Мила некое вирусче е.. од заби викаат демек до кај 37.2 одела. Ние сме исти само кај нас држи веќе цела недела.. плус бактерија во нос. @DaisyDream кај тие млекарите ли кај делот што се конци и алати?
На нас ни рече педијатарот да воведеме. Воведов млечно и месо, сега од понеделник треба жолчка да воведеме. Веројатно дека од септември на градинка одиме, а таму е храната за сите иста. Е сега дали направивме грешка... Инаку бебе добро ги прифати. Дури бара уште дали има .
Моето е на АД, и се будеше на секои 2 часа. Од педијатарот добив совет да воведам и вечера (околу 1 час пред спиење). Откако воведов, верувале или не од 4 станувања за јадење, станува само еднаш накај 12 или 1, и спие до 6 сабајле. Давам каша накај 8, или 8ипол, заспива во 9ипол, се буди 12 или 1, и спие до 6.
Грашок од колку месеци смеам да дадам? Табелата овде во групата баш ми е од помош, но гледам грашокот го нема таму, а на кашичките од Хип сум го забележала дека е од 4 месеци.
Можеш да воведеш исто како компир, батат слично. Јас го дадов на 6, почнавме со вкусови на 5. После 8 не се ни замарав што кога, само гледав насабајле да е. Освен за јагоди, за нив причекав до година, не знам зошто ми беше страв
Мајки, домашно пилешко од каде зимате? Кокошка кога би земала, од кој дел смеам да давам на бебе? Најдов фарма 950мкд е кило кокошка, до кај 2кг биле па да смрзнам ама не знам дали вреди?
Кога дадовте пиперка и диња/лубеница? Бебе за некој ден прави 6 месеци, почнати сме и со вкусови па имам пиперки домашни сакам да му вметнам во ручек. За дињата и лубеницата исто сакам да дадам додека е сезона.
Пиперката знам дека се дава покасно по старо што се вика, после година, мислам 6 месеци е многу рано за тоа. Лубеница и диња би дала.
Јас пиперка дадов околу 7 месец, искрено жално е во летен период да не дадеш нешто сезонско а и мислам дека не е некој јак алерген. Исто и за диња и лубеница
Лубеница дадов на 6 дека сезона е, и дека имавме, нашите имаја насадено,благи убави милина,пиперка и диња сеуште нема пробано но за брзо ќе и дадам и тоа за 5 дена ќе прави 7 месеци