Од 6 месеца можеш парчиња, не е битно што нема заби. Само парчињата треба да не се округли и да се помали од 1см, и нормално сварено меко за да може со непцата да го згмечи.
Јас му правам со АД кашичка, но користам од инстант оризот на Хип. Прво си растварам во шишенце млеко како и за пиење, па во него ставам лажичка или две од инстант оризот. Со овошје немам правено, нема ми текнато, но би ставила во веќе направената каша изблендирано овошје.
Јас во нутри заедно со морков, тиквичка, ориз изблендав фантастично. Само компир не ставај пошто ко гума се прави. Ај да се самоцитирам. Не знам да не претерам со месо или па малце да давам
Mene pedijatar mi rece preku den meso a vo denovite ko nema meso da ima zolcka od kako ke ja vovedam mislev zdravje od naredna nedela da gi pominam mlecnive da ne prekinuva, taka da pak mu doaga 3 4 pati nedelno
Каков овес давате? Бебе е скоро 9 месеци, моментално имам на хип ама е многу ситен како прашок, за јадење како кашичка е ок ама пробав вафли да правам со него ама не ми се свиѓаат некако.
Јас за бебе мелам од овесните снегулки што ги купувам за нас дома, обично од виталиа, бруген или други. бебе е 9 ипол мес.
Мене ми се залепи по крајчињата, за нигде испадна ама само 30г варено месо, ќе пробам поголема количина со се зеленчук. За колку пати месо, ако има слабо железо или не расте доволно и почесто месо е ок според нашиот педијатар, до 5 пати неделно
Да до 5 пати неделно. Ама па ке вовдеш после јајце, риба ке имаш избор. Иначе блендирај се заедно за да имаш поголема количина или евентуално во сецко, јас во сецко на почетој му ги блендирав.
Направи ја погуста овошната каша(без ад) и после додади ад соодветно припремено со вода до добивање на посакуваната густина.
Здраво После колку време од воведување на цврста храна започнавте со мешање на намирниците(микс од два зелнчука и сл?
Бебе почна со адаптација со неполни 8 м. Болка ми е за исхраната, ама тоа е .. мора да се помириме и дома да удриме на поздрава исхрана. Таму му дават се што дават на поголемите, само блендирано. Дополнително имат плус една ужинка. Има работи кои не стигнав да ги воведам, таму ги јаде, и досега нема покажано некоја алергиска реакција. Добро е што прифатија да носам АД па му дават кога ќе стане од спиење.
Мајки ние сме 6месеци и 7дена Почнавме со кашички пред 3 недели По колку време се воведува оброк и кој период од денот треба да биди?јади по пола кашичка засега ,обично ги сака и зеленчуковите и овошните не ми прај проблем.Што му давате најчесто вие за цел оброк? Имајте убав ден со бебушите