Мислам да. Јас ја дадов со спанаќ и кисело млеко, супер ја прифати. После прочитав овде дека јајце/месо не треба да се меша со млечен производ, а мене тоа баш ми е убаво, и јас така јадам. Вториот пат ја дадов само со спанаќ.
Правилно не треба да се меша со млечен производ но јас само со грчки јогурт успеав да ја воведам жолчката на друг начин не ја прифаќаше.
Да ги пофалам Паскалов, смениле препораки од пред 3 години, од блендирано, сега препорачуваат пасирано. Супер напредува синко, требаше од 6 месеци да почнеме со храна ама ќе трга во градинка од 9 мес, па мора да побрзаме, да се приклучиме во темава од 5 мес.
Денеска прв пат ќе му давам кисело млеко . Нема ништо пробано од млечни производи. Дали да му искомбинирам со гриз?
Да препорачате како се прави meal prep? За месо зборувам. Си го исеков по 50 гр секое парче, ама не знам дали има полесен начин од вадење секој пат по едно мевце и варење. Дали смее да се свари за три денови и да го замрзнам повторно па да си го вадам? Било како совет ќе помогне
Можеш да спремиш се наеднаш за цела недела да свариш и во ќесички со малку од водата во која се вареле да го одмрзнуваш пред секој ручек. За телешко особено е многу олеснително
Пола кило купувам, сечам на парчиња, варам и замрзнувам. Бидејќи бебе јаде количински многу, следно едно кило ке спремам. Само вадиш коцка, пушташ во водата од зеленчукот додека се вари, и за 5мин е спремно за јадење. Моја препорака да ја чуваш водата од варењето на месото, ја замрзнувам во калапчиња за мраз, дава многу убав вкус на целиот ручек, особено додека не се воведе сол.
Со првото дете варев во тенџере со вода. Сега имам апарат за готвење на пареа. Може и на двата начина, сеедно е. Стави зеленчукот во апаратот и месото најгоре, додека се свари зеленчукот ќе се одмрзне. Замрзнатата коцка ја ставам во филџанче на страна да се одмрзне и ја додавам пред да се блендира целата храна.
Dali moze cveklo na 6m i so sto ste go vnele. Ima nisko zelezo moeto bebe pa sakam i preku hrana da vnesuva ako imate nekoja preporaka, da ne se kapki