Кравјото млеко како млеко од тетрапак после 1г. Прво ќе си воведеш к.млеко, јогуртче...мислам 8+ беа тие. Прогуглај или прашај педијатар ама мислам прво тие се воведуваа, па после глутен, јајце..
Што е до мене јас не би дала ама во градинка секако ќе проба па затоа мислев прво дома. О да, млечните ги заборавив Така планирав млечните, па месо па глутен и после јајце. Само не знам кое кисело млеко, кој јогурт, која урда...? И со што да ги комбинирам
Мајки, со кој млечен производ почнавте? Докторката ми рече да почнам да ронам сирење во кашите, ама не ми нагласи какво (освен да не е домашно). Се јавив во амбулантата и сестрата ми рече дека се почнувало со крем-сирење и ми го препорача ABC. Рече сите такво јаделе на почеток јас почнав да давам ама по 2-3 дена сфатив дека има сол, а не сакам да давам сол. Какво несолено сирење да дадам? Што ставате во зеленчукови каши? Значи, ми рече дека ручекот треба да е зеленчук + скроб + маслиново масло + сирење.
Јас компир обичен дадов на 6 месеци бидејќи тој содржи скроб (исто како житарка), а толку мало бебе нема потреба од скроб. Почнавме со благ компир (батат), тикве, брокула, тиква, круша, слива, јаболко, банана, праска, кајсија, морков. Ништо од овие не е алергено и може да даваш секој ден различно (иако многу мајки даваат едно исто три дена со ред). И предлог од мојата докторка беше да давам колку што сака, а не по едно лајче секој ден. Моето од почеток јадеше по цело тегле. Почнавме на 4++ месеци.
Majki bebe e 4ipol meseci pocnavme da probuvame vkusovi ama bebe nejke nekako go lize, go vrti niz usta i go pluka. Probuvam sekoj den uporna sum ama nejke. Dali e rano? Kako da si pomognam?
Fala mnogu primer banana blendirana mesana so jabolko ili nesto od ova sto mi kaza ili samo po 1dno ovosje? Sama pravese doma ili kupuvase ima kasicki od 4+ mes od hipp
На почеток давав по едно за да видам што сака или не сака, а потоа ги комбинирав. Само банана се дава свежа, а се' друго даваш лупено и обарено, па блендирано. Ние бидејќи немаме проблем со ниедно овошје/зеленчук некои работи ги воведов и во комбинација, ама нема потреба, ако почнете сега до 6 месеци има време да проба се', а нови работи ќе воведеш дури на 6 месеци. Се' готвам дома, така е најконтролирано и најздраво, а и најевтино. Плус на почеток е многу лесно оти нема комбинации и е мала количина, за 5 мин се обарува.
Рано е. Пред 5 месеци не се почнува со каши. Напрај пауза, па дај за недела, две пак. Гледам и други има што почнуваат на 4 мес со храна. Не ми е јасно кои се тие педијатри што преппрачуваат толку рано. Пред 3 години пред 6 месеци не се почнуваше освен во посебни случаеви. @Xxxx2 со несолена урда се почнува. Каков совет човече со абц намаз, страшно кој се работи медицина кај нас.
Јас почнав со кисело млеко така воведов млечни , сега давам урда не солена од Кам . За ручек иде зеленчук + месо или ако немате воведно месо иде само зеленчук , не сум слушна до сега за дека мора сирење .
Оваа урда ја имав земено за нас и баш вчера пред да ја потрошам читав и мислам видов сол во составот а на вкус несолена Оваа ли е таа несолена урда што се збори тука?
Malo e ne e spremno.Sekoe dete si e individua ne se vodete po opsti tabeli na ishrana.Prvoto na 6 mes duri mi prifati da jade a sega bebo na 5 mes i pedijatarot vikase ne se nerviraj sekoe e razlicno ne se site jadaci na 4,5mes.Sepak e malecko i mlekoto mu e glavna hrana na taa vozrast.