Какво тестенини да дадам? На 9м Жолчка пројдовме 1/2 ама белка не сме па ваљда да барам посни ама кој бренд? И смокви дали во шмукалка свежи?
Majki dali I kd koga moze da se stava melena plaza vo kasicki? Ili nekoja druga biskvitka. Bebe voopsto ne e zainteresiran za kasicki.
Јас почнав со 1/4 (со 1/8 ако имате алергија на жолчка во фамилија) 2 пати неделно мене ми се фати четврток и недела, секоја следна недела зголемуваш по 1/4 за да стигнеш до 1 цела. Давав во доручек за ако има реакција да е поранко. Со банана, сладок компир, во млеко можеш, палента... јас сакав да прашам во ручек дали можам да мешам со зеленчук ориз во денови кога нема месо?
Jas samo zolcka vovedova dadov makaroni na divela od malite da ti kazam pravo ne mi ni teknalo deka ima posni. Smokva dadov so banana i oves
Пример утре да дадам 1/8 па среда и четврток пауза, петок пак? Инаку за во ручек мислам дека можиш да ја мешаш слободно, гледам има такви комбинации.
Малово ептен сака да јаде и осеќам дека не е најаден некогаш особено кога јаде зеленчукови каши, а јаде по 200 мл каша, а по оброкот по некое време плаче за млеко. Од зеленчук на 5.5 месеци што можам да воведам друго да го држи сит? До сега има пробано батат, морков, брокула, тиква и тиквица. И ориз, семолина и палента исто така имаме воведено.
Така и му ги правам. Мислев дали можам да воведам некој друг зеленчук или да тераме со овие што ги правиме дур не направи 6 месеци?
Тие работи што ги имаш наведено и јас ги давав до 6ипол месеца, исто бебе јаде по 200гр. На 6ипол почнав со месо, не направив некоја посебна разлика дека сега повеќе го држи. Пак си јаде по 200гр, мислам дека и повеќе да му дадам и повеќе може да изеде, ама некако ми изгледа премногу (првото дека не ми јадеше ич) па за сега повеќе од 200-220 не му давам на оброк.
Во контект на муабетов погоре, вие со деца што многу јадат, колку најмногу давате каша? Бебе ми е 7мес и скоро 9 кила, и не само што јаде, туку и се лути кога ќе го тргнам чиничето. Обично мерам околу 200гр, без разлика дали е овошна или зеленчукова каша, ама на 2 пати имам пробано да му дадам повеќе, демек да видам колку ќе јаде. Изеде 260 и 280гр, и пак јас го прекинав, и пак се лутеше зашто не давам уште. Не ми е целта да му дадам 400гр па да поврати, ниту да му го товам желудникот непотребно. Ноќе не цица, значи не е дека е нешто посебно гладен, ама на секој оброк се однесува како 3 дена на диета да бил. И се извинувам за муабетов на мајки со деца што не јадат, првото не ми јадеше повеќе од 50-70 гр, така да ја знам нервозата кога читаш како други бебиња јадат цела тегла...
Јас секогаш сум давала колку што сака да јаде, не сум мерела никогаш. Мојот јадеше сам и се додека бараше му оставав храна на хранилка. Никогаш се нема прејадено, ни па исповратил. Мое мислење е дека си знаат колку им е доволно. Нареден месец 2 години ќе полни, количински јаде повеќе од мене и како што викаш секој оброк се однесува како на диета да бил 3 дена.
Со млекото изгледа ко да има осет колку сака. Цица преку ден, пред спиење давам ад. И за цицање сам престанува, и шишето навечер го трга кога му е доста. Ама за каша до сега не одбил. И обавезно вика штом се тргнам со чиничето. Првото дете на иста возраст јадела едвај 50гр, и сега и 200 ми изгледаат многу. Ама она и сега е ко страчка, пак бебето јаде повеќе од неа
Моево почна каши да крка ептен, скоро 9м е рекорд беше 340гр купечка, ама вриштеше ако тргнев и затоа реков остави нека се најаде. После не се исповрати ни се жалеше вчера исто 260гр домашна со месо ориз 300зеленчуци после ам ам уште па свекрва ми и банана му испасира затоа секогаш правам повеќе за ако сака да дадам. А е 8.400гр и 75цм, само образ на него Ама мислам млеко не пие доволно зошто цицнува 2 3 мин и се трга станува
Искрено не би го ограничувала, ако сака уште давај му. Лично сметам дека ограничувањето, исто како и давањето на храна со сила, создаваат нездрава релација со храната што пак создава проблеми понатака во животот. Штом со млеко има осет, ќе има и со храна.
Здраво сакам да прашам:Бебе ми е 6месеци и дали смее да се приготвува палента и на кој начин? Почнав да и давам и беби гриз на хипп значи го обожава.Некоја друга идеја за(комбинации)кашичка ако имате да ми пишете. Пример јас и правам и зеленчук со пилешко(мало парче) ставам брокула,морков и пилешко и обожава да јаде.И немам веќе идеи искрено
Симни си апликација Бебе Готвач, имаш идеји баш по возраст. Иначе немој да мислиш дека којзнае што даваат другите, сите на почеток сме со истите 5 намирници, особено додека јадат само блендирано, пасирано.