Не ми се гледа грејачот, ама користам исклучиво филтрирана вода. Можеш да го исчистиш со оцет ако се наслаги од бигор, како на електричен бокал што се собираат.
Вчера ручаа каша од компир,морков и брокула,меѓутоа ми остана,дали можам да стоплам и да дадам пак денес или да фрлам?
Од кога почнавте со воведување белка? 9 месеци сме ама почна во градинка и таму имаат јајца некои денови па се мислев дали да и ја воведам постепено како жолчката или да се договарам со учителката да и праќам кашичка?
Мамички ме интересира како ги правите дома кашичките? Во вода варите или на пареа? Ако правите на пареа како? На голема цедалка или имате специјално нешто земено? Гледав авент ама многу скап ..
На 8 ипол воведов јас, прво 1/4 и преку еден ден пак 1/4, и следна недела веќе еден ден пола, еден ден цела.
Кога воведовте грав? 9 месеци за некој ден, сакам да дадам малку да проба. Леќа има јадено неколкупати, ја сака. Од друга страна, грашок многу сакаше (го воведов на неполни 7 месеци), ама последниве 2-3 пати страшни грчеви ѝ направи, многу плачеше.
Здраво, сакам да почнам вечера да давам. Што најчесто давате? Ги гледав тие ноќни каши на хип во кутија што се, тоа океј ли е?
Со полни 6 месеци што друго може од зеленчук? Само компир, сладок компир и морков има пробано. Брокула, кромид, карфиол читам гасови правеле, моето и така се мачи, тие натаму ќе ги пробува. Пашканат можеби и тиквичка? Маслиново од кога може?
Читав карфиол и брокула со отворен капак да се вареле, така испарувала состојката што прави гасови ...
Еднаш зедов јас ноќна од Холе, зажалив. Најчесто давам палента или лепче со јогурт/кисело млеко/грчки јогурт, некогаш имам дадено и сутлијаш со адаптирано, читав ама не сум дала за гриз со банана и адаптирано, тоа..