Оброкот кога планираш да е пред или после 1 дремка...на нас послрдно млрко ни е 8 .. и се буди дури сабајле 4 5..5 и пол пие и презаспива до кај 7 .7 и пол.. после 2 сата е буден па 1 дремка... јас давам после 1 дремка ..9 и пол 10 некогаш 10 и пол
После дремка мислам таман ќе е, освен ако не смени нешто дур пројаде. Еве го ѕирка и др запче, ваљда ќе се разјаде.
Извинете може не е темата погодена, но ќе прашам. Како да го најчам да пие од чашка? Да му купам со клунче?
Во рецепти мелени, после две години. Пробај...Пластична чашка со ептен малку водичка како да му капнува, со друго што и да научи клунче,цевче... се приврзува.
Јас цела недела давам после прва дремка ,некаде околу 10.30 и сега за сега е таман така,машкото не е нешто мн.расположен,а женското си лапка Заби вадат и двете,кај женското грепка веќе,а машкото само лигавење до земја и секако квичат и двете кога ги боли...вкусови ќе продолжам да дадам секако,до сега,морков,тиквичка и тиква,утре на мени компирче или батат планирам Како лета времето ејј,како вчера да бев бремена,ете ги сега за храна стасаа А јас стасав во 60кг,дури помалку од пред бременост,не сакам повеќе да слабеам. Ете така,ви се уфрлив во муабетот неповикана
Еве го синко денес, извади втор заб, и изеде пола банана. Јадам јас јаболко и ми се тегне и вика, му ја доближив, си шмука од јаболчето. Заби го мачеле, ќе биде јадач како дада . И јас сум 1 кило помалце од што останав трудна, да се надоврзам, да се пофалам
Исто,исто и мојот кога ме виде со јаболко..почна да вика,се подава накај јаболкото и дадов едно парче,јас држам..а тој грзаа,струга низ заби,мн.му беше убаво,му го тргнав парчето,почна да плаче,сака пак..хехе ,срцки се..море нека ручкаат,да не се стресираме
Majki za voveduvanje prv pat dorucek ako bebeto ne izede 125grama posle vo tek na denot mu davate pak kasha ili ne? Moeto jade po 50-60grama samo za dorucek
Јас не давам пак , колку јаде толку , така ми кажа и педијатар да не форсирам... и кај мене на почетокот јадеше толку сега доручекот го јаде цел а сп ручекот уште се мачиме некогаш ни 60мг не јаде