++ дадов ручек и тоа сосе месо. По 700гр на месец качува што сте во долна граница. Не е ни страшно толку. Ако те советувала да почнеш и ручек тогаш почни. На 7м воведов и ужинка. Риба се препорачува од 1година, а жолчка од 8м
Семолина ти е гриз. Меѓу првите вкусови можеш да ја дадеш. Мене ми е основа за доручек, ја мешам со овошје.
Гледам во составот дека има сурутка. Се уште немаме воведено млечни. Туку и за тоа да прашам. Млечни од кога воведовте?
Млечни од 7 се воведуваат некои и од 6. Сурутка има зошто е со млеко таа семолина. Онаа што е на златно поље со бебето на слика таа е само гриз.
Малиот ми е 4мес, јас семолина пред некој ден дадов, млечни понатака. Со првото дете исто давав семолина од 4от месец, а млечно дадов на околу 6 мес.
Моето од 4ти до 6ти имаше качено точно кило само и матичната ми кажа океј е, после 4ти помалце качуваат, не може секој месец по кило да качува, дури ми кажа во просек 300 до 600 грама качуваат после 4-5 м, а ние сме качиле по 500 што било супер. Родена е 3050 грама, на 6м имаше 7, така да веќе дуплирана тежина и ми кажа супер е, плус и ако не плаче од глад и си е весело дете значи дека и е доволно. Вие и не сте многу далеку од дуплирана тежина, а и со цицање мислам почесто качуваат полека тежина, отколку со ад. Со каши почнавме исто на 4м и и давав колку сака, некогаш 2-3 лажици, некогаш повеќе ама брзо почна да заменува цел оброк, за неполн месец. На 6м на контрола исто како тебе ми кажа веќе требало и втор оброк да воведам и тоа со месо и трет по 2 недели. Ама не сакав толку да ја оповарувам и продолжив уште цел месец со 2 оброка. За некој ден прави 7 месеци и сега почнувам трет да и давам ама не можам искрено да постигнам некако и со 2 оброка од аспрект на готвење па и распоред за оброци. Станува во 7, и давам млекце и продолжува да спие до 10, додека станеме и спремиме кашичка ( бидејќи и давам само веднаш зготвено) ја фака првиот оброк 11-11ипол, па дремка и млекце, па ручек и дремка и не ми иде после ручек пак цврста храна туку и давам млекце и толку од денот, одобено и ако после пладне дремката и е 3 саати место 2, се ми се изместува...
Инаку сега се читам грешно сум пишала, од неполни 3 месеци (6кг) до сега 1.100 качил (7.100 е сега). Среќа на почетокот буцко беше па на стара слава се вади Цица, стварно не знам што е работа. Фала ви многу на сите на одговорите, ќе почнам со втор оброк. Ќе ги воведувам тие намирници 6-8 според табелата. Со спиење ред нема, се надевам со јадење ќе фатиме
Можеби е по активен па затоа не качува толку на килажа викаш и дека не спие мора да црпи енергија. Моето прво дете ваков беше иако качуваше доста на килажа рано прооде и стагнираше на килажа ама се извишуваше. Второво дете да лежи и да јаде како кралица некоја, храна не одбива и на саат време да и даваш 3100 родена сега е 9100 на 7 месеци
Купечки, само компир дома му направив. Верувам дека е до текстурата, вчера му дадов брокула и ај да речам изеде 2-3 лажичиња ама таа покремаста е, не е толку кашаста.
И јас мислам дека е до тоа, ама нема ни едно забче, мислам дека сега кај и да е ќе никнат пошо се лигави.
Може и тоа да е, одлучив да не го форсирам, чисто по едно лажиче да проба вкус колку да знаеме да не има алергија на нешто па ќе видиме
мајки, педијатар вчера ми кажа пастрмка да воведам (бебе скоро 10 полни). имате ли некој совет како да се приготви и од каде во скопје купувате? фала ви.