Давам јогурт со свежо овошје, блендирано и житарки, или на пример гриз варам со вода погусто, па го блендирам со овошје и Ад млеко. На подравка, од времето што е. Со бебе сликичка ...
@Bannana благодарам! Дали може да ми дадеш инструкции за подготовката на гризот? Сакам да прашам и за грицки, ми спомена д-р дека може јогурт со грицки, само не смоки. Постојат грицки без сол?
Има инструкции на паковањето за сооднос вода/гриз. Јас го варам малку подолго за да биде погусто ( одприлика 5 мин.). Грицки немам давано, но знам има во ДМ за бебиња
Мајки ве поздравувам! Здравје од утре почнуваме со вкусови. Ни дадоа листа на овошја и како да се внесува. Некој екстра совет? Почнуваме вака: Круша, слива, кајсија, праска, тиква, тиквичка, морков, jаболко и банана. Напишано е и како да се внесе и да се стигне до 100гр. Дали вие ги мешате? Или мора стрикно да е еден вкус?
@Trupko цвеклото се вари со лушпата заедно за да не смени боја и да не губи хранливи состојки. Јас го варам пола саат. После тоа го лупам сечам на коцки и редам во послужавник и во замрзнувач. Откако ќе се замрзнат во шластична кеса ги ставам и враќам во замрзнувач. Вадам по потреба по 2-3 коцки за еден оброк. Ние сме со кашички. Вие бидејќи јадите парчиња јас би го сварила цвеклото и потоа би исечила на лентички па само да си ги фати и да си ги стави во уста. @Fenix05 и јас планирам да дадам жолчка нареднава недела. Мене педијатарот ми рече ако немате историја на алергии во блиска фамилија не мора со 1/8 да почнуваш почни слободно со,1/4. Па така и планирам. Само не знам во која комбинација да ја дадам. Кажи ако знаеш.Со млечно ете не требало да се комбинира поради железото што го содржи жолчката. Со месо не, со овошје не, е со што Исто и глутен немам дадено и не знам со што да почнам.
Јас жолчка на сите три со пасирана банана им мешав, не се осеќа на вкус и не лепи. Со друго никогаш не сум ја мешала зашто вака ми била успешно протната За глутенот со лебче почнав пошто ме гледаше како јадам и му дадов да проба.
Офф не знам ние сме следна недела на одмор па ќе почнеме од 16ти, баш ќе прашам ќе ти пишам. Гледам со палента комбинираат. Види и starting.solids на инста се добри
Мајки, бебе 8 месеци. Воведувам и вечера, ама немам идеи. Докторката вика млечна ноќна каша. Да молзам нема толку. АД не сака. Освен инстант кашине млечни, што можам да дадам? И какво млеко содржат тие? Млечни му воведов, јогурт, урда, павлака, грчки, котиџ...
Да пишам тука јас прв пат видов, може некој од вас веќе и видел и купувал. Освен класичните кашички за бебиња во дм од 125-190г, имаат и големи тегли различни миксови овошја, 100% овошје иста конзистенција и густина како и кашичките, како на сликава од 360г. Имаат рок на употреба 3 дена по отварање, стојат кај мармаладите.
