Дали палента со жолчка и кисело млеко може да биде ручек на 8+++ месечно бебе? Немам време денес да готвам зеленчук, планирам да дадам тоа и ако е гладна вечера.
Во Систина ми рекоа на 2-3 дена да менувам вкус. Со тоа што па мене ми рекоа на пример почнувам со компир како прв вкус 2-3 лажички, па нареден ден компир и морков, трет ден можам пак компир и морков. 4 ден на пример да дадам морков и тиквица. Да сум ги мешала за да го сака зеленчукот.
5месеца и една недела. Педијатарот ни рече да почнеме од 6месеца ама кога кажав дека од 9месеци почнуваме градинка ни рече одма да почнеме за да имаме време да не биде на брзање се
А за вода?? Бидејќи сп вкусови се почнува може вода после тоа барем малку? До сега немам воопшто давано, ама ми нема логика после ручкање да не се даде малку вода .. не ми спомна педијатарот за вода
Прашав баш тоа денес, ми рекоа во Систина сеуште да не давам вода. Доволно било млекото и ова не било замена за оброк.
Давајте вода.. И не му ја мисли многу каква. Сите се исти. Јас давав од прва недела кога се роди па до сега Изворска.
Моето дете нејќе вода. Никако. После каша го нудам, кава фаца праве, како кисело нешто да јаде Со сок мешам повеќе вода, некако ќе испие. Или што ставам во каши за блендирање. Толку од внесување.
Мојава иста беше. Никако само вода од шише. Мора малку боја да има па ставам малку. Ама од чаша на пример ко ке и дадам си пие. Кој знае што и се чини
Да жедни се незнам зошто викаат да не давам ништо не штети. Јас откако се роди и давам по некоја лажичка. Прежешко беше летово
Не најдов активна соодветна тема па да прашам тука, имам сад на пареа, од оние на спратови, е сеа греачот најдолу што ја топли водата е на некои места како пожолтен, си направив некое лошо чувство во врска со тоа, дали и вашите греачи се такви или мојот несоодветно го имам чистено/чувано, садот ми е стар 7 години, малку користен за првото дете.
Можеш да ставиш од тој прашокот за бигор што се става во електричен бокал или машина за кафе да изврие малце со вода можеби ќе ги снема дамките.
Пластичните претпоставувам од храната што е готвена попримале, греачот се плашам да не испушта нешто штетно во водата што ја грее, има како наслаги низ него што не можат да се исчистат. Дали греачот ти е ист како кога го купи?
Мене ми пожолтува од време на време греачот на стерилизаторот. Ставам да отстои алх оцет и се средува