Мајки домашно пилешко да замрзнам сварено во тегли можи?уште немаме пробано па сакав додека имам сега да замрзнам или не е пожелно да е замрзнато? Ваше мислење
Фала мајка,некаде наназад прочитав да не е сварено,ама веќе го свариле кај моите,а сакав да замрзнам да имам
Ne, iako e ubavo svareno, go vadam i dodeka go varam zelencukot go stavam pak mevceto da se vari i posle blendiram.
Dali moze da svaram po 50 grama meso za nego i da go zamrznam pilesko i relesko oti sekoj vtoe den treba da jade vekje meso pa taka dali ke moze da pravam
Сакам да почнам да давам доручек веднаш штом ќе стане бебе, а прилично е нестрплив за јадење сабајлечки и до сега прво млеко давав, па после 2-3 саати доручек. Смеам ли да сварам овошје дента претходно и во пластично да го чувам во фрижидер до сабајле, па сабајле само да блендам и измешам со житарица? Ми е страв да не се расипе или скапе што знам..
Подобро е да го изблендираш па во фрижидер но не во пластично, најдобро во стаклен сад. Нема да се расипи за неколку часа
Здраво да прашам телешкото колку време го варите, и дали ке може да го замрзнам со течноста што се варило во него, бидејќи ми го донесоа замрзнато па го одмрзнав да го сварам
А да те прашам дали прво треба со купечка каша па одкога ке проба после да се блендира? И како ги правиш кашичките дали додаваш вода да се потечни или без ништо блендираш и му ја даваш таа густина? Малце ми е страв да не направам погрешно нешто..
Е и да направиш погрешно, така се учи. Ќе пробуваш. Има одредени зеленчуци,овошја што примаат вода па не треба да додаваш. Твој избор е. Јас прво земав готови да видам текстурата каква е па после почнав да правам дома, а и поисплатливо е
Еднаш одмрзнато не се замрзнува пак. Тоа е општо правило за храна. Јас на бебе не би дала 2 пати замрзната храна. Иначе месо купувам свежо, го сечам на ситни парчиња, го варам, и го замрзнувам. За јадење го пуштам во водата кај што се вари зеленчукот само да се одмрзне.
Можеш. Бидејќи сега вториот пат го замрзнуваш варено. Не смее да се замрзне еднаш одмрзнато, но тоа важи само доколку го мрзнеш пак неготвено. А готвено, смееш. Јас 30тина минути го варам. Иначе свежо го замрзнувам, не варено. Пред да го мрзнам ситно на коцки го сецкам и двојам по порција, го вадам сабајлето парчето, и го варам заедно со зеленчукот. Затоа што варам 50тина грама и ситно сецкано, тоа време е доволно. Зависи колкаво е парчето. Ќе го пробаш и ќе видиш дали е варено на вкус, и дали се делат мускучните снопчиња на мевцето.
Некој да ми каже дали може две житарки во ден да дадам во различни оброци? За доручек проба семолина денес и му се свиѓаше ептен, сакам во ручекот да му дадам ориз со зеленчукот.