Моево е 6+ и јаде семолина на холе веќе неколку дена, во аптека препрашав 15 пати дали сигурно е се без глутен кога купував житарки и евеее сега да не ми кажеше ти немаше да препроверам се можно на интернет. Ми се плаче одма пишав на педијатарката дали да прекинеме, морав да се исповедам
За секој што дал предвреме ко мене - ми врати педијатарот дека не е ништо страшно и да продолжам да му давам, многу мала количина имало глутен важно се преплашив па памет за друг пат за воведување намирници
Само што купив вчера и јас за бебе 6 месеци и мене во аптека ми рекоа нема глутен. Разговоров денес како порачан
На наше поднебје интолеранција на глутен е ретка. На двете деца им давав семолина мегу првите намирници.
Semolina значи пченичен гриз и содржи глутен. Постои и пченкарен (гриз или пченкарно брашно или палента) кој не содржи глутен. Може да се најде и оризов гриз или дома да го смелете во блендер исто ќе му дојде. Глутен се дава 7+.
Кога почнавте со вкусови? Педијатарот ми рече на полни 4 месеци дојди да ти објаснам како да почниш со вкусови. Не се почнува на полни 6 месеци? Бебето беше на комбинирана исхрана сега пие само ад. На последната контрола имаше ставено 900гр. за еден месец, претходната контрола 1кг за месец. Јас мислам дека добро си качува килажа, не знам зошто толку рано да почнуваме. Какви тањирчиња и лажички користите? Знам пластика треба да се избегнува но не сум многу упатена за други работи, се ми е ново. Како приготвувате? Варено, на пареа, готови кашички купувате?
Јас на 5 месеци и една недела почнав да му давам, ама индивидуално е имам другарка што почна од 4 месеци без совет од никој, сама така си одлучи и бебето прифати ептен добро. За тањирчиња и лажички јас силиконски купив, имаш и за нарачување од разни страници ама имаш и по бебешкиве продавници и аптеки. Јас од почеток почнав домашни да му давам, варам во тенџерче и пасирам или блендирам со рачен блендер, ама имаше и работи што ги проба купечки (брокула и тиква купив кашички, не можев да најдам свежи), исто и му земав од Зегин за викендов кашичка со спанаќ да проба дека свеж не наоѓам.
Kus kus kako pravite? Ne sum pravela do sega ni za golemiot ni za nas, zemav za malovo da probam. Inaku majki ve citam ova trebalo toa netrebalo od volku meseci od onolku meseci..i jas bev takva so prvoto pa i beter bev. Opustete se, uzivajte vo nivnoto detstvo dur trepnete hamburger ke jadat. Toa go nauciv so dve sosem razlicni deca vo pogled na hranata. Malovo uste nama godina letovo bato se i vovede od sladoled do sirenje
Jas dadov preku sirup od urmi, vo nekoja pokisela ovosna kasa malce dodavam. Inace na 7+++ prv pat dadov.
Мајки здраво, До сега бебе проба морков, тиквичка, тиква, јаболко, праска, авокадо, банана и крушка. Ми останаа за проба компир и брокула но некако не ми се брзаа со нив. Е сега бидејќи за неколку дена не очекува вакцина.. би останала со истиве намирници што ги има пробано.. сакав да ми препорачате со што мешате тиквичка (ми остана цела во фрижидер ), и што им биле омилени мешавини на вашите малечки?
Јас давам тиквица со морков, со морков и брокула, со пашканат, сладок компир исто можеш да измешаш. Од ова што си дала реално и нема многу избор за комбинација бидејќи повеќе овошја имате пробано, ама тиквица има опција со што сакаш понатаму да даваш, моево јаде тиквица и морков по 4-5 пати неделно некад.
Majki grasok, od koga davate. Nie za nekoj den 7 meseca polnime. Po internet sekade razlicno. Pedijatar vika moze
Мајки, бебињата кога се само со оброк доручек смеам ли првиот оброк да го давам кашичка? Бидејќи моето некогаш станува покасно околу 8:30. Му давам прво млеко па дремнува па после кашичка му дојде веќе како ручек. Не знам дали е некој проблем за некој ден сме на педијатар, ќе прашам, но еве да се консултирам не можам да чекам толку цело време го мислам дали е ок.