Јас само со вода ги приготвувам сите, и таа што е 3 житарки и овесот на Холе. Само пази да не врие водата, малку да се загрее само дека инаку се двои скроз грутки се прави прашокот.
Моето и побрзо бара млеко, на 3 саата отприлика. Сабајле по млекото изеде пола тегличка од Хип јаболко и банана, по 2 саата пак сакаше млеко. Може не го заситува вака. Планирам да почнам со просо или палента да измешам, може повеќе време ќе е сит.
Кога воведовте сол? Не ставам во кашите, ама не можам да најдам урда несолена. Цел град го превртив, па зедов една овча од Стокомак на којашто не пишуваше дека има сол, а испадна дека има.
После пола саат или саат. Еве сега испи 120мл, после пола саат изеде пола тегличка. Може оти се искака, не знам. Некогаш кога нема какано, знае да ми одбие и млеко, не го испива целото. А исто забележав промена на каката. До пред некое време беше жолта, овие денови пробуваше компир, банана, малце потврда е и потемна.
Немам толку време насабајле да ја чекам искрено дека гладен се буди, ако вријам па чекам па мерсм која температура е ќе му дојде за млеко време и отиде доручекот
Во кои млечни работи нема сол? Урдата од кам има, котиџ-от исто така… немам идеја веќе што да му дадам за вечера… од кога почнавте од пасирани накај парчиња? Мојов уште нема заби )))
Мајки, моето бебе е 9 месеци и до сега ги јадеше кашите што му ги правев. Сега од еднаш не ги сака. Ако му дадам купена ја јаде. Многу ме нервира ова, се соочила ли некоја со слична ситуација?
Ако бебе јаде каша за доручек, дали после во текот на денот му давате по неколку лажички ако сака? Или само млеко?
Постаро е мислењето ама истата дилема ја имам, видов во една кашичка дека има мајчина душица. Даваше ли ти и од кога?
Само млеко. Еднаш само ми се бутна да ми ја глода јаболката, па му дозволив. Треба оброци да се воведуваат, ако му давам така низ текот на цел ден, никаков ред ќе нема.
Од кога почнавте со блв или од пире кон јадење со раце? 8+ сме и не знам што е правилно. Сѐ уште нема забче и пасирам сѐ што јаде, секако оставам и парченца внатре да се учи на текстури… Вода како давате? Јас почнав со филџанче да давам
Конкретно од овие кашички не дадов зашто кога се што ми одговараше тој период за хранење го немаа на залиха и се откажав но со полни 6 месеци веќе давав други кашички што содржеа зачини. Незначителна количина секако а во домашните освен цејлонски цимет друго не употребив
Мајки 9 месеци сме, оставам на масата не бре човече никако не фаќа. Или ќе допре малку па како да се гади. Јас некогаш давам малку парчиња ама сопругот не сака, слушна кога педијатар ми рече до 1 год не парчиња па му е страв.
Околу 9 месеци почнав со парчиња, ама комбинирано, некогаш пасирано, некогаш мешано некогаш само парчиња. Зависи од јадењето. Немаше ќерка ми воопшто заби тогаш ама немаше проблем, парчињата гледај да се многу меки за да се навикне лесно.
Јас со ќерката почнав од 6,7 месеци ама она беше јадач голем. Прво со брокула обарена, мека, батат, праска. Нема врска запчиња, она прв заб извади на 10 месеци, а си јадеше патлиџан и краставица од шопска. Месо исто пд одма и давав цепкано како на лентички ситни. Блендер немам, ни за нејзе користев, ни за синко сега. До сега 6 намирници му имам воведено, 5 месеци е, се е пасирано, со по некое парче внатре и си џвака го гледам...само што не е јадач како дада