Мое мислење е дека бебе е многу мало за толку многу оброци. Моето е 11 м. со 3 оброци и пак се буди навечер за цицање.
Колаво е бебе? Додавај житарки 1/3 во каша ( од оние шо ги имаш воведено), ќе го држи сит повеќе време. Вака само овошје неможе да се најаде - како десерт му доаѓа.
A kako se spravuvate koga ne otvara usta I frla lazickata? Zelencuk nejke da slusne. 6ipol m e, ne smeam da stavam sol I maslinovo... Pomos kazete nekoja ideja, nacin
Кои житарки ги имате воведено? Просо, палента, киноа, ориз??? Ставај му по малку и житарки за да го држи сит.
пробај мајка парчиња, дај му контрола на детето, дај му да ја допре и лажичка и храната. син ми исто фрлаше, меѓутоа цело време му дозволував да се шлапа и не сакаше да јаде со лажичка туку исклучиво сам или јас да му ставам директно во уста(парче).
И моето беше исто, за зеленчук уста не отвараше на почеток. Со тек на време си пројаде. Пробај разни комбинации, ако нешто јаде ставај го во мали количини во секоја зеленчукова. Твое е да нудиш. Сол не смееш, маслиново можеш од 6 +
Нудам секој ден, а дали и колку ќе изеде секој ден е различно. Моето е скоро 9 месеци и имаше период кога не сакаше ич да јаде. Претходно по неколку лажички и толку. Сега сака овошје, зеленчук не и така во круг се вртиме. Уште не можам да му воведам асално втор оброк, ама тоа е, трпение. Ќе пројадат, кое порано, кое покасно.
Да, обичен ориз за бебе не варам додека блендирам кашички, чисто дека ми е полесно да го направам тој во прав. Кога веќе давам парчиња, тогаш обичниот ориз е супер.
Со кои житарки почнавте ? И како редоследно ги пробувавте ? Бебето е скоро 6 месеци . До сега има само палента и ориз пробано
Здраво. 8м е беба бевме на педијатар тежи 9.480 и 77цм, а пред еден месец 9.200 74цм многу малку е ова? Педијатар рече супер си е детето ама мене ми е на мисли цело време. И сеа сакам да му воведам вечера. Цица кога ќе стане,доручек,цица пред спиење,(ако спие повеќе од 1ч) цица кога ќе стане,ручек и после натаму е млеко и деновиве му давам овошни каши и ми се чини гладен. И што се дава за вечера? Како да правам? Да ми подели ум некој
3см за еден месец ич не е малку. А килажата нормално дека нема да качува по едно кило секој месец како на почеток. Мојов качуваше по кило ипол 4 месеца, па после од 4от до 6от месец едвај 300гр. Сега еве до 7 мес пак качил малце повеќе. Ако јаде и цица да не го мислиш. На овошните каши обавезно ставај житарици, или веќе можеш и бисквити. Да не е само овошје ако мислиш дека не го држи.
Може ли некоја мајка да ми каже кој сооднос треба да го имаат оброците овошје,зеленчук,житарка,протеин, млеко ноќни или каде да купам некоја книга? Може не се најадува денски доволно мала количина да не ставам па да сменам нешто
На ова возраст можеш просо, киноа, амарант. Нема некое правило по кој редослед да се дават. Не очекувај дека ќе качува на тежина како досега, дури може да има период и да стагнира. Сега движат, не застануват, мн.трошат. Важно е до година да ја триплира родилната тежина. А и штом педијатар ти кажал дека е супер, нема простор за мисли За вечера се дава млечна каша.