Вака кога ќе ве прочитам се тешам си викам добро е не се борам само јас со јадењево. Изгледа сите Јарци се вакви
Мојот јарец има 5ипол години и уште не јаде. Знам дека не е за утеха, ама барем со време да прекинеш да се нервираш, не се менуваат
@Fenix05 ќе се наспиеме по година и пол осеќам јас имам една икона в кујна и навечер мн. религиозна станувам си се молам да спие мирно без многу станувања Да не сум оф топик, не ми ја изеде кашата со грашок прееска. Касна три лажици и ја сврти главата. Тоа значи ,,неќам поќе,,
сите светци ги молам моментално да продолжи да спие барем уште 45мин. После решена сум да го погалкам без цицање да продолжи Кажете пилешко од каде да земам? Мисиркино видов Дејзи какво зема, телеЧе од Тинекс пишавте, а пиле?
Тренирана е она. Гајле ми беше дали ќе јаде, ама мора да спие. И ден денес спие цела ноќ ама јаде како канаринец.
Прашања кои ме мачат. Ни донесија кашичка со 7 врсти житарки, дали ако и ја дадам значи дека сите ке и бидат воведени?
Мајки за 1 недела сме 7 месеци,што смеам да давам сега, кога се почнува со глутен,жолчка,јогурт.. Педијатарот ми рече да воведам жолчка но некаде од вас прочитав дека треба на 8месеци. До сега пробавме јаболко,круша банана морков,тикваброкула,праска,кајсија,слива,ориз,компир,палента,просо
Јас давам кога немам. Инаку за да се спасиш од давање така занрзната од којзнае кога. Кога ке налеташ на свржа купи повеќр исецкај и стави во замрзнувач, барем ке знаеш од кога е. Јас со сите овошја и зеленчуци тоа правам
Јас по овој список одев. За глутен 8 месец ке почекам, и за жолчка. Иако во Америка на 6 месеци се воведуваат.
Фала мајче. Јас демек од локалново продавниче свежо цело време, мислев нема да ја сака, а омилена му е и сега еве 5 дена не носат ради топлото.. Веќе кога сум овде кое маслиново да го земам? Го здогледав ова па не знам дали е ок, ние имаме дома од Грција ама некое ради реда
Било кое ладно цедено само да е. Јас го земам на Монини пошто и ние го јадеме, дека нема јак мирис на маслинов.
Монини од кај го купуваш @DaisyDream ? Да земам и јас. Со темп сме ние денеска 37.5 ќе го прескокнеме ручекот, да не ја форсиирам. На доење ќе сме, таман и течности ќе внеси. Ме изненади температурава. Дали од забите поткрена, два има досега. Не знам..
Pa moze, ako ne kreva povekje i od zabi. Iako tehnicki vikame ne moze, tuku e nekoe mini virusce. Na zelen pazar, na glaven vlez koga ke vlezes od leva strana, kaj sto pocnuvaat corapi, gakji, pa desno neli ima tezgi - ne prvata redica kaj sto prodavaat zelencuk, tuku vtorata - ima 1L 800-850 denari. A 750ml e 650denari. Istiot Monini. Svekrva mi od tuka zema. Ne znam dali ke sfatis i jas ne znam kaj e tocno ama ke najdes Jas na popust vo Tinex go nacekav 1L za 990. Inace 1500 e po marketive.
@DaisyDream Во мојот град Тинекс имаме од се ова што наброи погоре. Ќе проверам таму. Значи околу 1000 ден е. А иначе погоре брокула спомнавте дали да давате замрзната од кеса. Јас давам. Сигурно поминала стандарди пред да ја спакуваат и замрзнат, а штом е замрзната е во ред. Сега повеќе гледам да дадам од тоа што имаме домашно (тиквица,моркови, боранија) a брокула поретко давам. Тикви домашни имаме абе путер се благи. Ќерка ми ги обожава.