Само тоа што мора да се вари, го варам. Дури и морков свеж давам дека може свеж, дека сега правам скроз блендирано и се оди во нутрибулет. Со првото дете кога почнав парчиња го варев и овошјето за да може да го јаде без да се блендира. Ама пак варев од функционалност, а не дека му треба варење. Особено овој период од годината кога има убаво овошје подобро ми е свежо. Можеби варено е полесно на стомакот кога првпат пробуваат, ама свежото овошје е подобро заради влакната за дигестија.
Да не не е гладна? Количински може и е и млеко премногу. Моево вчера прв пат телешко да проба абе кога фати со гримаси за повраќање, запечати уста, не сака да чуе. Оставив чекав следна дремка 3.5ч гладен му се фати, ја искрка во еден здив
Дали давате од вчера зготвен ручек, или предолго е така? Направив леќа со зеленчук и за утре да има, али сега на мисла сум дали да давам.
Za pojadok ne mi ide logiscno znam ama mi bese posigurno ako ima reakcija da imam vreme poveke da reagiram porano
@Kikikikiri0405 Многу брзаш со воведувањево нови работи според мене. Многу е рано на бебе 7 месеци и млечно и жолчка и месо дa има воведено. Чекај малце ти многу напред замина И што не е гладно тоа башка, плус овие работи бебе од 7 месеци не ги поднесува, рано е. Едно по едно. Јас денеска грашок првпат ќе и дадам, со батат и морков во комбинација.
Бебе наполни вчера 4 месеци. Роден е 3120г а сега има 6700г. Од почеток е само на адаптирано. Докторот ми вика да почнам веќе со каши, јаболко, банана, круша, ориз, пченка. Нели р малку рано? И како да давам, по еден оброк само како замена? На колку време да ги заменувам кашите наместо млеко? Пример наутро наместо млеко каша и после цел ден само млеко? Кога се преминува од 1 на 2 каши во денот како замена за млеко? И дали правите и одма давате или може да стојат кашите пример час два па после да дадам?
Се водам според таа табела која ја има овде низ група, немам ништо плус дадено освен диња и лубеница, а за жолка ми беше препорака од педијатар. А за јадење незнам денеска јаде супер, има некои периоди каде јаде многу и периоди кога јаде помалку, оставам поголем простор мегу млеко и оброк. Може избрзав со жолчка, ама од септември ми почнува в градинка и кога веќе добив препорака и од педијатар дадив.
Не со каши него со вкусови пробување ( по две три лажички овошје и зеленчук). Сигурно мислел на тоа . И ние почнавме со вкусови негде 4+ па додека ги испробавме основните и стигнеме до оброк дојдовме до 5 месеци .
Ќе прашам и овде. 7месеци има ручек и од пред 3 дена воведов како ужина мини доручек му доаѓа не знам, не јаде сеуште многу количински. 100тина грама околу 9.30-10 и 130тина гр околу 14ч. Тогаш место цицање јаде, на растојание 2ч. Дали грешам некаде па да е гладно бебево и за тоа да се буди ноќе на 2ч? Колку пати треба да цица на 7месеци? Ме плаче,не бара денски јас гледам да му дадам од 2 до 3ч ама не цица нешто премногу периодов...се бориме со сè Мајки што имате поголемки дечиња, на 9месеци како треБа да правам кога ќе тргнам на работа за млеко? Да цица околу 6.45, јас би се враќала 4.30-5 дома. Да молзам,ад,што?
И мене тоа ме интересира. Јас на 8.5 месеци ќе се вратам на работа. На 2 минути е свекрвче од работното место, можам да тркнам да го надојам, ама дали е тоа паметно. Да се молзам не планирам, ни имам време ни млеко. Не знам. Исто и за Ад ми спомнаа, ама дали ќе прифати. Пие по 5капки вода од чашка за ракија. За месец и пол се надевам ќе пропие од нешто. Јас па цел ден ќе бидам отсутна, и на специјализација и на работа по една смена. Журка. Значи сабајле и вечер е изводливо да цица. Једино во меѓувреме да претрчам од работа, ама и тоа баш тогаш може нема да можам. Уф. И за оброциве не знам од кога воведувате вечера (тие порано со храна што почнавте) . На 4+++ со вкусови, на 5++ имаше доручек, од 6+ мислам беше, јаде и ручек. Сега е 7+. Дали да давам вечера? @Fenix05 Овој дење цица - сабајле кога станува, па некаде пред втора дремка, и после уште еднаш околу 16-17часот, и пред вечерно спиење. Значи 4 пати. А ноќе исто на 2 часа
Кога ќе те прочитам дека е исто од една страна ми олеснува од друга викам ова Јануарскиве во калап да не ги правеле со исти маки што сме ама добро е што не проаѓам само јас низ ова. одма одев на варијанта немам млеко
Жими се што и да пишеш , и јас си викам, добро е не е до моево Јарци бе. Се спремаат за 6ти скок. А мислам и забиве ги мачат. Овој цуцлава не ја пушта од мука.
Кај мене до пред неколку дена вода јок, иато се мислев што и како ке правам. Почна од обичен филзан да пие и тоа незз како и понудив и затоа и земав најобочно шише со дупчиња како го креваш тече, пошто со клунче несакаше. Од една капка на ден стигнавме до 50мл. Ми кажаа дека во градинка даваат обично тетрапак, се мислев за такво да продолжам дека сепак таму ке и го даваат оти страв ми е од грчеви запек дали воопшто и ке го сака ад, се додека имам млеко ке молзам ама со оглед дека преку сабота сум 12 саати на работа незз како ке биде. Него колку вода треба мин и давам негде овде читав според кг, ама неможам да најда