Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    10.296
    Пол:
    Женски
    Тој не е конзервиран?
    Земи свари гравче одвој за него без зачин. Грав после 10 мес ама во градинка од 8 го даваат, така да...
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. A.V.S 91

    A.V.S 91 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2023
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ја следам насоки од solid starts. Речиси се може да се даде од 6 месеци.
    Конзервирана храна ако нема додадено многу сол, не е штетна. Кашите во тегла како се направени со толкав рок на траење
     
  3. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Мајки скоро 10 месеци сме и имам прашање.
    Како да почнеме со јадење во парчиња? До сега јадеше каши меѓутоа му остава парчиња и текстури различни. Му давав брокула, карфиол да јаде. Пред некој ден му дадов банана да глода, како на солид стартс што ми даде предлог и касна големо парче и арно што го плукна, имаше еден момент страшен кај што се изгуби, ама брзо го плукна.

    Исто така имам прашање за млечните производи. Што можам друго да му дадам освен грчки јог, јогурт наш, кисело млеко, урда? Жолчка во што ставате?
     
  4. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    2.052
    Допаѓања:
    1.796
    Пол:
    Женски
    Јас го учев со лебче, му давам од средината дека мек. Му оставам на масата парчиња леб со јајца, исто му давав и бисквита плазма. Со ова најмн се нервирав на почетокот цела плазма сам ја јадеше а парчиња манџа нејќеше. Макарони свари ама мн вари ги скоро пред распаѓање и така ги давав. Месото го сецкам на помали парчиња исто повеќе го варам.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.420
    Пол:
    Женски
    Мајки, како ја приготвувате храната? Варите во вода или на пареа ја правите? Јас до сега се му варев, не знам дали да инвестирам во готвач на пареа. Има ли штета некаква доколку не е на пареа приготвено? Може глупо ми е прашањево ама неискуство е во прашање :)
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Јас варев и веќе 2 недели сум на пареа купив решетка за на пареа како цвет се отвара во меркур еве слика и многу поубаво е јадењето вака на пареа отколку варено барем мене сега повеќе ми го сака
     

    Прикачени фајлови:

    На HeLenna и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  7. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    9.035
    Пол:
    Женски
    Варам. Немам готвач на пареа ни јас.
    Ама, решетката се гледа практична, може да се проба.
     
    На HeLenna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Не, на решетка за на пареа. Баш супер е
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Мамички ни дадпа денес просо киноа амаранд палента од кој да земам
     
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Просо земав на ДМ убаво беше, амарант на био космос, палента има во зегин органска во бело ќесе ПРЕДОБРА. Киноа исто на био космос, ама имаш и во ДМ
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Има во зегин органски. Палента можеш од hipp
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Амарант како се спрема? Купив за бебе за да му менувам само овесни и гриз јаде сабајле. Земав и просо не ми текнува друго што може за доручек
     
  13. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Палента можеш со овошје, киноа,хељда исто
     
  14. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    Дали просо, киноа, амарант се даваат за доручек ? Или може и за ручек само да ги мешам со зеленчук наместо со овошје како за доручекот?
     
  15. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    792
    Пол:
    Женски
    Видов пред некој ден дека Бебелан имаат кашички и си викам еј супер пошто моево многу добро напредуваше на почеток на Бебелан млекото. Отворам состав катастрофа, шеќер од шеќерна трска, нишесте, пченкарен скроб.. ова во едноставните кашички што на Hipp и Holle се 90% зеленчук/овојше, 10% вода..
     
    На WhiteCat33 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    9.035
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека има и Бебелан. И ние го користевме млекото од раѓање и беше доста добро.
    Моето ги јаде на хип и бејбилав.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    9.035
    Пол:
    Женски
    За доручек давам палента или просо.
    Просото не го сака баш, сум пробала и со повеќе овошје или со поблаго овошје, не го сака. Го јаде, ама со мака и знае да остави пола чинија.

    Палента јаде со овошје. Можеш и со зеленчук.
    Јас обично ориз му давам за ручек со зеленчук, а од денес и пилешко воведов.

    Киноа немам користено за него, за мене да и ич не ми се свиѓа, а амарант ниту знам што е, ниту планирам да купам. :)
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    10.296
    Пол:
    Женски
    И јас не му давам киноа и амарант, нормална храна ко ние што јадеме му давам и ќе му давам.
    Тоа амарант и дадов на големата, одвратно е, ми смрдеше некако.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    9.035
    Пол:
    Женски
    Така е, сосема си во право, нормална храна.
    Не мора се да се следи од модерните работи.
    Ниту чиа ќе му дадам.
    Една другарка ми беше дала пудинг... Ауу Боже мили, погадно и полигаво нешто не бев пробала.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    1.360
    Пол:
    Женски
    А карфиолот и брокулата на пареа исто ги правиш? Просото од вечер го миеш и оставаш во вода да кисне? Па сабајле го премиваш и ставаш во вода да се вари? Прв пат ќе правам па незнам ни како изгледа кога е варено(facepalm) Иначе ние утре прв пат ќе пробуваме палента на хипп да дадам колку сака да јаде или пак да проба 5-6 лажички. Денес ни даде докторот и втор оброк да уведеме бидејќи за 1месец само 350грама имаме качено на цицање и еден оброк со пробување намирници ..