Знам дека прашањето не е за тука но не можев да најдам друга тема само за суво какање,од кога воведив и 2 оброк многу тешко се кака се напнува многу а малку кака и тврдо како топчиња,секој 2 ден давам слива,јаболко ама нема некоја промена не давам ориз и морков Секое мислење,совет ми е добредојден 7++ сме
Ај пример на мени што даваш пиши за да видиме што прави мака. Моево исто се мачи од киноа,морков, ориз,палента... се што е посуво да кажам ама затоа обавезно додавам сливи,круши, брокула измеѓу..чај од анасон на бејбилов од дм земав без шеќер.. па помага колку толку Ако видиш скроз суво следни 2 оброци дај нешто лесно, додај јогурт, гр.јогурт да му помогнеш па после продолжи со месо такви работи
Исто, ако нема слива и круша еден ден, следниот одма потврдо кака. Банана скроз престанав да давам. Мора да експериментираш, што му помага што му смета. И вода колку може повеќе да се нуди. Не дека ќе испијат многу, ама секоја голтка помага.
Моево е месец помало и исто има тврда столица, педијатар ми пиша ова да убацам бар во еден оброк во денот: круша, праска, кајсија, рибизла, боровинка, спанаќ, блитва. Вчера и завчера праските ептен му помогнаа, и брокула исто. Денес баш спанаќ ќе дадам па се надевам и тоа ќе е од помош.
И ние бевме така. Штом дадам ориз, компир, тешко му е. Но, тоа што му помогна е водата. Ако дента не пие многу вода, следната ден веднаш е проблем. Инаку колку вода и да му давам толку пие. Ја сака. Од кога почна со боровинките и рибизлите? Мене матичната ми рече да дадам тек после годинка. А сакав да дадам, дека сега се во сезона.
Уште не сум, и јас така знам дека барем 10 месеци треба да е за да воведеме тоа, па се зачудив. Ќе одиме за некој ден и баш ќе препрашам пак, затоа за сега само другиве ќе ги давам.
Појадок Слива со јаболко Просо со јаболко или банана Палента со грчки јогурт,авокадо со ад,тиква.. Ручек компир и блитва,брокула,пилешко со компир,тиквица јогурт со спанаќ оваа недела вака сите овие работо ги јади ги сака не прави проблем крушата не ја сакаше ни на почеток ни сега Бананата и компирот да ги тргнам? Не знам веќе што да и давам ориз и морков не давам сега и ова ако не и дадам секој 2 ден ќе треба исто да јади
Фала на сите мајки❤️ ќе пробам сега цела недела праска,кајсија слива,блитва,спанаќ,просо,јогурт за појадок вака ќе мешам цела недела да видам дали ќе се среди а за ручек немам идеа што да и давам
Што им давате на бебушки надвор кога шетате? Мојава е стрвка, не дај боже да отвориме нешто за јадење, одма отвара уста да проба и она..некои бисквитки нешто, не знам што е дозволено...скоро 9 месеци е..и за дома да и давам нешто да си грицка
Во дм имаш бебешки смоки. 100% пченкарно брашно, на ништо немаат вкус, ама како џиновски стапчиња се, има за глодање да се занимава. Истите ги има и во форма на поголема смока, ама мене овие најголемите ми се најсигурни.
Првото дете ми немаше заби до покасно, само тарана сум давала откако беше воведено јајце. После кога доби катници, почнав со најмалите макарони, како за салата што се ставаат, ама тоа сигурно беше на повеќе од година.
Jaс уште не сум вовела, а моја другарка на 8м му даде шпагети, со вилушка иситнети, пошто се без јајце, а јуфки и слична паста со јајце, после година. Читај состав кога ќе купуваш, но шпагетите и макароните Riscossa и Divella се без јајце проверено.
Jaс само со овошје сум го давала, иначе со се можеш. Еве сабајлево круша, јаболко и просо. Пред некој ден, банана, вишна со просо.