Сооднос житарка со овошје треба да ти е 1:3. Една лажица палента пр со три лажици овошје. Секако не се алергени палента, ориз, просо. Јас не пазев со нив по малце да давам на почеток туку баш оброк спремав.
Обично прв оброк околу 6-7 месеци треба да е 120гр. Јас правам пр. отприлика една лажица палента/ориз и пр. пола јаболче со пола слива сварено и изблендирано, или пола кашичка од готовите измешано со палентата. Не се држам строго до количина оти не знам колку ќе е расположен за јадење, инаку чиста намирница не давам од како ги внесов првите, кога воведувам ја мешам со други ама количински да може да ја осети. Оброк мене ми рекоа после 2 недели од воведување на вкус може, така да слободно воведувај. Јас на 7 планирам и втор оброк да воведам. Исто зависи и што намирница е, денес пр. кромид ќе воведам, нема му дадам само кромид туку измешан со друг зеленчук. Треба и да е вкусно за бебето, моето чист компир и батат не сака, мора да се меша.
Втор оброк на 7,што убаво Мојте близнаци уште некој ден 7 ќе бидат,не можам да кажам дека имаат оброк,количински мн. малку јадат.Јадат од се што им давам,ама по малку,повеќе сакаат да си цицат. Не знам дали да почнам и два пати да им давам, т.е да му дојде као втор оброк? Втори деца ми се,ама сум заборавила како оди
Не гледам количински искрено, некој денови ќе касни 2-3 лажички некој ден цела каша, ама за да се учи да јади повеќе, да запознава текстури, тој секако повеќе цица. Му давам и лажиче сам да јади, секако пола на земја завршува ама нека се учи. Исто ради тоа што кога воведувам месо сега или нов зеленчук, му се собира по 3 дена да не касни овошје, а не можам да му дадам како десерт, не јади многу количински. Затоа така сум во план
Хахахаа уживај мајка. Мене на 6 месеци Паскалов ми рече намалете на јадење многу е буцка за тие месеци . А она цела беше спојлери и со кг беше многу за тие месеци ( не се секавам точно ) како не. Ништо не намалив. Колку сакаше и давав Ене ја сега 14 кг на 2 год. Од 1 година почнуваат да стагнираат на килажа.
Lele jas se nerviram,demek ke mu se prosiri zeludnice po nrzlivo esaradi kilaza, mnogu e za 11 meseci skoro 12 kg. Haos mi e glavata a ono appetit masala dusa.
Нејќат да ручкаат? Мојов се разјаде да не го подречам. Му воведув и ручек пред 10 дена, слабо качил килажа прошли месец.
Nz, vikam da ne go prejaduvam. Oti bez fizikalna ne se prevrtuvase samo lezese i vikaa od kilaza. Sea pocna da lazi ama iste ne se isprava na noze i nz. Glavata mi e haos. Zatoa ve prasuvam
Ручкаат,ама по мн малку,женското некако повеќе,а машкото како незаинтересиран е. Се тешам со си напредуват убаво,не се слаби со килажа,таман се за месеците. Јас ќе продолжам да нудам,давам...па ќе видиме кога ќе се разјадат како што треба.
И јас имам ваков, по грешка го зедов, наместо ориз очила треба да си земам. Како планираш да го даваш?
Планирам да го мешам со овошјето што го имаме пробано јаболко, праска, кајсија, круша. Матичниот денес ми рече само ориз и палента да внесам гриз не па сега за сега не го давам прво овие две што ми кажа па на контрола после празнициве сме па ќе видам што ќе даде и каже
Мајки, денес сакам да дадам ориз во комбинација со нешто, предложете со што и дали можам да го комбинирам со 2 намирници, пример ориз брокула и морков? Од завчера почнав да давам повеќе количински, претходно беше колку за проба по некоја лажичка. И друго што ме буни, јас оризот го правев со ад кога му давав чист за проба, а сега со зеленчуков некако не ми иде со млеко. Ај просветлете ме.
Млекце и ориз - сутлијаш... сигурно можеш тука со овошје да комбинираш А ориз со вода ваљда со зеленчук. И не гледам зошто не би можела со повеќе намирници во едно...
Со зеленчук со вода прави го. Можеш со морков, тиква, тиквица, брокула, спанаќ, блитва, карфиол. Слободно мешај повеќе воведени намирници. За блага верзија млекце, банана, праска, кајсија, авокадо, со се оди.