Јас знам сега и одвечер да му зготвам за наредниот ден. И тоа сите 3 оброци. Немаш гајле за 3-4 часа. За потврда столица, ако даваш на пр компир/ориз/морков гледај дај доручек круша/слива. За да не го стегне ептен додека се навикне. Кај мене пробиотикот правеше проблем до толку што бебе плачеше кога требаше да кака и престанав да му го давам, сега давам само кога одиме некаде.
За еден месец ќе почнуваме со воведување немлечна храна па периодов се посветив на барање добра литература и содржина на интернет. Од сѐ што е достапно оваа книга вреди злато. Прекрасна е, сѐ е толку едноставно објаснето, чекор по чекор, со примери, со намирниците детално објаснети, нивна подготовка и комбинации, така за секој месец. Ја препорачувам бидејќи педијатрите и нутриционистите различно зборуваат, доста и недефинирано и нејасно. Овде е убаво објаснето сѐ од автор од наше поднебје што за мене е важно бидејќи лично сметам дека детето треба да внесува храна што расте овде.
Најчесто е доручек и ручек. Проја, мафини, палачинки, ако сабајлето јаде пиперка со јајце од вечерта ја обарувам пиперката, сабајлето само јајце ставам и тамн е. За ручек најчесто, вара се кога е со месо и зеленчук варам се, утредента само пасирам или блендирам, варам зеленчук за ќофтиња, утредента само ги запечувам. Вечера му е најчесто палента со грчки јогурт/павлака. Или пак грчки јогурт и овошје. Некогаш тостирано лепче со млечно нешто. Немам идеи за вечера се гледа Во период е ако не му дадам да јаде штом ке стане нема ич да јаде, затоа се приспособувам
Моево 2 месеци веќе вечера палента и кисело млеко не ни планирам да му менам за сега мислам дека е супер лесна вечера, а и он многу ја сака. Еднаш немав кисело млеко ставив зденка, јадеше ама се чудеше као што е сега ова
Јас колку што читав поназад некои мислења нека ме поправи некој ако грешам,но кога даваш жолчка ја воведувааш 1 месец по полека.И како што разбрав во деновите на пауза се воведува нова намирница.Пример воведуваш жолчка понеделник и вторник другите денови даваш друга нова наморница па наредната недела пак пон и вторник жолчка и се така додека цела не ја воведеш.Ако сум грешка исправете ме по што и кас треба да воведувам жолча ....
Мене педијатарот ми кажа пример Среда и недела по 1/8 , па после Среда и недела 1/4 , па Среда и недела 1/2 . Ама скроз изумив да го прашам за нова намирница . Некако 1 месец многу ми се виде без нов вкус .
Majki a misirkino kakvo davate? Nie mnogu go jademe zatoa sakam da vovedam, na Vindon obicno zemame. Ama za bebe dali e ok ne znam. Pilesko najdovme domasno.
Мајки педијатаров ми пиша ручек зеленчук па имам прашања. Сега прв пат пробува од сите овие давам по 4 5 лажички да не појави алергија. Смеам ли цела каша да давам на непробан вкус за ручек? Спанаќ,зеље тие како да ги давам со ориз комбинирано или чисти блендани со вода? И во колку час пример да дадам ручек па после 2,3ч да цица или?
Жолча воведов во една недела кој еден месец. Пон и вторник 1/8 среда и чет 1/4 петок и сабота 1/2 недела пауза понеделник цела. Во средата јадеше омлет. Зависи кога станува бебуш, нас ни беше 9 доручек, 2 ручек. Измеѓу имаше дремка па цицаше пред спиење. Ова ти пишувам со станување во 6ипол-7, зошо он тогаш стануваше и цицаше па имаше после саат ипол 2 доручек. Зеље, спанаќ со ориз/компир/просо можеш. И мевце ако сте вовеле. Давам да цица кога сака, знаат кога им е доста верувај.
Прв пат ми изеде кашичка 125гр цела плачеше кога пробав да му земам лажиче ја грабаше сам па му дадов цела и викам да не се исповрати, мада веќе 20денови пробува вкусови, мевце од август ни рекоа. Да горе доле накај 6.30 7 станува и цица. Ќе тераме и ние така. Фала мајка
До кога се вари зеленчукот/овошјето пред да се блендираат? Дали има некои што може да се дадат свежи или можеби некои што е подобро да се варат пред да се дадат без оглед на возраста? И дали доколку се дава свежо мора целата содржина на кашичката да биде таква? Пример варен компир со свеж морков?
Се што се јаде живо, јас не го варам. Значи сите овошја и морков. Во нутрибулет се блендира без проблем до фина каша, евентуално малку вода додавам некогаш. За првото дете кога почнав парчиња да давам повеќе варев за да може да ги џвака, дека заби дури на 10-11 месеца почна да вади. Се е подобро свежо ако може да се јаде свежо, нормално компир мораш да го свариш. Јас не се водев по возраст, туку по конзистенција на кашата. На почеток скроз блендирано, после еден месец пасирано, па после ситно сецкано со парчиња.
Zdravo. Od 5m pocnavme so vksuovi od prvata tabela sve sme probale osven palenta i proso Sega na 22ri praime 6m prodolzuvam so vksuovi od vtorata tabela ili voveduvam obrok od prvata tabela i voedno probuva od vtorata ili kako?
еве една шема за жолча е сега нека каже некој дали се воведува нова намирница во деновите на пауза или ?