-Јаболко,овес,слива,круша. -Пченка,урда или гр.јогурт, круша. -Банана, слива, праска. -Киноа/просо, јаболче, малце сируп од урма,слива. Не секој ден им се јаде исто, скок,нервоза од заби, спиени неспиени, не се секирај. Понуди за 30тина мин пак.
Се согласувам со @Fenix05 милион работи може да се причина ама на ова горе плус може да е и текстурата на кашите. Моево не сака течни каши, сака погусто и сите доручеци што се со житарки гледам да му се погусти, ручеци исто. Ако блендираш, пробај пасирај му ги кашите или обратно ако си пасирала до сега пробај потечно да дадеш. Доручек ни е секогаш житарка со било какво овошје, некогаш е едно само некогаш повеќе зависи што имам дома (слива му давам само во комбинација со друго овошје затоа што мене па сливата не ми ја сака сама по себе). Исто зависи и од распоредот, кога му даваш доручек? Ние сме на ад, и сабајле рано кога ќе стане пие прво млеко, па или презаспива или седи буден саат време и има дремка, нудам доручек дури после станување од спиење (2-3 часа размак се фаќа). Исто правам и со ручек, дремнува околу 2-3 и дури накај 4 давам ручек кога ќе стане гладен од спиење. Педијатарот така не советуваше, тајната на успешен оброк е бебе да е наспано и гладно.
Следам. Ние сме на доење, 5 и пол месеци почнав со вкусови, три дена јаболка, три круша. Сега се мислам дали утре да ги измешам или да проба морков...Некако не сака многу, со вилушка пасирам немам блендер. Тие шо блендирате шо блендер користите? И кога му давате вкус да проба? Јас после првата дремка, ама мислам подобро да пробам ко ќе стане да цица па да замине пола саат саат па да проба? Инаку ги сечкам на мали парчиња излупено и варам 10 15 мин.
Рачен блендер, го имам на делимано ама било кој ќе ти заврши работа. Сигурно ќе примате вакцина на 6м, избегнувај нови вкусови 3 дена пред и после вакцина. Додека не заменува храната оброк, не е многу важна количината. Јас прв пат кога воведував вкус, го давав како сокче цедено, по препорака на педијатарот за да го навикне вкусот. Првиот месец посебно е за навика на вкусови. Не треба да е стресно, ако не сака баш тогаш, понуди за пол час, само да е пред пладне. Со среќа
Au majka so ne probav pasirani so viljuska, so blender potecni pomalce tecni. Toj jadi ama kolicinski barem mene mi se cini malku. Stanuva otprilika kaj 7 pa kaj 8 imame dorucek pa kaj 9 i ness mleko i spie. Rucek kaj 1 pa mleko pak pa spie. E denes izede polovina cinija zelencuk i oriz za rucek pa mleko ne piese. Se najade, se gledase po bebe si zaspa samiot i spiese skoro 2 saati. Dali moze vlijaese deka bese so kovid ne znam. Banana krusa praska jabolko se probano ednas gi sakase sega ne. Za dorucek obicno davam od kasite pa nekogas dodavam ovosje. Bas gledav na youtube gi mesaat. Se nadevam ke se popravi.
Nekoja ovde da mi kaze dokolku dava parcinja idei za soleno jadenje, beba neke kasi a i dadam da dzaka nesto jade kasi 2 3 lazicki i tolku. Barav vo temata za blw ama striktno nekoi idei ne najdov
Мора доктор да даде знак за пробување на вкусови или може и сама да поччнам да си давам овој месец ќе правиме 5м. Мое молзено и ад пијат комбинирано.
Можеш и сама да почнеш. Генерално доктори препорачуваат порано да се почне ако бебе напредува премногу или премалку, ама во просек сите почнуваат на околу 5-6мес.
A по колку се даваше како оди по колку лажички. Све имам заборавено одмана синко беше бебе поминаа дуро 8 г
Само првпат вкус сум давала по 2-3 лажички, да се пази на реакција. После тоа колку сака бебе. Првото дете не јадеше повеќе од 50-70гр дури и до сила, второво сега од старт јадеше скоро 100гр.
Колку време стои брокулата свежа? Зедов една китка за пробување вкус па дали би издржала 3 дена или да ја обарам и во замрзнивач? Дали е во ред два дена пробуваме нов вкус по 2-3 лажички а третиот ден мешам со една намирница претходно пробана?
Вари одма и пакувај, а за пробување јас така правев на почеток, прво 2 дена само по себе после во каша мешано.
Bebe e 5 + ,pocnavme so vkusovi . Do sega ima probano jabolko ,krusa ,oriz i morkov. Po 2 3 lazicki , vekje 1 nedela . Prasanjeto mi e koga da pocnam po cel obrok ( dorucek ) da mu davam . I shto sledno da probame
Праска, авокадо, тиквичка, банана, брокула, пашканат, тиква, слива.. Можеш да почнеш и да ги мешаш со вкусови пример јаболко + банана и слично. Јас после 2-3 недели мислам дека му воведов доручек прво ги пробуваше сите едно по едно да не му дојде премногу на мешето. Чим забележиш дека јаде, воведи му. Би требало околу 125грама да му биде оброкот.
Мајки, Колку временски ги чувате кашичките? Бидејќи шетаме сабајлечки и поради шетањето, па додека се вратиме дома, многу касно ме фаќа да му дадам доручек. А сакам да му направам и да ја ставам тегличката во ташна и да му ја дадам таман после дремката ( отприлика 2-3 часа покасно). Сте чувале ли временски толку долго? Колку можам да ја чувам веќе изблендирана храна во тегла?
A kolku vreme probuvase eden ist vkus ? Mi rekoa po 3 dena ama ako ima nekoja alergija bi trebalo odma da pojavi reakcija , ne mi e logicno tri dena da se ceka i eden vkus da davam .
3 дена му давав и јас ахаха. Но 3 дена му давав морков, тиквичка, банана, брокула и тиква… јаболко, круша, праска, после вториот ден ги мешав со уште еден вкус. можеш да ги воведеш и сл мешавина на вкус кој веќе го имате пробано, така не би му било досадно. На пример, кај нас лично, авокадото никако не го прифати освен со банана, па не го јадеше чисто 3 дена исто и праската..