Може ли помош како да направам кашичка од компир? Треба да го варам или печам? Искрено тутурка сум за готвење и тоа треба баш да е првиот вкус. Нема готови кашички само од компир Имам нутри булет. Во него можам ли? Треба ли вода со компирот во нутри булетот?
Ќе вариш компир не знам што имаш дадено др јас мешав со морков или брокула или тиквичка па оставав малку вода што се вареше и од неа додавав во нутри булетот за да не биди мн густо. Синко ги сакаше потечни. Да знаеш како еластично малку ќе дојде ем компирот така се прави ем нутри булетот.
Никако компир во нутри булет, ќе го направи како лепак, нема да може бебе да го голтне. Најдобро со masher, не знам како се вика правилно, тоа што е за гмечење за пире, плус со малку вода (или уште подобро мајчино млеко или ад), и баш пире да стане. Иначе само компир нема убава текстура. Подобро варен од печен, помек е, ама печен има поубав вкус.
Сакав да и напишам на членката јас од компирот земав philips со сите додатоци. Дадов пак пари ама па нутрибулетот не ми беше добар а и месото после ми го оставаше парчиња тенки.
Фала за инфо. Искрено мислам да не го послушам докторот и почнам со морков дека гледам после има морков, компир кашички Фала ти. Може линк или точен модел за да го најдам?
Јас имам нутрибулет од пред да имам деца и сум презадоволна од него, единствена мана му е што не можеш да изблендираш мала количина. Првото дете јадеше помалку од 100 гр и ми беше фрка да направам само 1 оброк и да изблендирам. Второво сега јаде над 300гр и нутрибулетот по цел ден брмчи. Стар е околу 7 години и парчиња не ми оставил. Или мала количина ставаш или можеби има некој квар. @marrisa Имам и од горење гоtвач на пареа што плус и блендира, тој блендира ама не толку мазно како нутрибулетот. Ручекот во него го блендирам за да остане малце текстура дека бебе веќе ми јаде и парчиња, ама на пример свежо јаболко да се изблендира идеално на нутрибулетот му нема рамен.
Мајки,да не барам по нет.знам овде побрзо ќе добијам одговор,заборавив како беше,кромид,лук,пиперка можам веќе? 7 месеци ќе се за некој ден.
паметно, и јас мн не следам што требало не требало, освен некои посериозни намирници ради алергии итн..а за лукчето не сум и дала не оти не треба, туку не ми ни текнало, и ние слабо јадеме а здраво е знам, а твоите пилиња сега нека мирисаат на лукче
Со првото се пазев,пратев,дури и во тетратка запишував ,сега гледам да им направам и да јадат,пробат што повеќе,секако на тоа што мора внимавам,ама цицка нешто повеќе сакаат
И мене ми е прво, ама јас сум си лабава, си го следам детето, освен за тоа што стварно не треба, па го практикувам. Ќерка ми е јадач, отвориш нешто, трча отвара уста да проба, а богами и за цицка е иста годинка има, уште ја дојам..за тие теми немам мака, ама за спиење ќе биде еден ден
Нутрино за добра ноќ што се. Една со какао мислам и житарици па др со јаболко житарици нешто така. Па цела тегла во 3 мин ја јади
Купив вакво денес од утре почнувам со него. Имам само прашање ставам вода колку еден прст ставам ова одозгоре односно на дното на тенџерето бидејќи има како ногарки ставам овошјето или зеленчук што планирам да правам и затварам со капак? За колку минути се готови одприлика? Се осеќам како прв пат во кујна да сум кога правам за бебо
Да, водата нека не ја надлева решетката. Капакот малку го оставам на страна, значи малку да е отворен и ќе готвиш на тивко, ако е на јако ќе ти се прави пена и уствари нема да е на пареа зготвено. И внимавај да има секогаш вода, да не испари цела. Отприлика за времето @merriel0 ти кажала, ќе си буцкаш со виљушка да видиш дали е омекнато.
Таа со какап на хипп ја пробавме и ја сака. А на нутрино не дум зимала..кадр ги има тие нутрино каде се продаават