Мајки помогнете ми, не знам дали трипам. Купувам втора кутија овес од Холе, на првата пишуваше 5 лажици со 200 мл ВОДА (додека не се добие посакувана густина). Сега на вторава кутија пишува 4 лажици и 120 мл млеко, никаде не се спомнува вода. Дали трипам? Баш имав и запишано со маркер на кутијата, зошто имам и спелта и да не ги смешам
И јас имам дома на хип банана, какао и гриз ноќна. 7++ сме, какао не сум дала. Вечера немаме. Може да изоди за појадок?
Да ве прашам околу распоредот на оброците. 9+ сме. Менито изгледа вака: 7:00/7:30- млеко 9:00/9:30- овошна каша 11:00/12:30- млеко (после дремка) 14:30/15:30- ручек 18:30/19:00- вечера 23:00-00- во сон млеко Ова е некој груб распоред што не секогаш е ист бидејќи некогаш има две дремки, некогаш 3. Последното млеко не стигнуваме да му го дадеме бидејќи вечерата (млечна каша или зеленчукова), знае да го најаде и после да нејќе млеко. Дали мислите дека е ок да му даваме во спиење млеко? До сега така правевме и затоа спие цела вечер… Педијатарката вели пред спиење, ама стварно не се стигнува и нејќе. Вие како би направиле?
Јас би го тргнала млекото што го даваш за ужинка во 12 и би ги поместила оброците. Ручек во 12 ипл, вечера накај 4 ипол и таман ќе ти дојде млеко во 7. Јас сум на план така да терам кога ќе воведам вечера, дека ќе оди во градинка и да му правам распоред како таму. Сега е на 2 оброци, како твојов ми е распоредот само што место вечера има млеко.
Ние сме 10 месеци и распоредот ни е ваков: 07:00/07:30 (зависи кога стане) - млеко 10:30/11:00 - овошна каша 13:30/14:00 - ручек 16:00/17:00 - вечера 19:30/20:00 - млеко за успивање
Се ми е заборавено, бебе скоро 7м е има еден оброк, кога можам да воведам втор? И кога можам да воведам просо и палента?
Може ако прифати, сум давала искрено и за ручек. Мојот вечерните на нутрино ги сака најмн па кога сме изл давам за ручек.
Nir sme taka. 7;30/8 h mleko 14.00. rucek 17.00 vecera 19,30 ili 20.00 mleko i zaspiva. Izmegi e so dremki. Ke polnime 11 meseci uzina da vovedam. I koe vreme javoveduvate
Дали и како ги давате оние pouches кашички со шмукање што се. Правам домашни, тук таму некоја купечка во теглички за набрзина, ама вакви ми се собраа повеќе ради НГ пакетчиња, гледам имаат некој состав што не знам кога би му вовела црна рибизла или ацерола Вака не стигнувам да воведам нормално вкусови, а не па вакви. Ако случајно решам да му дадам, исто 3 дена давате ради реакција?
Прашања еден куп Дали почнавте вкусови со блендирано или пасирано со вилушка? Педијатаров ме советува се пасирано од одма, едино месо кога ќе воведам ако е мн жилаво во блендер. Дали се вари се освен банана и авокадо до 9ти месец? За вода, се мислам да му земам шише, е сега дали 0+ или 3+ бидејќи сме на доење.. да не му дојде полесно од шише голем проток па да имаме фрка после или доколку може чашка на 5++, каква сте користеле?
Убаво те советува педијатарот . Јас блендер не ни поседувам, двајцата од старт ми се на пасирано со вилушка, никаков проблем не сум имала. Бебе треба да учи да џвака, не само да голта течна храна. Се се вари, освен банана и авокадо и после краставица ама тоа е покасно. Инаку не верувам дека ќе ти се одбие на 5 мес ради шише, поверно ми е дека нема да сака да ти пие од шишето. Ќерката беше на доење, едвај прифати шише вода да пие. Види Томи Типи, ок се како цице облик
Јас денес почнав да му давам на полни 5м, зедов готови на холе кашички дека за неколку лажичиња да не варам да пасирам или блендирам, ама ете со морково безуспешно, се мурти и плука Шише на мам имам од еурофарм од прв ден го прифати, единица цуцла уште со неа не му менвам мислам да не му дојди наеднаш многу.. Да прашам и јас да продолжам и утре со морков или да сменам? Дека го нејкеше да не го префорсирам па да бега после од лажичката
Исто беше и кај мене, ама сепак 3 дена нуди морков, ново му е, не знае што се дешава. Првата недела кај мене едвај по една лажичка сакаше, 3 дена морков па компир, па после почна да јаде. Јас после дадов слива, па круша иако знам дека се препорачува прво зеленчук, не ги сакаше, па сменав на овошни. После почнав наизменично, зеленчук па овошје, па мешав комбинации од воведните додека да воведеме доволно вкусови. Кога ги пројаде овошните после почна да јаде и зеленчукови. Инаку никогаш не форсирам, некои денови е едно лажиче некои денови цела каша, зависи како му се јади. Инаку за вода, јас не би почнала со шише за млеко кога веќе е на доење, немаш потреба. Земи си чаша со клунче или нуди од отворено ракиено чаше, врши работа.