Чаре како да преминеме на пасирано ? Што и да му испасирам после третото лажиче ми го повраќа .. А парченца ако му давам јаде .. 10 + сме
Од кога да воведам вечера? Почнав вкусови со 5 месеци, сега има точно 7 месеци, има доручек и ручек (од денес воведов месо). Дали е време и за вечера?
Нема конкретна причина , викам ај да почнеме и пасирано да јаде ама тешко ке останеме на блендирано изгледа
Кога и како почнавте со парченца? Моево е 7+++, до сега се блендирам, пробав пред некој ден пасирана круша додадов во житарка и ми исповрати во млазови се, се преплашив. Многу сакам полека да почнеме да се тргаме од каши ама не знам како, ако му дадам и празна и полна лажичка и тоа само мафта и ја фрла
Па јас со парченца сега бргу почнав ама со страв хахаха , ептен мали парченца . И моето пасирано повраќа во млазови ..
Мајки, од утре внесувам и ручек со оривче и доручек со палента. Како да знам количински колку да направам? Една/ две лажици, како оди?
Во упатството пишува дека се прави со вода и овошје или со млеко. Дали може и со зеленчук или понатаму со јогурт, павлака и слично?
Јас палента имам давано со Јаболка крушка морков и тиква додека не бев вовела млеко после со јогурт ја јадеше синко. Сега бебињава само со овие горе без јогурт а имаат пробано. Од колку м може гриз? Гледам на кашите хип 5м. Пишува а има каши со месо телешко пилешко има со риба(лосос) нли е рано за тоа? Мите бебиња уште малку и 6м полнат почнавмр со дохрана т.е вкусови на 4м
Тоа што пишува на каши од 4, 5, 6 месеци не е за вкусовите туку е за конзистенцијата на кашите, блендирани без парченца се повеќето. Пример тие што се 8+ каши имаат и по некое парченце и се погусти, за риба не знам кога се воведува моево е 7+++ и уште не сум му дала, само месо има јадено до сега. Гризот бебешки е со пченица, значи се дава од кога ќе се воведе глутен, а тоа е после 8 месеци за повеќето. Ноќните каши исто така се за деца што веќе имаат пробано глутен.
Бела ми кажа ххахх Ослич, лосос (тие 2 ги запамтив вриштеше бебе додека го облекував а докторкава кажуваше)
Палента внесена )), ја мавна цела 160 гр, педијатарката ни рече да ја мешаме со овошје ( за доручек), само не знам колку смее. Имав направено кашичка од јаболко, морков, тиквичка, ја ставив неа и малце кајсија. Мислам дека е ок? Ја мавна цела, убава му беше. Дали смеам толку да мешам, или не се препорачува?
Треба да правам ориз и блитва за ручек, прв пат ќе пробува сѐ. Блитвава да ја сварам настрана и да ја смелам со рачен? Дали има потреба и оризот? Ќе го преварам за да биде пред распаѓање да речам. Докторката ни рече обичен ориз