Добра земја, кај педагошки се наоѓаат, мислам дека и достава имаа као неделна корпа https://www.facebook.com/@dobrazemja/?mibextid=ZbWKwL Органската фарма на Сезер, од регион Охрид, немам од тука сеуште купено. https://www.instagram.com/sezersorganic?igsh=anEwNnA2b2E5NHpk Кози млеко планина, имаа домашни јајца сега незнам, и козјо млекце здравје кога ќе почнеме со млечни https://www.instagram.com/kozimlekoplanina?igsh=Mm03YmM4ZHptbnV4 Ги следам и Slow Food Macedonia, они организираат локални настани и подржуваат домашни производители... Моментално истражувам и барам, па ако сакаш ќе ти споделувам и дополнително што наоѓам.
Мамички најдов бејби морков ми рекоа може да го средам се и замрзнав во кесички. Исто ми рекоа брокула и карфиол да измијам со сода и вода убаво и да ги замрзнам и нив па да си вадам.. дали сте мрзнеле така?
Сакам да воведам пилешко месо. Во што го замрзнувате? Која количина отприлика се става за во оброк? Некои други зеленчуци за 6 ипол месеци? Брокула и карфиол нема да дадам, уште се маче со гасови. Кромид може ли? Блитва?
Кромид,праз,блитва,спанаќ,тиквичка,морков,целер,пашканат. 30грама месо Замрзнувам во кеси за замрзнување
Јас обичен само кога ќе го измиеш чувај ги листовите во сад со вода и сода бикарбона 20мин пошто прскан
После колку време од воведен доручек воведовте и ручек? И дали мора ручекот да содржи месо или може само зеленчук?
Ручекот се сведува на протеини, има некое си правило 3 дена месо, 2 дена јајца, 1 ден риба, е сеа тоа како ќе воведуваме намирници па ќе распоредуваме... Дополнително еве и јас со тебе ќе чекам инфо
Сум пишувала може во друга група, ама моето пример секој ден јаде месо со ручекот, освен ако не руча купечка каша па таа да не е со месо туку со тестенини. Повеќе сака зеленчук со месо па така и давам, ден мисиркино ден телешко.. Ние од почеток стартавме со два оброци, инаку како што читам тука ручек се воведува од 8 месеци од прилика. Ако не јаде секој ден месо, може 3 дена жолчка да е со ручекот наместо месо.