Ovaa e instant, ne se vari, samo so topla voda se poliva i se mesa. Drugite standardnite se varat. Sto vika @Mumoftwo30 , povkusna e obicnata, barem na mene mali ja jade sekakva, pcenka-palenta omilena zitarka mu e.
@Mumoftwo30 , @DaisyDream фала ви. Малку сум изгубена. Не знам што како да му давам. За 2 недели полни 6 месеци и има еден оброк наместо млеко кој што е овпшје и не сака да јаде ништо ако не е благо. Зеленчук јок. И сега барам што како друго да воведеме бидејќи докторот упорно ми вика дека е спремен за втор оброк.
Ставај малку овошје во зеленчукот. На почеток му го мешав пола јаболко/круша, пола зеленчуци, и полека намалував сооднос. Еве веќе цела недела веќе си јаде ручек само со зеленчук. Им треба време да се навикнат на вкусот. Сум слушала дека им ставаат и банана во компир манџа само да ја јадат. Смешно ми беше, па еве ми дојде на глава...
Така правам, во се ставам јаболко или банана. Повеќе е овошје отколку зеленчук ама барем внесува колку толку зеленчук.
Нема супер е,кај вас? Туку прашање дали се десило на некоја мајка. Прв пат да ми исповрати буквално цела каша, се најаде си јадеше колку сака (готова пробана каша од компир,тиквица и грашок) и бараше многу вода прв пат од клунчево му се виде изгледа и интересно пиеше кратко пред да јаде одма после јадење (може јас згрешив) и одма исповрати огромен млаз цела каша и водата Мислам не може да е од жолчката таа ја изеде сабајле во 9 а ова сега одма ручекот го исповрати? Мислам дека е од водата ама дали да се сомневам во грашокот или така се погоди? Втор пат јаде грашок првиот пат проба 2 дена по ред немаше реакција.
Mislam mu ima dojdeno mn naednas so vodata, eden amerikanski nutricionist sovetuvase najmalku 30 min posle jadenje da se dava voda. Barem jas vaka gledav od onie reels na fb
Здраво мајки! Каков грчки јогурт давате? Го има со различен процент на масленост: 2%, 9%; 10% Кој е подобар? Бебе обожава грчки, со се го јаде. На јогурт и кисело млеко се мршти.
Навечер што даваш,некој пример и кое време? Беба заспива 7.30 8 макс па сакам да завршуваме со млеко нели до 1 година е препорачливо старт и крај да е млеко ама не знам што. Гледам сите ноќни каши се со млеко дали да молзам и ставам или?
За една недела почнуваме со воведување на цврста храна,па да прашам како ја блендирате храната за бебушите? Барав некои помали блендери за бебе ама повеќето се со лоши препораки на интернет и tommee tippee што е готвач и блендер (ама 14.000 ми е некако too much).. или од обичниве блендери некој да ми препорачате што ви се покажал добар?
Бебе заспива 8.30-9 ч, па вечера давам одприлика кај 6 ч. Најчесто: палента со грчки; гриз со банана/вишна/круша, цимет и АД; јогурт со овес и банана; грчки со лебче ... одприлика тоа вртам, немам многу идеи што. Да ми е воведена жолчка може би пробала и некој мафин со грчки/ јогурт. Спанаќ би давала со палента ама немам нетретиран, и уште не ми е воведен. ЕДИТ: просо со банана и АД
Како оди со blw? Бебе покажува интерес кога јадеме ние ептен, ама мм паничи мал бил уште на 8ипол за парчиња
Нутрибулет имав уште пред да родам дете, го користев со првото дете пред 5год и сега со второто. Единствената мана е само што не можеш да направиш 50гр, мали количини се лепат на чашата и не може да се изблендираат. Се што се јаде свежо, го блендирам дирекно, евентуално малку вода додавам ако е посуво, нема потреба од варење на овошјата. Месо исто блендира совршено. Имам и готвач на пареа со блендер, остава грутки и бебе не ми ги сакаше кашите. Понатака како почнуваме со погусти каши и парчиња верувам дека ќе го користам и тој, ама за мене нутеибулетот е незаменлив.
Па и мене ми беше тоа чудно. Некако преголем ми е тој блендер за само едно овошје да се блендира.. Ај банана, слива, авокадо може и рачно да се испасира, ама пример како би се изблендирало само едно јаболко или круша сега кога ни е само за пробување вкусови? Валда ќе мора прво да се свари па потоа да го испасирам?! Ќе си земам и јас нутрибулет, очигледно му нема конкуренција..