Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Црвената леќа ја користм. Од 9+ е.
    Не ги блендирам сега. Зависи од бебе. За првото се блендирав :?:
     
  2. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    1.135
    Со што воведовте глутен?
    За два дена ќе полниме 8 месеци па ќе воведам и жолчка, дали да пробаме прво глутен или жолчка?
    Ако давам два пати неделно жолчка дали може нов вкус во другите денови да воведам?
     
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.442
    Пол:
    Женски
    Добро, како ја даваш неблендирана? Од банана неставена во блендер се дави. Како да ја зготвам? Исто ко за нас? 8м е
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    13.332
    Пол:
    Женски
    Рендано на најситно. И тоа прво само една состојка, пример само морковот во цел ручек. Се друго блендирано. После некое време пола состојки блендирани, на крај само месото во водата блендираш, се друго рендано. После тоа може сецкано се (како за руска салата). Ај синот сега е јадач, па некако не му значи дали има парчиња, битно да има да се јаде, сум му дала и од кашине 10+ што се, баш поголеми парчиња имаат. Ама ќерката немаше ниеден заб до 10 месеца, а на 8-9 веќе јадеше парчиња со таа финта. Само месото до 3-4 години и го блендирав дека го собираше и џвакаше како мастика и на крај го плукаше, а манџата ја јадеше.
     
    На Secret-Angel7 и LeL15 им се допаѓа ова.
  5. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Предлози со што да дадам Corn од Хип и нс колку месеци сте дале?
    Авокадо со што давате за прв пат да пробаат
     
  6. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Денес вака пробав како што си пишала се блендирано само батат оставив малку да исецкам парченца ситни ситни преситни и јадеше, само два пати направи фаца за повраќање ама не поврати, исто и во овесот сабајле парчиња варена белка преситни му ставив и јадеше. Моето е со рефлукс и многу лесно повраќа од пасирано и рендано млазови па ќе продолжам вака и со тек на време само ќе зголемувам големина на парчињата, не знам како другачие инаку.. ич нејќам до две години блендирано да јаде
     
    На Secret-Angel7 и Spidy им се допаѓа ова.
  7. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Јас на 6 месеци дадов, и со овошје и со зеленчук можеш да ја комбинираш, па после и со млечни производи исто. Моево не сака никаква пченка ни палента, во ниедна комбинација и периодов не давам веќе.
    Авокадото прв пат го дадов во комбинација со овес и банана пасирано.
     
  8. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Majki na kolku meseci vovedovte rucek, kolku grama i vo kolku satot go davavte?
     
  9. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Ја почнав пробување вкусови на 4 и пол месеци со авокадо. Блендирано. Не го сакаше ама и не го плукаше. Го вртеше низ уста па и голтна 1-2 лажички
     
  10. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Знам како е. Со првото исто бев. И уште, штом осети малку нешто потврдо има нагон на повраќање.
    Штом бебе не прифаќа така, блендирај.
    Инаку да, ја готвев ко за нас, само без сол, зачини и томатело.
    Сега е 12+ па полека почнувам да го учам да јаде исто ко нас. Со помалку сол готвам, па си додаваме ние
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    @LeL15 те цитирам надвор од мислењата што си ги пишала, за да те прашам каков овес даваш? Прашав неколкупати низ групава ама никој не ми одговори :D
     
  12. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Ista maka imam, a oseti pasirano odma povraka. Ne faca da pravi faca gajle nemam ama bukvalno povraka. Sto mi e najcudno maz mi go nauci uste mal ko bese so nas da sedi kafe ko ke pieme i mu davase plazma biskvita deka i nie jadime. Abe sega ja gricka i parceto ke go goltni ne povraka a hrana da. Ne znam zosto taka:^)
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Јас му давам инстант овес на Холе ама сега ќе земам од дм овес и ќе го изблендирам дома сама па ќе го давам така во каши, само да го дојаде овој на холе :D не памтам колкаво е твоето ама ако немаш глутен воведено во дм има и безглутенски овесни снегулки па можеш и такви да земеш, блендирај ги во прав или давај ги сварени цели како сакаш и како и да јаде бебуш
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Majki im davate svezo cedeni sokcinja po nekolku lazicki na bebinjata? I kako da cedam mala kolicina?
     
  15. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l: 7 месеци е ама планирам да воведам глутен. Ќе земам органски и ќе го блендирам дома. Се вари или само се полева со топла вода? Бидејќи јас за мене само ги полевам со топла вода.
     
    На LeL15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе омекне доволно ако го полиеш само со топла вода ама можеш и да вариш, како и да ти е позгодно. Јас ги јадам со ладно млеко и дури и така ми омекнуваат мене за кратко, ама за бебе секако и со топла вода само ќе е исто супер :inlove:инаку овесните снегулки сами по себе се безглутенски (може да имаат само траги од глутен при обработка), не знам зошто до толку се пази меѓу првите житарки што ги дадов беше
     
    На Xxxx2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Сливи со лушпа давате или да ги лупам? Домашни се инаку, замрзнав многу овошје летоска.
     
  18. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Koga pocnavte svezo ovosje da davate?
     
  19. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас од 7 месеци, освен јаболко, тоа малку порано.
     
    На снежана2023 и Bannana им се допаѓа ова.
  20. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Дали кога се воведува месо/жолчка во ручекот повторно има скроб и млечен производ? Или давате само зеленчук со месо/жолчка?