Само грчки јогурт имам воведено,од што не јадат многу немам ни желба многу да пробам,така некако лагано терам. Сега да наполнат 8,ќе почнам се' да им давам,ама буквално се' Има да јадат и оро да играт
Имам внука од скоро 2год што не може да ја оправи столицата од годината кога престана со формула и смени на кравјо млеко. Да се вратите на хип.
Ние сме немале никаков проблем со столица од кога сме на Кравјо. А почнавме на 1 година. Само земај со повисока масленост.
Хахахахахахха. Мене зеленчукови со месо ми нејќе, па си викам, јогурт да му бапнам може ќе ги засака.
Ај кажете ми леќа со што давате? Му сварив денес црвена леќа со тиквица и брокула ми испоплука и со кушечка каша за ручек пројдовме
Бебето мое 6 +, никакви каши не обича, не отвара уста се мршти плука, се испробавме морков јаболко тиква батат банана круша авокадо ма нејќе и нејќе и денес и изблендирав плазма и бебелан вода душа извади зеејќи. И водичка си се напи. И сега читам бискоти од 7ми месец. Да не згрњшив шо и дадов тоа денес? Ама па си јадеше и ми го напраби ќејфот..
Бисквити можеш да даваш, ама плазма има мед. Давај обични, како за торта. Има едни бебешки, мене ми се ужасно благи, обичниве се супер.
Може ли нешто да и биде сеа? Прашав педијатарот ми рече не смее воопшто такви работи, само овошје и зеленчук и млеко
Од еднаш ништо нема да биде ама не давај веќе. Убаво ти кажал педијатарот, овошје, зеленчук, житарки, месо понатака и млекце секако
Тие што давате амарант денес ќе дадам прв пат дали го пасирате заедно со овошјето или пасираното овошје го додавате во амарантот само?
Здраво, моето бебе сега наполни 7 месеци. Има два оброка дневно, овошна каша и зеленчук со месо. Со тие два оброка прескокнување 2 АД млека. Млеко уште пие на 3 саати по 150 мл. Навечер цела ноќ се буди на 3 саати за млеко а откако му давам сега по 2 оброка се буди и порано од 3 саати гладен. Дали му е доволно ова млеко? И дали треба да ги зголемам оброците?
Има ли мајки со дечиња што одат на градинка од 9м и се на доење да ме посоветуваат . Во 7 кога стане цица после во 9ч доручек и спие е сега кога стане е на ред млеко ама во градинка по шо нема како да цица што да ми дадам ?? За ручек ми е рано , ужина ли давате ? Некое овошје ?
Ужинка на крај се воведува, откако ќе се воведат 3 оброци. Колкаво е бебе? Не му ја мисли за градинка од сега, ако е 1 оброк ваљда е 6 мес, до 9 ќе воведеш и ручек и вечера и кога ќе дојде градинка се ќе му е наредено.
9++ сме почнавме со адаптација, има 3 оброка ама до сега давав млако измеѓу , а сега незнам по шо ќе бара да цица и таму
Ааааа не сум разбрала... Епа дај му банана, јаболко, овошје нешто, таман ќе е. Или изротирај му како во градинка, ручек во 12.
Моево кога имаше два оброци само пиеше по 4 млека на ден, 2 по 180мл, едно 150мл и пред спиење 210мл. Ако сите млекца му се по 150мл тогаш можеби треба да накачиш количина, или пак ако е јадач поголеми каши да ручка исто.