Доручек да мешам тоа што има пробано а за ручек да правам пример просо и во комшир со тиквичка да ставам 2-3 лаж просо и да дадам да си јаде 120г?
Да и мене ми е вака има на листава сега ориз, компир карфиол брокула киноа просо амарант блитва палента. Сега во 11ипол јадеше и за 1ч.20мин рикаше за цицање цицаше и заспа .. нас и дремки ни се на 2ч15мин некогаш некогаш 2ипол часа. Да давам јадеше после спиење или пред?
Ако бебе цицало на саат, не дека цицањето му е од глад. Си цица за утеха. Кога те читам со цицањево истото ми се случуваше со ќерката, со висење на цицка, качуваше по 300гр месечно. Кога почнавме со храна одма почна по 500 600. Цуцла фаќа ли? Лажи ја со цуцла. Јас одма после дремка и дава храна, следна дремка и беше после 2 саати и тогаш цицаше. Пробај така
Кога ви пројадоа бебињата оброк? Моево еве веќе трета недела ми јаде по малце по неколку лажички само . Не е заинтересиран за кашички, а богами ни за млеко. Лажичката ја лиже како сладолед наместо да зине убаво. Пробано да јадам пред него, да му ја дадам лажичката сам да јаде, да брца со прстите во тањирчето да ја осети кашата.. ништо не делува Пробав и со потечни и погусти кашички.
Да фаќа цуцла со тоа заспиваме без цуце нема заспивање .. еве денес цицаше во 07ч кога стана заспа во 8:55ч па ми стана тек во 10:45ч и јадеше во 11:20ч. После цицаше 12:40ч и заспа во 12:50ч спиеше до 14:15ч и сега јадевме во 15:20ч .. вајда е океј..
После 3 недели од пробување вкусови почна да јаде по 50-60 грама и се на големуваше таа количина наредните недели. Откало и сменив лажичка да јаде со мека силиконска се разјаде
Супер си е...терај си така.. Кај и да е и на две дремки ке премине. Како што ме држи памет некаде околу 7миот месец
После 1 месец почна да јаде по 70 80гр. Тек сега после 2 месеци крка обилен доручек, а ручек така така, повеќе од 100гр не јаде
Ете јас дадов амарант, не е ради модерно, туку педијатар ми го препорача за запек, па се искака бебе после 7 дена, а и го јадеше со овошје. Инаку, да, одвратно мириса кога се готви зошто е трева всушност, штир, ама на вкус е неутрално. Што не ќе пробаме
Добар ден, Денес 5++, прв пат вкус морковче. Бебе плукаше со страшни нагони на повраќање и од водестиот дел и од кашата..се смкнуваше надолу од хранилката. Дали е вообичаено за 1 ден ова? Не проба ни пола лажичка. Инаку дадов пасирано со вилушка и беше убава кремаста текстура.
Мајки дајте некој вкусен рецепт со спанаќ и нешто друго,сакам тоа да им дадам денес на овие мои нејадачи,можеби денес ќе ме изненадат ,па ќе јадат. Ако не,цицка не им бега
Направив спанаќ со компирче малку лукче и маслиново,ќерка ме изненади,јадеше денеска една полна чиниичка така,а синко ќе видеме,нешто се заспа,продолжена дремка има. Жолчка немам уште воведено,наредно ми е тоа. На 31 ќе полнат 8 месеци.
Здраво на сите. Сакам да прашам дали има некои мајки со искуство во врска со Битолско млеко(розевото со помала масленост).Имаме 9месеци. Ние веке 1месец преминавме од Хипп2 на битолско бкдејки хипп е на 3ч а нашето бебе побрзо огладнуваше.Има тврда столица(како топчиња) и има гасови и грчеви.Знаеме дека е од млекото па ме итересира дали и како го решивте тој проблем.Ние се мислиме да преминеме на Хипп2 повторно заради тврдата столица инаку си го пие млекото дури по 200мл.
Да си се вратите на Хип. Не за џабе, кравјо пред година никако не се дава за пиење. Од тоа му е маката на бебе. И давај вода повеќе за запек, круша, овесни, сливи.
Делфина млечни почна да им даваш? Јас се воведов што е до 7 мес, мислам млечните после 7 беа како што памтам....