Мајки, белка да воведам може ли на 10м? Жолчка веќе крка 1 месец, па и риба сакам полека. Од каде која земате? @Xxxx2 јас кога давам жолчка не ставам млечни, некаде прочитав да не се комбимира за да се врзе железото во тело. За ручек општо не додавам млечни и жита, само ориз,компир,сладок и сл..
Белка е од 12+. Јас уште цела жолчка немам воведено. Прво ја повраќаше, сега не ја сака. Наеднаш цело јајце планирам да воведам па же видиме. Бебе е 12+
@Bannana благодарам! Значи, не мешаш месо/жолчка со млечен производ, а скроб? @Fenix05 благодарам! Нема да давам млечни производи, ама дали жито или компир/ориз за бебето мислам е исто.
Мајки денес воведовме грашок 7 месеци сме , а сега ми излезе табела дрка се воведува од 9+ Вие сте давале ли порано ?
А пилешко домашно месо од 7месеци давате ли? И исто гриз дадов пред некој ден , дали така го воведовме и глутенот ? Многи го сака гризот , се изеде
Извинете не знам ни дали ќе ве цитирам ко што треба ама зошто за белката покасно? Педијатар ми рече 10 дена или две недели после пробување цела жолчка дека можеме белка да воведеме, бебе ми е 8+++ до пола белка сме стигнати па малку се збунив сега, да не ја утнам ко со глутенот работата
Секој педијатар советува различно. Нема правило дека мора да се внесе после 1 година, нас педијатар во Унгарија не советуваше се што можеме порано да внесеме од јајце, јагоди.. за да се знае порано алергијата. Тука во МК се поделени според месеци што сметам дека е најправилно според мене. Белката се внесува после 1 година поради (цитирам од нет): Голем број на деца имаат тенденција да бидат алергични на белковини, традиционално докторите советуваат, родителите да не внесуваат белковини во исхрана на децата се до нивната прва година. Ако сте дале и педијатар така ве советувал тогаш така постапувајте
Јас со ќерката пробав да воведам белка на 9 мес зашто почнуваше во градинка. Ја намачкав прво на рачето, неверојатна алергија и се јави, пликови цело раче. Накај година ипол и ја снема алегријата. Внимателно со белка, никако цела давање одма.
Мајки дали имате некоја табела со комбинации за јадења и некој распоред за полесно да си планирам што да му давам ?
Ваков гриз давате? Зошто пишува +12? https://verodrive.vero.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/0401462020griz20zito20450g.jpg
Majki fide na bebe koga prvpat mu dadovte I kakvo? Sakam da svaram morkovce, kompir, nesto kako corba? I dali koristite po nekolku zrna himalajska sol?
Симни си ја бебе готвач апликацијата, има и табела по месеци и рецепти. Јас од таму црпам идеи, има баш убави рецепти.