Јас денес го порачав, баш да видам дали ќе има ефект тоа сокче. Инаку, денес му дадов палента со круша и слива каша готова, убаво се искака. Некна јадеше компир, морков и јаболки, малце потешко и зелена беше, се помачи и плус гасови многу. Вода нејќе никако, имав на хип сокче од јаболка, со вода 1:2 измешав, така ја испи.
Ај пиши дали ќе има ефект. Мојов пие вода и гледам да има слива или јаболко во доручекот ама се мачи. Како воведов храна секој ден плачки со какањево.
Првото дете на 10мес почнав да давам млеко само насабајле и навечер, денски 3 оброка и две ужинки. Второто пред неколку недели почна да одбива млеко дека многу повеќе сака да јаде, на 9мес веќе млеко има само насабајле и навечер. Инаку место ужинки можеш млеко да даваш до годинка, значи 4 пати млеко и 3 оброка измеѓу.
Od denes sakam da vovedam meso telesko. Sega treba da davam 3 dena od vodata sto se vari, a posle toa vednas li da mu dadam i meso ili treba pauza medju denovite. Ne mi e bas jasno kolku vreme kje mi treba da vovedam meso i dali za ssite vidovi meso sto kje gi vovedete pravite taka prvo voda pa meso
Јас од одма давам колку сака, не би рекла дека е цел оброк, 70 гр нека јаде. Само истата намирница ја терам 3 дена со различни комбинации. Прашање, дали сите Хип каши се такви воднести? Има ли некои со текстура, пасирани да речам? Земав кајсија да му дадам, зашто немам замрзнато, значи течно, воднесто, ја пробав, ружно ептен. Мојов дека не е научен на течна храна све ми испоплука, па му мешав со банана колку да ја воведам кајсијата.
Тие што им се 8+ се со парченца и не се толку фино блендани. Гризот ноќната исто не е скроз течна, пази инаку кајсијата на хипп кашичката има и додаден шеќер
Не знам зашто вода би давала прво па месо, одма месо се дава нема потреба од тоа. Јас кога дадов прв пат правев еден ден пауза измеѓу, па му се фати првата недела 3 пати да јаде телешко.
Не бе, не давам готови, земав колку вкус да воведам. На големата ептен вонредно и давав, надвор нешто ако сме, поголемка кога беше. 5 ипол месеци е синко, сигурно не се за него тие 8+. Стварно ме изненади колку е течна кашата, дури мислев расипана нешто да не е, не сум земала до сега.
За кајсија да знаеш пак ако зимаш, на бејбилов се убави, а и немаат додаден шеќер, и јас исто воведував со купечка каша кајсија и од тие земав. Сега некогаш знам да земам таква ради различни комбинации.
Кога воведовте вечера? 8+ месеци е, има два оброка, од 4 и пол месеци почнавме со дохрана. Дневно јаде две теглиња по 190 мл. Идеи за вечера (ве молам без предлози за рецепти со мајчино млеко, тетрапак млеко, готови каши или бисквити што содржат шеќер ) досега имам дадено палента со кисело млеко или со урда, ама не сакам само тоа да го јаде.
Нас педијатар ни кажа трет оброк од 8 месеци и во вечерта да биде млечно. Можеш секакви комбинации, спелта, ‘ржани снегулки, јачменови, овес, палента, оривче и серо ова со: грчки јогурт, јогурт, урда…
@Mihaela123456 @Evangeliaa22 благодарам! Дали знаете како се подготвува гриз/овес со АД? Прво со вода да зоврие, па потоа се додава АД? Колку мл е доволно за оброк? Дали знаете бисквитите од Holle како се даваат? Пишува 1 бисквита = 1 оброк. Се потопува со АД и се дава?
Не сум точно сигурна, на пр. На Холе на кутијата точно пишува за секое посебно (вода, ад, мајчино…), гризот го правам со вода, бидејќи не се прави со АД. 200 мл вода и две лажици гриз
Со вечера почнавме од 9+ ама со дохрана почнавме од 5+. Можеш да даваш: Гриз ( јас го варам со вода погусто), малку АД ( или мајчино, како сакаш) + банана ( некогаш вишна + сируп од урма или урма). Ориз + Ад + банана + цимет Овес + јогурт + банана Грчки со лебче Просо ( кус-кус) + урда + грчки