Едно лажиче не е доволна количина за да покаже дали има алергија, чисто само да знаеш. Јас земам свежа риба, ја печам исто како и за нас, само со малку маслиново. Можеш и на пареа, варена јас не јадам, па ни за малите не спремам така, ама ваљда и така би можело ако е филе.
@DaisyDream nam ni falat nekoi si 200gr za da duplirame rodilna spored pedijatar 7400 ne izmeri, a spored merenjeto kaj sto ne vakciniraat e tmn 7600 izleze tamu 1 den razlika nezz kade e tocno kade ne. Imeno mi rekoa meso da vovedam toa vo red deka neli od 6 veke moze ke pocnm od naredna nedela sega ne i davam novi raboti deka primi vakcina, arno ama i zolcka da vovedam, taa neli e posle 7 mes nekoi i pokasno davaat ili sum gresks
Pa koj znae za zolcka, vikaat alergeni sto porano, toa podobro da se vovedat. Nas ne ni spomna za zolcka. Ni kaza posle 2 nedeli (na 6++) da vovedam puterce, meso, maslinov. Sakam i grcki jogurt da dadam togas, ima dosta proteini, go jademe mnogu nie. I nas na vakcina denes 7.200 ne izmerija (poveke za 100grama od vcera) ama i vo dolzina pomali sme spored niv. Koj znae koj meri tocno I jas ke pocekam nedelava so novi namirnici. Od sledna ideme jako
Офф топик, ти си побара мерење во Јане или по ново ги мерат ? Ние 2 пати бевме само ме прашаа да им кажам јас. една боцка е сега? П.с колку време по вакцина да не давам нови намирници и дали смеам старите во тој период или само млеко?
Заборавив да прашам прееска Мајки, од какви сливи да направам каша? Гледам сите во дм и аптека се од суви сливи? И на хипп зошто пишува во состав шеќер?! Ако е од самото овошје зошто стои во состав?
На 6 месеци им прават и систематски па ги мерат при преглед за вакцинација. Инаку околу вкусовите, веќе внесените ги даваш неколку денови после вакцина а после неколку денови продолжуваш со воведување нови.
Dve bocki , plus rota. Gi merat samo sega, deka na 6m ima sistematski. Novi vkusovi 3 dena pred i 3 dena po vakcina-ne. Acidi borici oblogi prvite 3 dena non stop ni kaza. Malce sme utop, ama doktorkata ne e fan na Antipirea
Таа на хип со слива што е само мислам има додадени шеќери. Јас воведов преку каша пример со јаболко и слива, мислам од Дм, секако јаболче да има пробано претходно.
Едно мерење во Јане мојава 3цм ми ја скрати, изгледа се смалила, не расте колку да се рече мерат, нит за килажа нит за должина ги земав здраво за готово
Добар ден мајки За некој месец започнуваме со кашички и пробување на вкусови. Бидејќи се соочувам прв пат сакам да сум спремна. Дали може да ми помогнете што се ќе ми биде потребно за почеток? имам 4 лажички гумени за кашички Неколку тачирчиња Блендер И такви едни како цуцла со дупки 3 пара што ќе ми биде потребно ?
Јас во обични порцелански тањирчиња подготвувам, оние мали длабоки како за апетисани. Лажички јас повеќе земав, и за во торба надвор, и за дома, и за капки дека давам пробиотик, па да не мијам, и се во машина перам. За блендер само поголема количина ставај ако немаш рачен, пошто ќе се улепи по страните и ништо нема да извадиш. Па колку изеде толку, другото мајка го јаде Еве некој кратки насоки, табелата сигурно ја имаш
Здраво мајки, пополека се подготвуваме за воведување цврста храна. Знам дека педијатарот ќе ми објасни но уште е рано, а јас сакам да се упатам во темава па имам неколку прашања. Фала однапред! 1. Не се почнува веднаш со оброк туку со вкусови, е сега, тоа се неколку вида овошје и зеленчук што се први за секое бебе, не мене што ќе ми текне, нели? Има некоја табела каде што се наведени сите? 2. (в. сл.) Во прирачникот за правилна исхрана кај шема на оброците за 5-6 месеци бебе пишува: зрнеста каша, зеленчук како пире, овошје како пире. Ова значи поручек, ручек, вечера? Кашата се дава без ништо? А во организирање оброци кај 5-месечно бебе пишува зеленчук како пире и житарки без глутен, овошје само како сок. Кои се житарки без глутен? 3. Ако може вовед во житни култури, немам поим што е што, ниту што се дава на бебе. Овес, јачмен, ориз, палента, тарана, гриз? Од нив се прават каши за поручек?
Сега ке почнете само со вкусови. Тоа значи по неколку лажички, мах пола тегличка од малите на Хипп (тоа е околу 60гр) или две супени лажици. Повекето според оваа табела се водиме, и матичната мене истите намирници ми ги кажа. Обицно повекето советуваат по 3 дена од еден вкус, за ако даде реакција од тип на алергија, да знаеш од што е. Но, јас по 2 дена давав. Тоа сепак како ќе ти казе д-р. Ако бебето е 6 месеци, можес да почнес со пасирана храна со вилушка, варена обавезно. Свежо само авокадо и банана. И лубеница и диња. Ако е бебе 4-5 месеци, блендирај. Со малце водичка од каде сто се варело, или ако додаваш, да не е тоа од чешма, јас Бебелан земам. За конзистенција ке видиш, мојов сакаше погусти кашички. Можес да купиш готови неколку за почеток колку да осетиш структура. Сега е 6м и веќе пасирано со вилушка давам. Некој почнуваат со понеутрални вкусови, или зеленчук, па продолжуваат со овошје. Јас давав наизменично, што ми дојдесе на памет. Откако ке ги поминете тие проби на вкусови, ке почнес со воведување на оброк-доручек. Јас го давам после прва дремка. Тоа го правам со 2/3 овошје или зеленчук, и со 1/3 житарка. Вкупно околу 120 грама давам, една мала теглицка од Хипп. Од житарки, за почеток безглутенски. Тоа се пченка (палента), ориз и просо. После еден месец, до месец и пол од воведување доручек, ке почнеш со втор оброк-ручек. За тоа понатака. Јас вака правев. Значи сепак се зависи колкаво е бебето и со кое темпо ќе одите ке ви каже педијатар. И штом поцнете храна, ке почнес и вода да нудиш. Прочитав дека правилото е колку месеци е бебе, толку мл. Пример 6 месеци, 60мл вода дневно. Мојов сеуште толку не пие, едвај 20мл во ден преку сила, ама цица и надоместува. Еве ти ја табелата. Јас од табелата 6-8 дадов слива, кајсија на 5 месеци. По препорака на педијатарот.