Сега ке почнете само со вкусови. Тоа значи по неколку лажички, мах пола тегличка од малите на Хипп (тоа е околу 60гр) или две супени лажици. Повекето според оваа табела се водиме, и матичната мене истите намирници ми ги кажа. Обично повеќето советуваат по 3 дена од еден вкус, за ако даде реакција од тип на алергија, да знаеш од што е. Но, јас по 2 дена давав. Тоа сепак како ќе ти каже д-р. Ако бебето е 6 месеци, можеш да почнеш со пасирана храна со вилушка, или BLW ако пдиш ќе си читнеш по нет за тоа. Варено обавезно за почеток. Свежо само авокадо и банана. И лубеница и диња. Ако е бебе 4-5 месеци, блендирај. Со малце водичка од каде што се варело, или ако додаваш, да не е тоа од чешма, јас Бебелан земав, сега Роса. За конзистенција ке видиш, зависи од бебето. Многу не прифатиле блендирано, а сакале парченца и обратно. Јас блендирана давав, пошто се давеше мојов парче ако осети (8м сеуште е таков). Можеш да купиш готови неколку за почеток колку да осетиш структура. Некој почнуваат со понеутрални вкусови, или зеленчук, па продолжуваат со овошје. Јас давав наизменично, што ми дојдеше на памет, секако според списокот на дозволени намирници. Откако ке ги поминете тие проби на вкусови, ке почнеш со воведување на оброк-доручек. Јас го давам после прва дремка. Тоа го правам со 2/3 овошје или зеленчук, и со 1/3 житарка. Или пола-пола, како ќе ставев зависи. Вкупно околу 120 грама давав тогаш, една мала тегличка од Хипп. Од житарки, за почеток безглутенски. Тоа се пченка (палента), ориз и просо. После еден месец, до месец и пол од воведување доручек, ке почнеш со втор оброк-ручек. Значи сепак се зависи колкаво е бебето и со кое темпо ќе одите ке ви каже педијатар. И штом почнете храна, ке почнеш и вода да нудиш. Прочитав дека правилото е колку месеци е бебе, толку мл. Пример 6 месеци, 60мл вода дневно. Мојов сеуште толку не пие, едвај 20мл во ден преку сила, ама цица и надоместува. Брокула и тиквичка самостојно не ги сакаше, па ги воведов подоцна во комбинација со друг зеленчук што ми беше веќе пробан (компир на пример). За проба, еднаш на ден. До 14h се препораките, за да не има реакција па навреме да се реагира. На почетокот може бебето нема да е воодушевено, ама ќе стигне таму. Синко сега, кога му местам лигавче веќе почнува да припаѓа од возбуда дека ќе јаде. Инаку, мерам на вага, или како што кажав тегличките на Hipp ми се ориентација. Една мала тегличка е 125гр. Варам пасирам, полнам тегличе. Малку потешко одеше и какањето. Цела недела по малце, и во недела не частеше со експлозија до врат Така првите неколку недели додека се навикна на поцврста столица веројатно. Круша, слива, праска помагаат за дигестија. А ориз, банана, и сладок компир може да направат запек. Еве сама си се ископирав од претходно, ме мрзи на ново да куцам П.С. Зависи што, јаболко круша чисто го давав, а тиквичка брокула ги мешав. Пробај со чисто првиот ден без мешање, да видиш како вкус дали ќе го сака, а после можеш да мешаш со веќе пробани... @LeL15 Која цена се овие?
Две недели како пробуваме вкусови ама цело време плука не стигаме ни до 3 лажички. 6+ сме се надевам дека ќе пројаде. Зеленчук поминавме почнавме со овошје јаболко само вчера и денес ама пак плука. Дали да ги поминам овошјата па да вметнам житарици или може и сега да пробам?
Мојов исто вришти пишти. Стигнавме банана 11 лажички едвај со млеко мое. Денес круша, тотален неуспех. Како да не е спремен, воопшто не покажува интерес. Утре 6 месеци правиме. Не знам што се прави во вакви моменти. Исто сакам да прашм за вакцина, треба во понеделник да прими, дали тој ден да прерипаме вкусови или како оди
Нас ни кажаа откако ќе прими вакцина 2-3 дена да не пробува нови вкусови и да јаде тоа што има пробано. Туку јас друг проблем имам. Моето ќе јаде кашичка околу 150гр пр. Палента и овошје. Јаде бавно со молење. И после буквално еден час плаче како да нема јадено пет дена и морам млеко да дадам да се смири. Си велам можеби овошјата за доручек не држат и се мислам да вклучам бисквити веќе да видам дали ќе биде најаден барем 2 часа. Ова мачење ми е веќе барем млекото да го пие како што треба, но и тоа пиеме пола час, се друго е поинтересено.