Јас му дадов путер од лешници, ореви, кикирики во кашите наутро му ставав прво на врв на лажица колку за проба само лижна еднаш, после по малку наголемував. Од ништо не ми беше страв како од јаткиве. Путерот му го правев дома, не купечки.
Дали да ја направам следнава комбинација за прв пат воведување млечен производ: Кисело млеко, банана, палента Јогурт банана палента Еден од овие две Што мислите?
Мајки, сакам да дадам од сезонсково овошје: диња, лубеница, смоква и грозје, додека ги имам свежи и во изобилие. Гледам дека се во табелата од 8 до 10 месеци. Дали некоја има дадено порано од 8 месеци? Бебе е 7ипол месеци.
Лубеница на 6, диња дома не јадеме па не сум дала уште ама ќе земам деновиве 7+, е смоква и грозје не сум дала, не знам како дали во шмукалка? Јас за грашок не знам дали и како да дадам? Гледам соата готови каши се со грашок а педијатаров рече да не му прави грчеви не сега.
Јас давам од 7 грашок, варен со зеленчукот и изблендиран никаква мака немал до сега. Е сега мене ми е страв такви зрнести овошја/зеленчуци да му давам сам да јаде, па поретко јаде еднаш до двапати во 2 недели. А да и грав кога сте дале? Јас грав му немам дадено.
Фала мајка А кога да воведувам млечни? Месо воведов пред 10тина дена од прилика.. а контрола имаме на 05.09 дури не знам дали да чекам до тогаш, зошто 30.09 се враќам на работа сакам да има веќе воведено голем дел разновидна храна...
Фала мајка. Иначе јас воведов и млечно со грчки јогурт. Немаше реакција. Исто и месо морав да воведам, а од утре и жолчка. Морам затоа што од средина на септември се враќам на работа а бебе почнув аво градинка на 02.09
Како ќе правиш денски за млеко? Стварно не ми е јасно...дали треба да оставам за 2 оброци млеко да не гладува само со храна до 4.30 5
Јас давам млеко пред да идам на работа во градинка има доручек ужинка ручек ужинка и го земам околу 4 му давам млеко и после накај 6 , 6 ипол вечера . Од 8 месеци почна во градинка.
Грчки јогурт на кри кри или олмпус кај мене сега мав се прави што има грчки. После дадов кисело млеко, јогурт, урда и сирење ама дома правено некогаш и кисело млеко правиме ама ретко, едвај 3литри наоѓаме и гледам тоа да е за сиренце и урда да има за него. Грчки со овошје е супер за ужинка. Воведи без мислење.
Majki bebeto mi e 5m, prvo bebe iskustvo nemam. Nemam ni so kogo da se konsultiram. Znam deka ima mnogu pisuvano vo temata. Ne mi e jasen delot kade sto otkqko ke se probat ete ovosjata I zelencucocie koi se predvideni se vmetnuva obrok. Potoa I vtor. Sto treba da sostoi prviot obrok nautro(dali zitsrka dali ovosje dali zelencuk) sto vtoriot obrok? Dali otkako ke se isprobat vkusovite treba da se mesaat namirnicite ili kako? Ve molam soveti.
И јас сум нова така да поискусните слободно нека ме поправат и дополнат, ние почнавме со вкусови од 5+ (5 месеци и една недела). Прво ми беше план да давам по 2-3 дена наизменично да пробува и овошје и зеленчук, ама по совет од педијатар прво проба се од зеленчук (скоро) и после дури продолживме со овошје. После вкусовите веќе треба да воведеш еден оброк (доручек или ручек), ние почнавме со ручек, зеленчуците измешани значи од неколку различни комбинација каша, со тоа што јас насабајле давам и овошје, или нов вкус што нема пробано сеуште или исто, комбинација од 2 овошја обично, и за ручек зеленчукот. Житарки се воведуваат малку подоцна, додуша секој различно ама јас ќе почекам до 6++ изгледа (обично по се што сум читала овде наутро даваат овес, ориз со овошјето, а до ручекот просо, палента, итн.). Еве ти и од матичен што имам во врска со исхраната, се надевам ќе ти е од помош: So 5.5 meseci pocnuvate eden obrok dnevno (vareno pasirano SO VILUŠKA ovosje ili zelencuk), na pocetok po 5-6 lazicki, kolku za proba, a potoa kolku saka. Od ovosje moze jabolko, krusa, praska, sliva, banana, tikva, dinja, samo citrusno ne...a od zelencuk kompir, morkov, tikvica, piperka, brokula, karfiol, spanak, blag kompir, so polni 7 meseci boranija i grasok, samo grav , leka I zelka ne (tie posle 9 meseci). Znaci, prvite 2 nedeli probuvate naizmenicno ovosje-zelencuk po nekolku lazicki, a so polni 6 meseci i davate cel obrok 1 x dnevno, kolku ke saka da izede (max 150 -200 gr). Pred da napolni 7 voveduvate dva obroka- ovosje nautro, a na rucek zelencuk (vo rucekot moze da se dodava lazicka maslinov zejtin ili puter, malku kromid, praz, luk, magdonos- kolku za vkus, a vo ovosjeto nautro moze ds se kombiniraat i bezglutenskite zitarki-oriz,palenta,proso). Posle sekoja kasicka nudite so voda- od sise ili casa, kako ke saka da prifati, i moze da pie i do 100 ml dnevno. Vodata ke ja nauci postepeno, vo pocetok ne ja prifakaat bas. So polni sedum meseci za dorucek moze da se dava zitna kasicka (proso, palenta, oves, oriz, griz, mesani zitarki) so ovosje, I zadolzitelno treba da ima rucek- zelencuk I meso 3-4x nedelno (meso se pocnuva nekade okolu 7mi mesec- najcesto telesko, ni moze i pilesko i misirkino po 30-50 g). Pred da napolni osum meseci se voveduva vecera, a toa se povtorno zitarki...kako mlecna nokna kasa. Vo toj period se voveduvaat I mlecnite proizvodi- jogurt, kiselo mleko, nesolena urda, I tvrdo varena zolcka (postepeno, pred da napolni 8 meseci) Do devet meseci otprilika sleduvaat tri obroci, no sekoe dete e razlicno, ne se opteretuvajte kolku kolicinski jade, toa e individualno.
Да се надоврзам на постов горе, кога сте вовеле житарки и кои? Кај ги купувате? И колку се рачуна оброк количински, 200-250г доволно ли е?
Почетни житарки се ориз,просо,палента, Semolina(гриз од ориз) . Ги воведов после пробување на поголем дел намирници,од прилика по еден месец. Откако почнав со воведување житарки истовремено воведов и прв оброк. Јас прво воведов појадок. Количина на почеток треба да е околу 125г (колку малите теглички на готови каши) Просо и Семолина-Хип купувам во Зегин, палента и ориз од маркет.