Авокадо освен со банана со што мешате? Вчера прв пат проба чисто а денес со банана ама не и се свиѓаше. Мојава јаде 50-80гр блазеси ви на тие што ви јадат повеќе. За 3 дена ќе направи 7 месеци па што воведувате од млечни производи? Имам домашна урда и кисело млеко и дали да воведам прво месо или млечни производи?
Авокадо можеш во се да ставиш, и благо и солено. Јас повеќе за ручек сум го давала пред да воведам месо дека најадува многу. Јас на 7мес воведов месо, па сега млечно почнав со урда.
So batat moze, samo so pilesko moze skoro so se. Dadov jas prvo telesko pa duri pred nekoja nedela mlecni. So jogurt pocnav.
Некаде прочитав дека подобро е да не се даваат домашни млечни производи , купени е подобро дека се пастеризирани , нека ме поправат ако грешам
Zdravo majki...od koga pocnavte so kashicki moeto bebe za nekoj den ce pravi 4 meseci..nekoi od pedijatrite mi kazuvaat od 4 ri meseci moze a nekoi od 6 ...falavi
Ние од 5 ипол почнавме со вкусови , ако цица и супер си напредува јас не би дала на 4 месеци, а гледам тие што се на АД даваат ...
Jas denes pocnav prvpat 4 meseci i 10 dena. Pedijatarot mi kaza eden mesec samo po 2,3 lazicki po eden vkus na den kolku da se ucime. Inace samo na cicanje sme super si napreduva
Шо пие кафана )))) мојот почна да јаде цели кашички од по 115/120 гр., а нејќеше лажица да проба до пред две недели. Му правам сама, мешам сѐ. Од сл недела треба со житарки, ориз, палента да почнеме и со зеленчуци. Гриз кога/ дали се дава? Инаку до сега бевме на комбо исхрана, 3/4 мое молзено, 1/2/ дохрана сѐ зависи колку молзам. Исто сакав да ве прашам одиме на пат на викенд каде немаме кујна, тие три денови како е најдобро да се организирам? Готови да земам? Банана, манго, авокадо можам да земам за свежи… ама оризиве, палента и сл… не знам
Не си мачи душа земи готови за три дена ништо нема да му биде имаш 1000 комбинации во зегин. Јас глутен дадов 8+ така беше по табела така терав.
И ние сме само на адаптирано. Нашата докторка кажа со полни 4 да почнам со вкусови. Така и ќе направам.
Aha pa neznam nie za nekoj den pravime 4 meseci.. pedijatrite nekoj me sovetuvaat od 4 nekoj od 6 zatoa mi bese vazno nekoe mislenje fala
7+ е бебуш. Вчера го оставив со татко му да доручкуваат и во недоразбирање му дал кашичка со овошје и глутенска житарка. Значи веќе воведен е глутенот. Дали можам да давам вечера сега од млечните со гриз на Хип? Од млечни имам дадено само грчки јогурт, ама се рачуна дека се воведени и млечните
Домат пишува различно некаде 9+ некаде 12+, имам домашен непрскан па дали да дадам? 9месеци е точно Исто и јаткасти путери кога можам?
Јас за сѐ се водев по сезона. Син ми беше околу 10 месеци кога имаме наши патлиџани, тогаш му дадов отприлика. Јаткасти путери не сум најсигурна мислам околу година дадов.
Моето е помало од твоето и не сум тотално релевантна ама мене од Систина педијатарката на контрола кога бев пред 7 месеци да наполни ми рече смееш се да дадеш од овошје и зеленчук, само за грав да причекам. Одма прашав за патлиџан и ми рече смее Мислам дека табелите се патоказ за да не се проба се во првите месец дена од почеток на вкусови, не дека нешто има врска до толку, бар така ми делува некако