Дали ако бебето е 4 ипол месеци и еден оброк му е заменет со овошна каша треба да му се дава и вода веќе?
Од рубриката прашања кои ме мачат: 1. Колку дена давате нова намирница? 2. Не можам да најдам домашно пилешко, може ли да купам био и такво да дадам?
Кој овес го давате, бебе 7++ прв пат ќе воведам. Дали е подобро овес да го варам или овесни снегулки? (Нели ги хејтаат тие ептен) @Nataliii мајче јас 2 дена макс од млечниве давам, дрѕго се по еден ден.. е глутени, јајце, путер од јатки тоа мислам полека ќе терам до 3 дена (ептен ми фуфка) Домашно пиле ако не најдеш има каша од пилешко чисто на Холе во Зегин, или најди од оние пилињана што пишува дека се демек небоцкани
Јас иста недоумица имав ама кога барав лупен овес на сите што ги најдов пишуваше дека содржи глутен и заоа земав безглутенски овесни снегулки. Ги варам кратко, пуштаат слуз па мешам со овошје
Сега сме на два оброка. Е сега кога воведувате нова намирница ја давате одсабајле? Јас планирам да дадм телешко се уште не сме пробале но сега ако го дадам ќе треба да го дадам за доручек? Некако ќе му ги измешам доручек и ручек или нема врска?
Овес јас давам на хип инстант безглутенски ама мислам дека во Мк го нема. Месо исто само 2 дена даваше, некаде прочитав дека треба една недела да се воведува, некаде прочитав еден ден даваш еден пауза и на крај од многу читање главата ме заболе.
Има на Холе овес исто како што има и Семолина, ориз и други житарки, јас земав од Зегин и ќе дадам деновиве. После тоа планирам да барам од дм безглутенските снегулки па такви да давам, ама овие инстант житарките и за на одмор и за брз оброк се стварно топ.
Епа упс хахахахаххх Јас 3 4 дена во недела гледам месо да има. А давав по 2 дена. Проба и теленце и пиленце и мисирче арен е вака 8кг пробивме
Хахахха и јас дадов телешко само 2 дена и отпосле го прочитав тоа. И мојава е околу 8 кила само што сега е многууу поактивна и ќе качува на килажа бавно. Само нека се живи и здрави се откажав од фактот дека ќе јаде
Значи нрзнам што да правам и како беебе почнива ако не од 2ри од 10-15 септември фиксно в градинка, незнам како да дадам белка и кравјо млеко, ми фуфка да не направе реакција незнам дали белката диретно или преку пр. Тарана или како. Да не дадам па ич не бива ако веќе направе недај боже реакција подобро мене дома отколку в градинка и незнам како да правам некоја со сличен проблем И да дали некоја го пробала она као да намачкаш на ноже белка и ако нема црвенило нешто слично нема да пшојаве реакција, јас ја намачкав нема ништо околу пола саат појавено
Од кое мисиркино зема? Моево дете како ќе му прдне така јаде . Вчера бучкуруш еден цел го мавна (тиквица, брокула, модар домат, карфиол, морков, компир, пиперка). А сфатив кромид ако има не ја јаде и готово.
Земав од верото мисиркин стек хмммм да не беше перутнина или виндија едно од тие го поделив по 50гр и замрзнав. Вчера јас го отепав со комбинацијата Кромид,зелена пиперка, тиква,брокула,морков ја изеде ама после кенкаше изгледа го болеше меше, мене киноа ичч не ми сака
Со што житарки комбинирате ручек? Немаме пробано жолчка и месо сеуште, само со ориз јадеше до сега па денес му дадов семолина со брокула, пашканат и тиквица, дека сабајлево ми поврати палента со јаболко и слива кога му дадов да проба прв пат палента Исто така изеде многу повеќе денес, 370 грама била кашата само отвараше уста ми е страв да не го прејадам