Карфиол и брокула немам дадено. Ќе почекам за нив, се мачи дете со гасови уште. Просото е од ДМ, пише да се измие со врела вода и сваре, не го киснам. Сварено е кога е меко, така како распукано, распаднато. Палента на Хип јаде и моето, му се свиѓа и ептен брзо се праве. Со овошје ептен добра комбинација. На нас ни кажа докторката и 3 оброк, нема шанси на 6 ипол месеци. Да намалеме на млеко, само сабајле и вечер. Оф си викам ова моето душа дава за млеко и ноќе на 3-4 саата. Ама, нека си зборе таа, не слушам се јас. Колкаво е детето твое и колку кг? Моето е 9 кг.
Оо супер кг. сте вие 6 месеца сме ние со 7.5кг вие колку месеци сте? Јас дадов брокула од хипп кашичка вака немам правено дома .. па за карфиол незнам како ќе го правам .. од зеленчук што имате пробано? Цицате или на ад сте??
Па ако се водам според тоа што моето качуваше точно по 1 кг секој месец ( знаеш и ние сме кај Паскалов ) да малку е 350 гр. Намалувај на цицање и воведи втор оброк. На 6 месеци веќе треба да има втор оброк .
6 ипол, ама тој голем се роди, 3870 На ад сме, цицаше месец ипол отприлика, ама и тогаш давав ад, повеќе беше ад, моето не го најадуваше. Од зеленчук компир, батат, пашканат, тиквичка, кромид, морков. Наредно планирам блитва да проба.
Ме искара дека цицала на 1ч дека немало доволно време да се соберат масти во млекото туку цицало само вода со помалку масти. Па сега да уведам втор оброк и да цица на 2ч минимум .. треба да уведам палента просо амарант киноа .. и сега не ми е јасно како да има оброк кога треба прв ден да проба 5-6 лаж. Еве сега да стане да дадам палента да дадам 100г да изеде со јаболко и слива иако е прв пат палентата давање? Заштп ако дадам да проба неколку лаж нема шанса да издржи 2ч да не цица после ...
Majki vase mislenje ili iskustvo. Use malju ke pravime 1 god. Semata so jadenje e vaka. Sabajle mleko 150, na 3 saati dorucek,rucek i vecera i pred spuenje mleko 150. Si prespiva cela nok,i pocnuva da stanuva vo 8, 8 i 30 h. Legnuva vo 21. E, sea ke trgnuvam i ba rabota. Dali utrinskoto mleko da go isfrlime da pocneme direktno so dorucek,pa da ufrlam 1 uzina . I posle redosledot normalno ili. Ke prasam i pedijatar ama pak i vase iskustvo
Ништо ли нема пробано? Досега сте биле само на цицање? Па не можеш одма оброк. Син ми сигурно 3 недели вкусови пробуваше, овошја и зеленчуци, па со полни 5 оброк, доручек. Овошјата му беа пробани и мешав со палента. А зеленчуците со ориз. Дури вчера на 6 ипол дадов прв пат пилешко.
Давај прв оброк од тоа што имате целосно воведено. Другото воведувај на пример за ручек по неколку лажици. Па после два дена ке даваш од тоа цел втор оброк. Ова по мое..нека кажат и другите. Ние кога почнавме одеше вака Станува , во 8 ч млеко...во 10 оброк. Околу 13 млеко ...па накај 16ч имавме втор оброк. До вечерта млеко уште еднаш евентуално два пати. Значи се на се некаде околу 3/ 4 пати млеко во ден . Почни сега да воведуваш житарки две три недели...па веке со 7 месеци ке има два полни оброци ...така некако ако ме држи ум Како и да е има 6 месеци , цицање на 1 саат е многу често и тотално непотребно. Одвикнувај полека и се ке е во ред
Здраво мајки.Ќе може ли некој да каже од кога воведовте по 2 оброка а од кога 3? А од кога се воведува месо ориз ...? Ние за 9 дена влегуваме во 6 ти месец..Вкусивме овошје и ми рекоа откако ќе го вкусиме да давам доручек овошје..Вкусуваме и зеленчук морков,брокула...каде може да се најде карфиол,пашканат дали некој знае нема по аптеките чист за проба...И кога воведовте спанаќ?
2 obroka vovedov 1 mesec posle prviot, pa posle 1 mesec i 3. Otprilika na 6 prv obrok,na 7 m. 2 obroka i na 8,8 ipol meseci 3 obroka
Oriz megu prvite, meso okolu 6 ipol pilesko prvo pa posle junesko.. se vodev po nekoi nasoki ama i ne.nie na 10 meseci celo jajce imavme vovedeno.i novi namirnici mesav so veke vovedeni. Primer morkov i kompir ako sum dala naredniot den dodavav paskanat, pa posle na tie 3 drug zelencuk. Isto i so ovosjeto. Nz, jas taka pravev dali e ispravno ili ne. Uste malku godinka ke pravime. Do sega e ok. I orevcinja dadov . Menito sega mu e ovosni kasi za dorucek rucekot meso so zelencuk ili jajce so zelencuk, vecera zelencuk ili zitarka so mlecni proizvodi. Dali urda,pavlaka grc jogurt kis mleko... 3 dena davam meso ,2 dena jajce, 1 den riba pocnavme ,i 1 den nz nekoe kombo da ima protein masti vo nego
https://www.instagram.com/zdravireceptizabebeidecu?igsh=MW42YWV3amU2OGF6bA== Ja sledam nea i priracnikot i go imam i dosta mi se naoga.
Имаме пробано јаболко, круша, тиква, тиквичка, слива, кајсија, банана, праска, морков, компир, ориз, брокула и денес дадов палента прв пат направив счива со јаболко 100г и ставив палента околу 20г и дадов да изеде колку сака. Утре ќе направам палента како што пишува дека се прави на хипп кутијата и регулар ќе си дадам со некое овошје и онака денес проба.