Моево протестира со нејадење последниве 2 дена. Не знам зошто. Не е дека не е гладна,поминале 2 часа од последно цицање и пак не сака,затвора уста. Пробано и со блага каша и со солена истото е. Не знам како да ппстапам, со брат и немав ваков проблем..
Исто и мојава. Пробав и на 2 часа и на 3, затвара уста и крај. Едвај 100гр ги јаде, а баш убаво почна по 160-180гр ги јадеше. Во скок не сме ама уште не дрма сепарациска па си се тешам дека е до тоа.
@Fenix05 @Nataliii Сега кога ќе стане од прва дремка ќе пробам да и дадам купечка каша на хип, да видам дали ќе ја јаде неа. Барем нешто да касне. Па после кога ќе почне да си јаде ќе ја вратам пак на домашно приготвени. Нема како да и помогнам..
Исто и ние јадење скоро па нула со молење и изогравање кловнови по дома ми јадеше некаде околу 400гр каша сега напола и на млеко намали и на се, нема врска дали купечка или не, блага или солена
Како да дадам диња, лубеница, смоква и грозје? Сокче има со грозје но не пие сок. За смоквата ми е страв поради зрнцата а диња и лубеница освен во шмукалче не знам како би дала поинаку? Не јаде сама за да дадам парченца
Мојава не сака ни купечки се надевам брзо ќе помине овој период. Колку млеко пие во 24 часа? Ако не се лажам и вие сте на измолзено.
Da na izmolzeno, nekade 400-500 ako jade okolu 300gr kasa, vkupno okolu 800+/- gr na den hrana nekogas znae i 500-600ml mleko i 400 gr kasa zavisi kako i se jade so toa sto koga saka togas i davam ne gledam na saat, kaj tebe kolku pie znam deka ne treba da se sporeduva ama cisto informativno
Како давате мевце и колку грама? За прво земав на холе со тиква и пилешко, и хип телешко,морков и ориз (ми е страв од запек со комбинацииве) Да го измешам со сè друго во нутри варено ќе излезе ок?
Немаш потреба да додаваш, тие се спремни каши. Можеш да земеш на Холе чисто пилешко, половина ќе ставиш плус домашен зеленчук. А домашно телешко по 50грама (неготвено), со што ми текне. Ориз, компир или сладок компир обавезно ставам, плус тиквица, модар домат, кромид, морков... И маслинов или путер на крај додавам.
Убаво ти рекла Дејзи, тие се готови каши, јас така и ги давам, не мешам со ништо. Друго е ако веќе даваш варено месо и зеленчук, тогаш блендај си.
Јас сега др да прашам...вчера прв пат и дадов четвртина жолчка на малава, ме фати страв дека како сува самостојно да и ја давам па и ја помешав со овошна каша(ама вкусовите веќе ги јаде, не и се нови) и прашањава ми се, со што мешате жолчка? И евентуално ако нешто пројави од жолчката, што би било тоа? Засега е супер, нема ништо, ја следам...
Jas minatata nedela dava zolcka i ja mesav nautro so jogurt i cela mi ja jadese, samo i stavav da e potecno deka ko i dadov pola nemozese da ja goltne deka se lepi na zabite jas pocnav so osmina pa naholemuvav taka mi preporaca pedijatar Nego praktikuvate li uste da davate po 3 dena novi vkusovi, jas nekako pocnav po den dva osven zolckata nekkako mn mi e po 3 dena
@DaisyDream @Cherry blossom89 мислењево ми е како кашите Земав 2 за старт да видам како личат зошто не најдов домашно пилешко а телешко нема во месариве околу. Овие ќе му ги дадам денес,утре. Но сакам да му правам комбинации дома па колку гр месо се става и дали во нутри со зеленчукот да блендам ќе биде ок?
Даа, од истата причина и јас и ја помешав со друго, се лепи многу и ме фати страв. Ќе и мешам следен пат со нешто др. Неее, јас веќе не давам по 3 дена одамна, нешто давав и само по еден ден гледам нема реакција и терам за сензитивна намирница еве како жолчката, би внимавала повеќе.