Благодарам премногу! Уште некое прашање... Проба на вкусови значи едно овошје или зеленчук 2-3 дена, а по колку пати на ден се нуди? И како се мери грамажа од се'? Ако знае(ш) некој да ми одговори дали е во ред да замрзнам некој вид зеленчук што сега е сезонски за да го дадам кога ќе дојде време?
Бебе на 5 месеци само пробува вкусови.Нема доручек,ручек уште помалце вечера.Тоа иде постепено месец за месец. пробување вкус значи даваш храна соодветна за тој месец (возраст) по неколку лажици за да видиш како организамот на бебето ке реагира.Да не пројави алергија,грчеви и слично.Доколку нема проблем ден за ден ке зголемуваш количина.Нудиш еднаш на ден. Меѓу првите овошки што можеш да дадеш се јаболко,тиква,круша , банана и слива. Зеленчук тиквица,морков и компир. Можеш да замрзнеш скоро се што сакаш само соодветно складирано. Дали ке блендираш или пасираш е твоја одлука. Рано ти е за и тарани и за јачмен.Од житарки ориз и пченка можеш да воведеш на почеток.
Да, едно oвoшје, или еден зеленчук, барем 2 до 3 дена. Иако многу и по 1 ден само даваат, баш овој профил го следам, вели за намирници со мала алергеност и по 1 ден. Брокула и тиквичка самостојно не ги сакаше, па ги воведов одпосле во комбинација со друг зеленчук што ми беше веќе пробан (компир на пример). Moжеш да замрзнеш. Кај мене бабите имаат свашта замрзнато. Како што пишале за проба, еднаш на ден. До 14h се препораките. На почетокот може бебето нема да е воодушевено, ама ќе стигне таму. Синко сега, кога му местам лигавче веќе почнува да припаѓа од возбуда дека ќе јаде. Инаку, мерам на вага, или како што кажав тегличките мали на Hipp ми се ориентација. Една мала тегличка е 125гр. Варам пасирам, полнам тегличе. Вие на почеток мах пола тегличка ако јаде (50-60гр.) Малку потешко одеше и какањето. Цела недела по малце, и во недела не частеше со експлозија до врат Така првите неколку недели додека се навикна на поцврста столица веројатно. Круша, слива, праска помагаат за дигестија. А ориз, банана, и сладок компир може да направат запек. Инаку тој прирачник што го имаш не ми се допаѓа како е напишан. Ме одврати одма со соковите. Што е тоа меѓу оброци разблажен сок нон стоп. После кариес и петарда во уста. Се повеќе тодлери со расипани заби има. Дури и бебиња со полуникнати расипани заби. Башка нутритивно сок е неспоредлив во споредба со конзумација на целото овошје/зеленчук.
Благодарам! Прирачникот е од Институтот за јавно здравје и на друго место во него е нагласено истото за овошните сокови во однос на забите и со препорака да се даваат за време на оброците. Не знам зошто во табелата пишува така.
Здраво, сакам да воведам вечера. Што да давам за вечера? Палента не, не сака воопшто. Може нешто и со парчиња мали, сака така. 8 месеци е. Исто ме интересира за пилешкото и телешкото месо. Од каде што земаме ми рекоа дека ако се свари и замрзне, ги губи сите нутритивни вредности. Свежо ако го замрзнам и телешкото и пилешкото дали е во ред? И колку време свежо замрзнато може да стои во замрзнувач? Исто ме интересира колку пати во неделата смее месо, колку жолчка..? Ви благодарам многу
Месо и жолчка не се дава во ист ден, жолчката е замена за месо. За житарици колку што знам нема ограничување.
Ок за овие три, ама прашањето повеќе ми беше општо, дали има ограничување на било кој производ да не се меша со друг? Сега ќе лупнам пр компир со палента, било што од тие јадења? Или важи само за месо и жолчка?
Само за месо и жолчка. За другото не, сум правела разни комбинации од тоа што веќе сум го вовела. На големата тиква и брокула и давав како комбинација од што не ја сакаше брокулата во ништо друго
Јас кога видов каша пилешко со тиква, е ова е викам врвот, дај ми мене мислам ќе а кој да знае, може па и вкусно е, не сум пробала може изглед вара Ауу ова па моево отвара уста за брокула, мн ја сака
Тиквата е спас изгледа, со све ја мешаат За малово деновиве ќе воведам брокула, којзнае како ќе поминеме Нема тикви периодов, инаку лесно ќе идеше
Море само нека јадат, па ќе правиме луди комбинации Преправај се јадеш и ти, и ќе те види и може и бебе ќе си јаде. Мојава е јадач, сè јаде, ама денес за прв пат и дадов грашок компир и тиквица, каша, кога ја направи оваа фаца се изнасмеав за сите пари проба 5 6 лажички ај викам доста е не те мачам
Душа бе, не и се свиѓала манџата Абе мојов од круша потресен беше, од ориз воодушевен, да се чуди човек Смејурии се какви фаци прават кога нешто не им се свиѓа, медени
Иако нема тикви, има сладок компир, кај мене малото ако нешто не јаде маскирам со батат и одма е добитна комбинација. Јас кога ќе каснам од него многу ме асоцир на тиква вкусот.
По упатство, го попарувам со зовриена вода со малку маслиново. Комбинирам најчесто со зеленчук, а може и со месо како замена за компир, ориз, просо, киноа, тестенини..
Онака кажав компир и палента, знам дека тоа не оди, затоа реков само измислен пример давам, сакав да потенцирам на што мислам, за било кое јадење се однесуваше прашањето, не стриктно за житарка и компир.
На почеток кога имаш мал број работи воведено, мешај како сакаш. Секако е бучкуруш секоја бебешка манџа. Кога веќе има доручек и ручек, логично е да одиш кон нормални оброци (доручек житарици/гриз/палента со овошје, ручек ориз/компир со зеленчук и месо) за да после годината веќе почне бебе да јаде исто што и сите други дома. Колку пати сум слушнала дека и во каша со месо ставаат банана или јаболко за да бебето им ја јаде... ако јаде воопшто не е битно како се измешани намирниците. Ама бидејќи утре нема банана во манџа грашок да ставаш, добро е да се навикнува на нормални комбинации. И тоа со жолчката и месото јас не сум се замарала. Кога била ќерката поголема со 3 оброка имам давано палента со јајце сабајле па каша со компир и месо на ручек. Така се погодил денот.