Majkite koi se samo na doenje koga ste pocnale so vkusovi? Bebe e 4 I 10 dena mi rece pedijatarot na tocno 4ipol da pocneme. No nekako prerano mi e. Bebe skoro 7kg
Од 5 ипол по лажичка две вкусови од 6 месеци со оброк доручек. Прерано е 4 ипол ако бебе супер си напредува со доење. Сите педијатри исто ко на лента муабетот, дај од 4 месеци дохрана, требало не требало.
На 5 и пол месеци со вкусови, на 6 има веќе еден оброк. Мајки дали додавате млеко во кашите или ги правите само со водата во која се вареле? После колку време од оброк нудите млеко?
Dokolku mi e pogusta kasata si dodavam voda,a ponekogas i adaptirano mleko.A i koga blendiram ja stavam vodickata vo koja sum go varela produktot.
Зависи што вариш, ако е нешто што прима повеќе вода нацицува не ти треба плус да додаваш. А ако е погусто од самата водичка додавам додека не добијам посакувана густина.
Да ве прашам мајки, сум заборавила. Кога воведовте млечни работи и со што почнавте прво? И дали прво месото да се воведи (телешко) или прво млечни?
Meso prvo, telesko, misirkino i pilesko ako imas domasno ako ne kupecka kasa (ama gledaj da e poretko). Posle mlecni, prvo kiselo mleko, jogurt, nesolena urda, a vo zelencukovite kasi mozes i malku nesolen puter mesto maslo, stavi dur e zeska ke se rastopi.
Мене педијатарот ми рече на 6 месеци дека треба да воведам и млечни. Воведов сега пред 2 дена на точно 6ипол месеци. Почнав со грчки јогурт. Дека ми е некако по неутрален. Го дадов со палента на Хип. Бебе маф направи.
Нас ни препорача прво мевце, од Август да воведеме (ужина овошје плус ручек зеленчук со месо) а за септември кажа на следната контрола таман ќе ни каже за млечните. Ама ние почнавме на 5.5месеци со вкусови
Здраво палента со што да искомбинирам? Читав може со овошје,уште ни е рано за млечни за 2дена 6м праи Можам овошна каша да измешам или мора да е свежо овошје? И ќе користам палента што јадеме ние или нсмее?
Јас земав на Хипп инстант за почеток. Полесна за подготовка. Пошто секој ден различно време дреме,и различно време доручек има па набрзина ми се спрема. На упатството стои 100мл вода, со 100мл овошје, да дојде вкупно 200грама. Но јас ставам околу 70мл вода, лажица и пол од палентава, и 100тина грама овошје. Ретко цела ја јаде, но од житарки палента засега највеке сака. Можеш и кашичка на Хипп да измешаш. ------- Него и јас да прашам следно. Воведовме и ручек, бебе е 6+++. За доручек јаде 120-150 грама зависи како му се погоди. А за ручек од 80-150грама зависи што има. Прашањето ми е, колку мах може да јаде од едно јадење во грамажа, и колку пати неделно месо, некој вика 3-4 пати, а имам другарки 5-6 пати неделно даваат.
Мајки, некоја што приготвувала каша со АД? Сакам во овошната каша да и ставам АД , дали само од прашокот да и ставам или да го разредам со вода ? И колку лажичиња ? Скоро 9мес е.