Здраво пак мајки, ние сме 5+++ и бебе до сега од зеленчук има скоро се пробано (тиквица, морков, брокула, тиква) освен пашканат, компир и батат. Денес ќе му дадам компир, по 2 дена пробување вкусови тераме. Има ли некој што почнал прво со воведување ручек? Не знам како да го истемпирам, обично вака пиеше млекце: 7:30, 10:30, 13:30, 16:30, 19:30, 22:00-22:30. Меѓу 7:30 и 10:30 веднаш скоро презаспива, и станува за следното млекце во 10 и нешто. За доручек знам дека најубаво е да му дадам баш рано кога ќе стане и после саат време млекце, па да спие до 10:00 и нешто, ама ручек не знам како, педијатар ни кажа да почнеме со ручекот бидејќи претежно повеќе зеленчук пробуваше. Да напоменам, дремки има таа после 7:30, околу 12:30 до кај 13:00 и после 16:00.
Да, заспива околу 22:00-22:30 +/- и станува 7:30-8:00. Не пие млекце преку ноќ, сабајлево пример јас го будев пиеше тек во 8:20 и сега пред пола саат дури пак заспа, седеше буден околу еден саат. Јас би му вовела и доручек и ручек ама не знам така да не останеме со малку млеко преку ден?
Po kolku ml mleko davas? Jas nemam iskustvo okolu obroci 4+ sme. Mislam samo eden obrok sea zasea Dva da ne mu se mnogu na meseto Jas bi dala mlekce 7:30 pa posle 10:30 dorucek
Пие 180мл на 3 саати, околу 6 пати на ден пие млеко, сега од кога почнавме со вкусови знае и 210мл да испие еднаш два пати во ден зависно дека му се фаќаат 5 млека во денот, ама 210мл давам на 4 саати. Вкусови кога почнавме освен тиквица и морков што не ги бендиса баш, ги јаде во комбинација со друго само, јадеше по цела кашичка од 125г или пример со јаболкото и крушата по цело јаболче. Денес ќе пробам компир да дадам после млекото во 13:30 накај 15:00 па ќе видам ако не така да ги темпирам, воопшто не ми е јасно како да се организираме дека се плашам да не паѓа во килажа или да не не качува доволно сега кога ќе воведеме оброк..
Ne ne Taman mu davaa Jas mu davam i mn pomalku 935 denot A saka da jade Taka da mozam da zgolemam I plus cajce i vodicka
Здраво мајки, Планирам од утре да воведеме прва проба на морковче, бебе е 5++, започнуваме со пробување на вкусови. Бебе е родено по природен пат, и престанав со давање на пробиотик после 40 дена. Прашањето ми е: дали да започнам со давање на пробиотик пак зошто воведува по цврста храна или нема врска тоа?
Јас со двете деца прво почнав со ручек како прв оброк по препорака од педијатар. Ми одговараше временскиот период, полесно ми беше да се организирам во однос на дремките и пиење млеко.
Дали му скрати едно млеко кога воведе ручек? Ептен ми е страв да не не напредува од старт имавме проблем падна на килажа и се префрливме скроз на ад па се подобри ептен и се вративме како што треба со килажа. И после колку време од оброк пие млеко? Извини за прашањава ама сум испаничена и не знам како да се организираме
Кога почнаа да јадат по 100гр оброк во кој има житарка или компир/сладок компир тогаш им кратев млеко. Не се грижи, ќе фатите ред што ви одговара.
Фала ти многу така ќе тераме тогаш додека не воведеме плус како што кажа, а секое ново овошје за проба на вкус ќе го давам насабајле
Види како ќе се однесува бебенцето кога ќе си јаде, по тоа води се, ако има потреба дади пробиотик. Јас до кај 6 месеци давав секој ден. Со храна нема проблем, убаво си јаде и си кака редовно. Би дала ако видам дека има потреба.
@Fenix05 и мојов за вода е тежок, со све е пробано, не сака и не сака. Ќе давам упорно па ќе пропие се надевам. Него како одат сега оброците, ужина или вечера да воведам не знам. 7+ е скоро. Доручек житарица со овошје си го јаде по 150гр. Ручек зеленчук со или без месо, по 80-100гр. (На два пати со циркузи околу него ). Веќе еден месец има ручек. Ако давам ужина овошје, за доручек што да давам И зашто овес смее сега на 6+, а гриз е 8 месеци ставен. Нели глутен на 6+ може.
Пробај од чашка за ракија да му понудиш. Двете деца така вода ми пропија. Евентуално од некапечка чашка другарка најде спас за водата. Чуден им е вкусот затоа ја нејќат. Послатко од цице нема
Не бре не дава да му припарам до уста со ништо!!! Само што ќе здогледа,бута со двете раце и стиска непца. Прееска му ставив молзено млеко со малце чајче од ким мешко го боли, ни тоа не го сакаше, толку да разбира дека е чаша,шише и да ги одбива?! Утре ќе земам најмала чашка за ракија ќе пробам, во овие маалце поголемки не сака
Пробај со шприц од најмалите, мене само така ми успеа. На почетокот беше тешко, сега кога ќе го види шприцот сам отвара усте. Инаку од шише, клунче, чашка не сака.