Здраво мајки Се изначитав се и сешто, дури и курс слушав за воведување на цврста храна и пак не знам кој крај да го фатам. Денес почнавме со вкусови, морков по препорака на педијатар прво зеленчук да внесам. Меѓутоа, бебево кака на 5-6 дена и додека беше само на доење последниве 2 месеци, па сакам да му дадам водата од варена слива, може ќе му помогне, ептен се мачи, постојано прди и мириса премногу. Дали тоа се рачуна како нов вкус, дали да внесам слива за можам да му давам и сокче или може само сокче, па после неколку вкусови зеленчук да внесам како каша? На листата што ми е дадена од патронажна пишува овошен сок меѓу оброци. Дали се третира како нов вкус и треба да го внесувам исто по 3 дена? Исто, вода. Денес детево касна не цели 2 лажички, му дадов вода и убаво се напи. Дали да нудам во текот на целиот ден или само кога пробува вкусови до оглед на тоа што е 5 месеци? Исто ве молам за препорака за шише за вода, имам со меко клунче ама читав дека не се препорачува заради неправилно поставување на јазикот. Затоа сакав да купам со сламка на Филипс авент, ама пишува 9+. Wow, сега знам дека ништо не знам.
Jas i nudam voda nekolku pati na den, nekogas pie poveke nekogas pomalku. Shishe kuliv i jas so klunce polesno mi e i taa si go drzi sama, neveruvam deka ke napravi nekoj problem, posle 8 meseci ke kupam so slamka. Mozes da turis vo casa voda i so lazicka da i davas ako nejkes so klunce. Jas bi mu dala nekolku lazicki sok od sliva i da ke se racuna kako nov vkus. Mozes i nekolku lazicki kasha od sliva
@Hinebrra и моето ретко (еднаш на 2-3 дена) какаше додека не воведов каша, откако јаде каши кака редовно по неколкупати дневно По совет од мојот педијатар, јас не следев правило три дена еден вкус бидејќи овошјата и зеленчуците што се воведувале на почеток не биле алергени. Од вас учам сега и за шише за вода, со клунче имам видено, а какви се тие со сламка? Може линк? Јас нудам од обично Philips Avent шише и малку пие, сега ми е страв дека е поради шишето.
Дајте совет за појадоци сезонава. Седум месеци е бебето, најчесто јаде просо/палента со овошје (круша, банана, јаболко, вишна - ама често ги комбинирам во ист оброк), или авокадо со банана. Не сакам да јаде секој ден исто, затоа барам совет. Исто така, купив овесни снегулки што сама ќе ги блендирам како брашно. За оброк само да ставам од нив, да потурам со жешка вода и да додадам овошје? Совет за гриз, и тоа ќе воведам, со што го комбинирате?
За овесот да, можеш така бидејќи ќе стане баш кашест. Гризот можеш со истото да го комбинираш, овошје било какво. За жал јас ни круша не наоѓам веќе па останаа само јаболки и банани свежи, почнав смрзнати боровници, вишни, малини, аронија исто можеш да пробаш. Јас знам да земам и кашички готови од дм пример со кајсија и со слива што се и некогаш житарка мешам и со тоа.
За ваква мислам, ама пишува 9+. Сите за 6+ се со клунче. Од нормално шише би требало да пие, ама пошто само е на доење не сакам да давам од такво, секако евентуално ќе треба да премине на некаква чашка.
Со месо кога почнавте, со какво прво се почнува и од каде да набавам baby beef да е кревко и младо пиленце?
Majki brusnica kakva davate I po kolku zrnca stavate? Sto najcesto davate za vecera? Bi mozela grckiot jogurt da go kombiniram za dorucok i vecera?
Кога воведовте модар патлиџан и во каква комбинација? Кога воведовте калинка и дали може да исцедам сок од неа? Кога воведовте тестенини, дали исти како ние што јадеме и дали ги блендиравте?
Купив домашно одгледано пиле, убаво го измив и средив и ставив да се вари со морков и пашканат. Планот ми е да го замрзнам и да си вадам за кашички. Цело пилешко може, нели? Мн убаво младо пиле е, бело
Да, си замрзнуваш и си вадиш за кашички. Јас си го делам на парчиња за по еден оброк, цело ако замрзнеш тешко ќе можеш да одвоиш за едно јадење.
Да да така ќе правам, по грамажа ќе си измерам мевце, бујонот посебно ќе го замрзнам. Муабетот ми беше дали смее и копан освен градите
Znaci moze da se svari pa zamrzni? Jas se mislam obratno, taka neli site vitamini propagaat? Ako svarime I zamrznime...
Ако секој ден варам месо, особено смешна количина од 50-100 гр, кај ќе ми е крајот. Ако имаш време и желба секако дека може тазе да си вариш, ама јас речиси се што бара варење/печење/спремање, правам во поголеми количини и мрзнам. Дури и зеленчукот како морков и карфиол, ако имам купено свеж ќе го сварам тој ден, ама ако немам вадам од замрзнувач. Сите овошја што ги има само на есен свежи ги замрзнав, нешто во тегли конзервирано, нешто зготвено на парчиња па замрзнато. И секој оброк вадам како намирници, се ставам во готвачот на пареа и за 20 мин има ручек, без да морам и да го гледам и пазам, се гаси сам кога ќе снема вода. Едноставно вака ми е полесно.